Форумџии кои ја одбележаа 2013та

Статус
Затворена за нови мислења.

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Јас само да ве потсетам дека утре околу полноќ настапува „предизборниот молк“, така да, ако се премисли некој, имате уште ден фора да се искажете.
Без гужви само, сите ќе дојдете на ред. :D
 

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Dears,

ќе се обидам да кажам што релано бидејќи сум неколку месеци нова овде и искрено ми се допадна дружбата. Пред неколку години бев зачленета на еден многу добар форум, но за жал тој се исклучи од страна на админите...одтогаш се немам вклучено на друг, немав некоја желба за повторно online-дружба...по читањето редовни статии на crnobelo.com го забележав овој форум. Ми делувавте интересни па решив да си ја пробам среќата и не згрешив! Па затоа се надевам дека нема да ми се налутите, замерите ако не напишам за оваа година кој е како, за после да не менувам мислење овој вака требаше-оној онака :rofl kidding...само сакам да си продожам со вас да се дружам и се повеќе да ве запознавам хехе...најпред се' да се заблагодарам за многубројните номинации, Ви завидувам што за кратко време ме оценивте :D

your faithfully,
Змејче
(hug)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Се фатив за оро, праведно си е да го изиграм до крај.
Ајмо децо, (конечно) ова е прелиминарната (or not) листа.

Слободно пребројте си за себе, зашто од толку податоци и пребројувања, ако нешто не сум утнала, ќе барам диплома од економски.
Ако има некоја грешка во пребројувањето, однапред се извинувам, слободно пишете ми на профил или по порака, ќе препроверам и сменам. Да не ја полниме темата зашто после ќе е пекол за наоѓање и пресметување податоци.

Да не должам. Според 16 члена, низ 24 категории (овие најчестите) и вкупно 90 номинирани, листата со „поени“ е следна...

Најдобар мод/админ:
MissChievous 10, Electra 10, Saladin 8, Хоуп* 8, Sarah 5, Redhead 3
Најглупо чувство е да не знаеш дали да се пишеш „јас“ или со никнејм.

Најинтелигентен форумџија:
Saladin 8, Outrider 8, Electra 7, existence 6, Luckky 4, True_Blood 4, lady_blue 3, MissChievous 2, Хоуп* 2, Solstice 2, Хептаграм 2, Аркантос 2, melpomena 2, Abraxas 1, Selene 1, Redhead 1, Марија 1, Реми 1, Mameha 1, alba 1, Lillian 1, Mystique(Oleri) 1, TheKitten 1, Anakin 1

Најпозитивен форумџија:
parvati 9, Aleksis 5, JaMi 4, Kitty 4, The_Mayor 2, Solstice 2, Змејче 2, WomanInRed 2, violetmoon 2, 4fun 1, Anastasija 1, Trajche 1, Lady* 1, cakar_ulav 1, MissChievous 1, Sarah 1

Најобјективен форумџија:
MissChievous 6, Luckky 5, Saladin 3, ShakaZulu 2, lady_blue 2, Redhead 2, Аркантос 2, True_Blood 2, Electra 2, Sarah 2, Jackal 1, Outrider 1, foREVer 1, Хоуп* 1, Марија 1, Knife 1, alba 1, badgirl 1, melpomena 1, Mystique 1

Најактивен форумџија:
melpomena 10, TheQueen 9, Змејче 6, Aquarius 5, Aleksis 4, JaMi 2, Хептаграм 2, Хоуп* 2, Kitty 1, Црвена 1, Saladin 1, parvati 1

Најкреативен форумџија:
MissChievous 8, Sarah 8, Lena 5, Мортидо 3, Инкогнито 2, Electra 2, Luckky 2, Saladin 2, existence 1, Хоуп* 1

Најголем оптимист:
Lena 5, parvati 4, maja-maja 3, Sarah 2, Luckky 2, The_Mayor 2, Mameha 2, 4fun 1, Redhead 1, Aleksis 1

Најкомуникативен форумџија:
parvati 11, Aquarius 9, Aleksis 5, Trajche 2, Сара.13 2, WomanInRed 2, Хоуп* 2, JaMi 2, melpomena 1, Saladin 1, Outrider 1, Solstice 1, Arkantos 1, Knife 1, Kitty 1, |o$y(|-|0$0(|@l 1, cakar_ulav 1

Најдобар советувач:
Saladin 7, Luckky 4, embrace 2, Redhead 2, Mameha 2, lady_blue 2, badgirl 1, Аркантос 1, Хоуп* 1, maja-maja 1, Electra 1

Форумџија со најдобра смисла за хумор:
parvati 8, Outrider 7, Electra 7, The_Mayor 5, existence 2, Хоуп* 2, True_Blood 2, Solstice 1, alba 1, lady_blue 1, dystopian 1, JaMi 1, Aleksis 1

Најискрен форумџија:
Хоуп* 4, True_Blood 4, Solstice 4, Марија 3, alba 3, lady_blue 2, Farfalla 2, Selene 2, existence 2, Sarah 1, Aleksis 1, Lena 1, Electra 1, foREVer 1, LittleButterfly 1, Mameha 1, Сара.13 1, violetmoon 1, Искра 1, Bibi@ 1, Anasasija 1, Ана-Каренина 1, Mystique 1

Најфин форумџија:
Luckky 6, Sarah 5, maja-maja 4, JaMi 4, Kitty 3, LittleButterfly 3, Хоуп* 3, Saladin 2, Aleksis 2, Lady* 2, Марија 2, |o$y(|-|0$0(|@l 2, WomanInRed 2, Сара.13 2, violetmoon 2, street_chic 2, Mystique 2, ipopovski 1, badgirl 1, Anastasija 1, Aristokrat 1, Nighty 1, онјаЛ 1, lady_blue 1, Mameha 1, Redhead 1, Kisserboy 1, Змејче 1, Selene 1, Lena 1, Aquarius 1, parvati 1

Најзаљубен форумџија:
Photographer 11, Марија 5, crvenkapa 4, Lady* 4, Kisserboy 2, SaraFighter 2, Змејче 2, |o$y(|-|0$0(|@l 2, 4fun 1, Давор 1, Tantara 1, Mameha 1, WomanInRed 1, Luckky 1, JaMi 1

Најромантичен форумџија:
Аркантос 9, Lady* 2, Lena 2, Luckky 2, melpomena 1, badgirl 1, Tantara 1, Kisserboy 1, SaraFighter 1, Марија 1

Форумски/ка фраер/ка:
The_Mayor 8, Kisserboy 2, Гонзо 2, True_Blood 2, parvati 2, Outrider 2, Solstice 1, alba 1, онјаЛ 1, Trouble 1, Praetorian 1, Electra 1

Најмузичар:
Solstice 10, cakar_ulav 7, existence 4, Aleksis 2, Knife 1, antonio 1, Aristokrat 1

Филмохолик:
Knife 14, Хоуп* 13, Kitty 8, Saladin 3, MissChievous 2, foREVer 2, Змејче 2, Давор 2, Kaarikuto 1, Ice_Man 1, warr 1

Најголем читач:
Saladin 12, Luckky 9, Redhead 9, WomanInRed 3, Марија 3, Mameha 2, Аркантос 1, Bibi@ 1

Верен лајкувач:
antonio 3, existence 3, maja-maja 2, badgirl 2, Rosana 1, mspasenoski 1, DeeDee 1, Kisserboy 1, Lady* 1

Најголем сонувач:
Lena 9, Selene 4, Redhead 4, WomanInRed 4, Nighty 2, melpomena 1, Сара.13 1, Mameha 1, Аркантос 1, Photographer 1, Lady* 1, existence 1, maja-maja 1

Најмистериозен член:
melpomena 4, dystopian 3, Butterfly^^ 2, existence 2, Lena 2, True_Blood 1, foREVer 1, Реми 1, |o$y(|-|0$0(|@l 1, Farfalla 1, WomanInRed 1, warr 1, Aristokrat 1, Scars 1

Форумски поет/поетеса:
Luckky 13, Lena 12, Марија 8, Saladin 6, Инкогнито 5, Мортидо 2, lady_blue 1, Реми 1

Освежување за 2013:
Хоуп* 12, Aleksis 11, maja-maja 7, Outrider 5, TheQueen 3, Змејче 3, Mameha 3, Lillian 3, Photographer 1


Категориите на Мајорот ми зададоа потешкотии, но успеав некои да ги вклопам во веќепостоечките, така да, ако ве буни глас плус, од таму е.
За останатите кои се тук и таму спомнати, ако сакате можеме да ги додадеме кај некои членови. Да има за секој повеќе. :D

Како што гледате, ја наведов само статистиката, зашто, иако некаде е лесно да се одделат првите тројца, постојат и доста категории каде има премногу изедначености во поените и таму нема шанси да одделам само по тројца.
Затоа, давајте предлози како да ја средиме работава. :D
Да одиме според техниката како филмовите...да не се вртиме во круг со исфрлање и додавање? Да избереме да има минимум број на гласови за да се оди во наредниот круг? Да речеме...од Х члена што се изјасниле, барем 1/3 да пишале одреден член? Не знам, нисам паметна.
Че ве молам да гласаме, што би рекол Стојан Андов.

Тие што сте си пишале за себе, не ви се сметани гласовите. Сепак темава е како другите не доживеале, за себе секако си знаеме дека во сè сме нај нај. :zelen
Исто важи и онаму каде е напишано „сите“.

Готова сум. :pusi
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Да не ни пропадне темава, а и поради мојата несоница, си зедов за право да и помогнам на Електра која патем сакаше да ве има сите номинирани, па мислевме начин за да се гласа за сите номинирани, ама пошто ете не смисливме начин, а не дадовте ни вие никаква идеја, а да стварно не се вртиме во круг со гласање како со филмовите, ете јас ќе ги оделам членовите кои имале 5 и над 5 гласови во секоја категорија (освен во онаа каде гласовите се поделени на повеќе форумџии, таму ќе ги оделам форумџиите со највеќе гласови) како членови кои одат понатаму во вториот и краен дел на гласањето, а вие понатаму имате право да гласате само за еден член од дадените во секоја категорија. Мислам доволно фер!

Повелете гласајте си за својот фаворит од секоја категорија, а може и да напишете и кратка рецензија :zelen т.е зошто баш тој член заслужува да победи во категоријата каде што е номиниран.

Најдобар мод/админ:MissChievous, Electra, Saladin, Хоуп*, Sarah
Најинтелигентен форумџија: Saladin, Outrider, Electra, existence
Најпозитивен форумџија: parvati, Aleksis
Најобјективен форумџија:MissChievous, Luckky
Најактивен форумџија:melpomena, TheQueen, Змејче, Aquarius
Најкреативен форумџија: MissChievous, Sarah, Lena
Најголем оптимист:Lena, parvati, maja-maja
Најкомуникативен форумџија:parvati, Aquarius, Aleksis
Најдобар советувач:Saladin, Luckky
Форумџија со најдобра смисла за хумор:parvati, Outrider, Electra, The_Mayor
Најискрен форумџија:Хоуп*, True_Blood, Solstice, Марија, alba
Најфин форумџија:Luckky, Sarah
Најзаљубен форумџија:Photographer, Марија
Најромантичен форумџија: Аркантос, Lady*, Lena, Luckky
Форумски/ка фраер/ка: The_Mayor Kisserboy, Гонзо, True_Blood, parvati , Outrider
Најмузичар:Solstice, cakar_ulav
Филмохолик:Knife, Хоуп*.Kitty
Најголем читач:Saladin, Luckky, Redhead
Верен лајкувач:antonio. existence, maja-maja , badgirl
Најголем сонувач:Lena, Selene, Redhead, WomanInRed
Најмистериозен член: melpomena, dystopian, Butterfly^^ , existence. Lena
Форумски поет/поетеса:Luckky, Lena, Марија, Saladin, Инкогнито
Освежување за 2013:Хоуп*, Aleksis, maja-maja, Outrider

*За сите нус појави и незадоволства настанати после мојот пост ја превземам одговорноста, јас сум крива прифаќам критики, жалби и поплаки!
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
И еве ги и моите номинации:

Најдобар мод/админ: Сите ми се подеднакво заангажирани, активни и вредни, ама ете ќе се одлучам за Saladin. Секогаш тука да ми помогне за се нејасно во врска со моето модераторство, а верувајте имав многу прашања :D а и не џабе беше назначен и за супермодератор.

Најинтелигентен форумџија: Тука го избрав existence. Без разлика на се, дечково стварно има огромно познавање од секоја област и би му побарала мислење од тема градинарство или кулинарство, до квантна физика и настанок на светот.

Најпозитивен форумџија: Од Парвати и Алексис? Хм...
Aleksis, можеби и малце пристрасно, но таа ми е позитива и надвор од форумските граници.

Најобјективен форумџија: Luckky. Никогаш баш не сум прочитала да толку се занесе по своите мисли и ставови како што знаеме повеќето. Објективна, смирена и расположена за дебати со стил.

Најактивен форумџија: TheQueen. За неполн месец ги нареди повеќе од ако не се лажам 300 мислења. Глас за фамозните мандарини :D

Најкреативен форумџија: MissChievous! За нејзе мислам дека е тип на човек кој секојдневно црта, твори, уредува, прави нешто по дома, измислува свои оригинални идеи, само нешто постира интересно, а има и стил.

Најголем оптимист: Parvati дефинитивно. Никогаш ама никогаш нит се пожалил нит кажал нешто депримирачко или песимистичко. Секогаш насмеан, ведар и полн со позитивна енергија.

Најкомуникативен форумџија: Aquarius. Го гледам знае да се дружи со сите, некогаш ќе ти се пожали, некогаш ќе ти се пофали, а знае и да те насмее со интересна досетка. Битно го има низ муабети.

Најдобар советувач:Saladin. Некогаш и советите што ги напишал сум ги применила и кај мене иако не се однесувале за мене.

Форумџија со најдобра смисла за хумор: Outrider. Хумор на завидно ниво, мене ме смее во ама баш со секој пост. Два гласа :zelen (шала)

Најискрен форумџија: Кој не ако не човекот што еднаш одамна ми плесна во фаца дека сум како празна воденица или нешто слично што го симболизира отприлика тоа :D Solstice.

Најфин форумџија: Sarah. Слатка, позитивна, фина, како да ја гледам сега еве пред мене како трча насмеана од пост на пост со лелеаво фустанче :D Фина и коректна со сите!

Најзаљубен форумџија: Е тука имам најголеми проблеми да решам меѓу овие двајца.
Пошто за фотографот некако мислам дека не е толку заљубен колку што љубовта е неговата муза и инспирација за пишување, па мислам дека ја негува само да не секне изворот на зборови, ќе ја изберам Марија!

Најромантичен форумџија: Гласовите се на основ на она како јас ве доживувам, а Lena од номинираиве ми е најромантичарот.

Форумски/ка фраер/ка: Овој пат на страна моите проценки, пред фактите ќутат и боговите :D
Kisserboy, ни ги смува пола форумџики со гифтовине.

Најмузичар:Solstice. Песни, изведувачи, групи, концерти, инструменти, музички настани. Туто комплето. Во иднина можам и да го видам како одличен и посветен модератор во музика.

Филмохолик: Knife. Серии, ситкоми, документарки, сапуници, филмови... Се изгледал дури и по три пати, а го гледам и на фб де нешто објавува гледал ова она (и тој ко мене пустиот) :zelen

Најголем читач: Redhead. Нормално нели затоа ни е и таму модератор баш таа.

Верен лајкувач:antonio. Немам пост нелајкнат од него таму во хумор.

Најголем сонувач: Не ја знам доволно, но некако ми се издвојува со постовите. Кога ова не би било така, би било вака или онака, сонови на место, најчесто се согласувам. Иако се општи сонови, ете Selene.

Најмистериозен член: Што знам...
Нека биде dystopian. Можеби зошто најмалку не посетува од другите номинирани, па најмалку знаеме за неговите ставови.

Форумски поет/поетеса:Luckky дефинитивно. Продолжи девојко, се надевам ќе те читам некаде и надвор од тука.

Освежување за 2013: Aleksis. Многу отворени теми, поттикнати дискусии, освежување ем на форум, ем и во мојот живот :zelen

Повелете, ако не е во ред нешто бришете штурете правете, сега добра ноќ!



 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Уф, е сега ќе биде тешко... Сите што си ги номинирав во првиот круг се тука, и многу потешко ќе ми биде да издвојам само еден. Но ајде, ќе пробам.
Најдобар мод/админ: Electra
- Колку што јас колку толку можам да забележам, одлично си ја врши работата. Секогаш е тука да зачисти по темите, да среди, да објасни итн.
Најинтелигентен форумџија: existence
- Тешка беше одлуката помеѓу четворицата членови, но се решив за него. Мое мислење е дека човеков нема нешто за кое нема познавање.
Најпозитивен форумџија: parvati
- Мислам дека на сите ни е јасно зошто баш тој. Од почетокот на моето зачленување па до сега го мислам истово. Позитива невидена, секогаш насмеан и расположен а најважно од се е тоа што позитивно влијае и на сите нас.
Најобјективен форумџија: MissChievous
- Секогаш на сталожен и културен начин решава конфликти и недоразбирања.
Најактивен форумџија: melpomena
- Зарем треба да објаснам зошто. :) Активна на сите теми, отворање на многубројни теми, чет-муабети во секое време.
Најкреативен форумџија: Sarah
- Секогаш има идеи за било што. Изработувањето на накит, облека итн. го потврдуваат тоа.
Најголем оптимист: maja-maja
- Ваков впечаток за неа имам уште од кога се зачлени на форумов. Секогаш позитивно и оптимистички гледа на работите. Тоа не го може секој.
Најкомуникативен форумџија: Aquarius
- Го има насекаде низ форумот, дружељубив е, секогаш расположен за чет-муабети, а новите членови секогаш се пречекани од него.
Најдобар советувач: Saladin
- Секогаш е тука да даде некој совет за било што. Скршените срца во љубовна исповедувачница мислам дека најмногу се задоволни :) , но секогаш е тука да помогне на секого ако може, за било каков проблем.
Форумџија со најдобра смисла за хумор: Outrider
- Му го обожавам неговиот саркастичен хумор, ме има насмеано милион пати, и сакам да го читам.
Најискрен форумџија: Хоуп*
- Директна и без вртење оддоколу се поставува во темите. Без влакна на јазик си го кажува својот став, без грижа дали нејзиниот пост ќе доживее негодувања или бурни реакции.
Најфин форумџија: Luckky
- Смирена, културна, дружељубива... Според мене една од пофините тука.
Најзаљубен форумџија: Photographer
- Според неговите мислења во љубовните теми, не би можела да не го прогласам за најзаљубен. :)
Најромантичен форумџија: Aркантос
- Јас барем мислам вака. Што да кажам, неговите мислења низ темите кажуваат се' .
Форумски/ка фраер/ка: Kisserboy
- Бакнежите и гушкањата упатени за него во играчница не се туку така. :)
Најмузичар: Solstice
- Ми се допаѓа тоа што ја сака музиката и му е секојдневие.
Ми се допаѓа тоа што слуша квалитетна музика и знае да процени квалитет.
Ми се допаѓа тоа што има големо познавање за различни жанрови на музика и заради многубројните отворени теми од оваа област.
Филмохолик: Хоуп*
- Ако не она,кој? :) Секојдневно ги освежува темите за серии,филмови,емисии.. Мислам дека заслужено си е модератор во ТВ.
Најголем читач: Saladin
- Активноста во литературното катче, богатиот речник и многубројните предлози за книги го потврдуваат ова.
Верен лајкувач: antonio
- Ќе се повторам од претходно. Нема песна,виц или мисла на денот што тој ја нема лајкнато. :)
Најголем сонувач: Lena
- Затоа што сонува со отворени очи. :)
Најмистериозен член: melpomena
- Никогаш премногу не се отвара низ темите, мислењата и се секогаш со доза на резерва.
Форумски поет/поетеса: Luckky
- Пишува со многу искрени чувства, толку убаво и обожавам да ги читам нејзините творби.
Освежување за 2013: Хоуп*
- Активноста, многубројните теми и размислувања го освежуваат форумов. Убаво е кога има вакви членови.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Ајде да видиме сега што ќе направам јас :) Ќе се обидам надолго да опишам зошто сум се одлучил за одреден член.
Најдобар мод/админ: Electra
- Морам да признам дека овој пат ми беше тешка задачата. Премногу се двоумев помеѓу Electra и една друга од номираните, но сепак на крај ја избрав неа, од проста причина, што...
Админите и модераторите застануваат и проповедаат како пред обичните луѓе нешто што треба да се почитува. Најдословно се придржува кон правилата што ги проповеда само Electra.
Најинтелигентен форумџија: Saladin
- Оној кој што јас го сметам за најинтелигентен на овие простори за жал веќе не е во номинираните, па затоа го избирам Saladin, затоа што неговото мозоче сепак тежи, неговите мислења секогаш се интересни за читање, некогаш можеш да научиш нешто ново, некогаш можеш да сфатиш дека со некои погледи си бил во заблуда или пак не си бил доволно сигурен во своето убедување.
Накратко, тоа што ме натера да го изберам него меѓу номинираните е тоа што својата интелигениција ја покажува преку пишување мислења, а не преку наметнување на свој сопствен став дека е страшно талентиран или нешто слично.
Најпозитивен форумџија: parvati
- Убедливо незаменлив позитивец на форумов. Тој негов дијалект што ме живцира, а мислите што ги пишува и што ме смеат до стомачна болка ме натераа да го изберам без двоумење.
Најобјективен форумџија: /
- Се извинувам што нема да дадам глас за оваа категорија, мојот фаворит испадна, а номинираните не ги познавам доволно за да кажам колку многу се тие објективни.
Најактивен форумџија: melpomena
- Статистиката говори :) Уште да можеа да се бројат мислење од чат муабети и слични теми.... Ќе се расипеше бројачот кај мислењата од мелпоменче:giggle
Шала на страна, покрај тоа што има многу мислења, меѓу нив се наоѓаат и оние со длабоки мисли, премногу квалитетни, па тоа некако ме тера да ја набројам како најактивна, да беа сите нејзини мислења само линкови, дефинивитно колку и да броеа нејзините мислења немаше да ја изберам.
Најкреативен форумџија: Sarah
- Не знам зошто. Едноставно и првиот пат кога ги номинирав, помислувам на креативност и директ девојчето ми доаѓа на глава, па и овој пат истото.
Најголем оптимист: parvati
- Чим е позитивец, нормално е да биде и оптимисит. :)
Најкомуникативен форумџија: Aleksis
- Оддамна зборував со девојчето, ми се допадна како формира мисли, како го продолжува разговорот. Па од номираните само кон неа ме влечеше...
Најдобар советувач: /
- Од номираните ниту еден ме нема ниту советувано, ниту пак имам видено/прочитано како советува. Знам дека е против правилата, но не ми дава срцето да не кажам Лејди Блу според мене е најдобриот советувач, не што постои на формуов, туку што постои на светот. Кога таа ми укажува на некои грешки што ги правам во животов ми кажува работи што ми остануваат во глава со години. Секогаш ќе ја помнам нејзината реченица пред некоја година, кога се двоумев нешто... се испостави дека била во право.
Форумџија со најдобра смисла за хумор: parvati
- Нема што тука да се зборува :)
Најискрен форумџија: Марија
- Затоа што ми влева доверба секоја реченица што ми ја кажува.
Најфин форумџија: Sarah
- Оти е слатка кога зборува, слатка кога критикува, интересна кога се изјаснува по некоја тема :)
Најзаљубен форумџија: Марија
- Ова по стара слава :) За сега не знам :)
Најромантичен форумџија: Lena
- Некоја многу поинаква романтика од онаква каква што јас ја гледам пред моите очи, но, морам да признам дека ми се допаѓа. Премногу приземјена, интересна :)
Форумски/ка фраер/ка: True_Blood
- Ради што фактите зборуваат :) Ми се чини дека и првиот пат само неа ја номинирав за местото од проста причина што не ѝ постои конкуренција :)
Некогаш помислувам да ѝ се пуштам :) Ме бендисува ептен :)
Најмузичар: /
- Не ги следам.
Филмохолик: Хоуп*
- Базирајќи се врз темите за филмови што ги има отворено, мислењата што претежно ѝ се на таа тема.
Најголем читач: Redhead
- Поради што читачот не се препознава по насловите книги што ги има прочитано. Оној што има читано многу, но само колку да може да каже дека прочитал еден наслов плус има празнина во својата душа, несигурност кога зборува за некоја книга. Кога ќе го прашаш дали била добра или лоша книгата ќе ти зборува за сторијата. Сепак, добрата книга не ја прави сторијата - тоа е последното нешто. Една книга може да има фантастична замисла, приказна, а да е прикажана со многу лоши зборови и убавината на приказната ја одвејува ветрот.
Redhead не е дел од овие читачи, дури и да прочита една книга во 10 години, пак ќе биде најголем читач, затоа што ги чита книгите на вистински начин - им ја бара душата, а тоа е вистинскиот читач - компетентниот читач.
Верен лајкувач: maja-maja
- Секој ден имам еден лајк од девојката, ако еден ден прескокне, следниот ден имам два или три :)
Најголем сонувач: Redhead
- Оној што добро ги разбира книгите, сепак има многу добро развиена фантазија.
Најмистериозен член: melpomena
- Затоа што сѐ што знам за неа, знам од што другите се добри во „рекла - казала“ во нејзините постови не се чита ништо за неа, освен она што можеш да го сфатиш меѓу редови.
Форумски поет/поетеса: Марија
- Од номинираните без размислување ја бирам Марија затоа што ми се допаѓа начинот на кој што пишува. Сакам јас празнење на душа преку стихови :)
Освежување за 2013: maja-maja
- Затоа што ни се придружи на загрозениот вид: повозрасни членови на форумов :)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
И толку од „да не се повторува ист член на повеќе места“. :D
Нема везе, листата налага така, ама ај, ќе пробам да си стојам на првичната идеја.

Најдобар мод/админ: /
Ко и првично, мене за оваа категорија ќе ми простите. Причините веќе ги имам наведено.
Најинтелигентен форумџија: existence
Можеби и најтешката категорија за бирање. Овие тројца момци се исклучително паметни и секогаш спремни да дискутираат за било што. Едни од ретките кои секогаш ги читам зашто знам дека не измислуваат топла вода и не се лигават, туку дискутираат онака како што доликува. Но, се одлучив за Егзистенс бидејќи го знам и лично, па знам за неговиот капацитет, идеи и размислувања.
Најпозитивен форумџија: Aleksis
Алексис ја избирам овде бидејќи ми остава впечаток на ептен ведра личност. Отворена е, друштвена, знае да ги расположи оние со кои муабети, знае да смири топка кога треба, а тоа е и повеќе од потребно за позитивна атмосфера.
Најобјективен форумџија: MissChievous
Сталожена девојка што си ги гледа своите интереси и никогаш не сум ја сретнала да негодува за мислења поразлични од нејзиното. Браво.
Најактивен форумџија: Змејче
Знаев дека ќе пропуштам категорија, таква поспана. Сори. Змејче, затоа што, за релативно нов член, кој, чинам, од скоро не дружи поактивно, самите резултати говорат за нејзината активност. А другите, искрено, потфрлија малку. (wasntme)
Најкреативен форумџија: Sarah
Не знам како воопшто сум ја пропуштила претходно. Тече креативноста од неа. Дали ќе е накит, нокти или форумска тема, знае Сара да остави свој белег.
Најголем оптимист: parvati
Жичко кумановска. :zelen Откачено и живо човече. Кај него нема црнила и свесен е дека за сè има лек и сè е минливо. Му ја сакам детската безгрижност!
Најкомуникативен форумџија: Aquarius
Знае да се (с)најде во муабет со секого, без разлика дали се работи за поозбилен член/тема или не, и секогаш прави новите да се осетат добредојдени.
Најдобар советувач: Saladin
Кај Саладин ептен ми се допаѓа објективноста која ја поседува. Додека се водат борби кој ќе испадне покреативен со исмевање, тој знае да го разгледа проблемот од секоја точка и да даде совет онаков каков што се бара, без многу заобиколувања, осудувања и/или розови очила.
Форумџија со најдобра смисла за хумор: Outrider
Мастермајнд! Перфектно саркастичен и болно-искрен хумор собран на едно место. Плус ми наоѓа ептен слатки симпатии. :D
Најискрен форумџија: True_Blood
Потпис и печат! Искреност е Блад кога ќе си помисли дека некој тупи и замара (пример од ракав), и тоа ќе го каже токму со тие два збора, а не со сонети за собирање лајк од истомисленици што не сакаат да се мешаат, кои пак на крај ја имаат истата поента - дека некој тупи и замара. Ево рука! (handshake)
Најфин форумџија: Luckky
Смиреност и памет. Редок примерок што не се напнува да се експонира, а е сеприсутна со некој свој шарм што ги прави дискусиите пријатни.
Најзаљубен форумџија: Photographer
Чиста душа која не го крие она што го чувствува. И ти, пријателе, си редок примерок кој заслужува подеднакво иста друга половина.
Најромантичен форумџија: Аркантос
И тука потпис и печат. Жив доказ дека романтиката не е изумрена и дека може да е многу покреативна од исклиширана црвена роза во уста.
Форумски/ка фраер/ка: The_Mayor
Дека има шмек - има, дека знае да се дружи и да те изнасмее здраво - знае. Фул пакет си е Мајорот.
Најмузичар: Solstice
Секоја чест, момак. Настрана што лично ме радува кога ќе наидам на слични музички вкусови, чинам и пола форум заедно немаме толкави познавања како него. Што највеќе ми се допаѓа, е шареноликоста на жанрови кои ги почитува, без поделби и предрасуди.
Филмохолик: Knife
You name it - he's already seen it. Пошто категоријата е „филм“, Оскарот дефинитивно ми оди кај него.
Верен лајкувач: antonio
Не штеди на лајкови во темите што го интересираат. Кратко и јасно.
Најголем читач: Redhead
Начитана девојка, и тоа со вкус. Пример за тоа како се ужива во едно дело, и краен контраст на сите оние што пролистале некое книже од помодарство.
Најголем сонувач: Selene
Кога ја нема - ја нема, ама кога ја има, надополнува за сето отсуство. Ми се допаѓа реализмот во нејзините замисли т.е. ми се допаѓа што сонува за човечност и свет без оние работи кои знаат секого да го изиритираат.
Најмистериозен член: Lena
Позитивно-чудна девојка со огромно духовно богатство скриено во себе, во кое знае да ни дозволи да ѕирнеме онолку колку што таа сака да ни открие.
Форумски поет/поетеса: Марија
Ѝ ја сакам искреноста и играта со зборови. Една од ретките која може она што го замислила, да го отслика со зборови доволно јасни за било кој од нас да може да ги изрежира во својата глава.
Освежување за 2013: Хоуп*
И покрај тоа што секое освежување е добредојдено, она што ја двои неа се сестраноста и интересот да напише нешто повеќе од поздравчиња и фамозната една реченица која го одговара „да/не“ прашањето во воведот на една тема. Темите кои ги има отворено и раздвижено, само го потврдуваат тоа.

Едит: Да не трупам, не знам кај да пишам, па ќе се самоедитирам. Saladin, ќе си го земам поенчето, ама во категоријата за најобјективен избери си помеѓу MissChievous и Luckky зашто во хм...„финалево“ се само оние што имаат над 5 поени во една категорија. Со моите 2, јас ојдох одамна. (nod)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Најдобар мод/админ:
Иам свето тројство тука кое го движи и „контролира“ форумот кон побрзите води, така да исто како Електра, не спомнувам. Кај мене се должи на неодлучноста бидејќи сите три одлично си ја вршат работата.
Најинтелигентен форумџија:
existence. Зошто? Затоа што има широк дијапазон на познавања. Единствена штета што неговиот инает може често да ја засени така што за некои би изгледал сосема спротивно од другата страна. Треба да го знаете човеков.
Најпозитивен форумџија:
Alexis. Позитивноста никогаш не ја окарактеризирам со розевите наочари, туку повеќе со отраканоста. Дури и во смисла на кавги секогаш има вметнување на доза на хумор.
Најобјективен форумџија:
Electra. Затоа што и како модератор веднаш ја согледува грешката, и како член е на иста бранова должина со сите. Не завзема страни, нити измислува такви заговори.
Најактивен форумџија:
Во последно време? Змејче. Ама апсолутно во последно време ја гледам секаде пишува. Не станува збор за спам туку за лични ставови.
Најкреативен форумџија:
Miss chiveous. Се мислам дека претходно работно искуство и` е од Electronic Arts при дизајнирање на Sims 3. Едноставно има вкус кон естетика, точна подреденост, ништо сувишно не додава, ништо не одзема.
Најголем оптимист:
Парвати. K`д му се цура појави пред њега он кажуе - Прва-ти. И очекуе резултате, двојку сас гол-у-гол. :D
Најкомуникативен форумџија:
Aquarius. Редовен е да ми искоментира статус, си ја отвора душата во СДК, не се срами.
Најдобар советувач:
Redhead. Нон стоп ме потсетува дека сум супермодератор.
Форумџија со најдобра смисла за хумор:
Outrider. Кажав и ќе кажам суптилен/двосмислен/интелигентен хумор некако повеќе ми е на цена.
Најискрен форумџија:
Штета не ми текна за I wanna fly, тука би ја ставил, но доцна е. Од номинираниве ја ставам Марија. Љубовната исповедувачница (иако сега малку поретко) просто „крцка“ од нејзините мислења. Би ја ставил во најзаљубени, но иако љубовта и искреноста одат заедно, сепак едното треба да потегне поголема иницијатива само од неколку пишани збора.
Најфин форумџија:
Фин ко из финске? Sarah. И како супермодератор со најголем стаж, чудно е за нејзината релативна младост да има толку челични живци да не` трпи сите тука.
Најзаљубен форумџија:
Photographer. Тој едноставно ја одсликува својата идеална љубов, ја бара и ја пронаоѓа некаде таму.
Најромантичен форумџија:
Аркантос. Неговата класична романтичност бара на цена еден вид на хармонија. Иако за мене романтичноста повеќе отсликува state of mind and heart together.

Форумски/ка фраер/ка:
The_Mayor. Му фали и близнакот за да идат двајцата у дует. Нема да знам после кој е едниот, кој другиот.
Најмузичар:
Solstice. Као за релативно млад човек има доста попрефинет и израфиниран вкус на музика. Самоуко добро наштелувано уво.
Филмохолик:
Хоуп*. Ме напна на ФБ со статусите "is watching" :D. Ќе измислам нов fb-глагол - is hoping :D. Шега на страна, тоа што ми се свиѓа е што апсолутно све гледа. И не се срами за својот вкус.

Најголем читач:
Шо бе ја? На жими таквото. Пак ќе кажам Redhead. Што, како, зошто, колку, каде, си знаат кафињата испиени, прошетките низ парк, картичката за библиотека, Магор, Или-или, Табернакул... Дури и Кинд`л -от шо не е нејзин ама си го користи. :D
Верен лајкувач:
antonio. Треба да му се додели модераторство на Хумор и сеир.
Најголем сонувач:
Lena. Мислам дека е стрелец во хороскоп :D. Таков сонувач не се раѓа во реалноста туку во сништата, посебно во оние за кои најмногу се копнее.
Најмистериозен член:
dystopian. Го знам и од другде, секогаш се убацува во кључни теми, пишува став на место и време, и после исчезнува. Hunnic tactics to storm the audience.
Форумски поет/поетеса:
Luckky. Додуша Лаки во многу претходни категории ми се провнуваше, но тука би сакал да ја спомнам како milestone на форумов. Долгите текстови не секогаш значат натрупани зборови без врска. Како што имам омилен македонски релативно свеж писател а тоа е Гоце Смилевски, така ја имам Лаки како форумски писател. Едноставноста и блискоста кон публиката, но од друга страна комплексноста и речитоста во нејзиното изразување ми се клучен фактор за секое нејзино прочитано дело.
Освежување за 2013:
Од освежувањето сите што се спомнати се голем плус за форумов, како што беше за модераторите, така и тука сум на сто ума и не можам да се одлучам дали да ја ставам Хоуп за нејзиниот придонес највеќе во светот на филмот, или Алексис, за вечната стража во доцните часови каде го држи форумот во висок дух, или па Outrider, за неговиот притаен интелект, или па Маја-маја за нејзината честа присутност во психолошко-љубовните теми.... Многу тешка одлука.

Edit после Edith (кај Електра)
Е па тогаш го доделувам второстепениот глас кај Лаки.
 
Статус
Затворена за нови мислења.