Што е поврзаноста на сликиве и препишувањето?
Демек жирафата препишува од магарето или тој од неа?
Не е долна работа препишувањето,и од тоа се учи нешто што ке ни користи во животот...Снаџи се па преживи...
Јес да не сум се гордеала со себе кога сум препишувала но признавам,препишував,но не од ливчиња,тетратка или книга.
Директно од некоја од школските со која сум се паднала во иста група.
На факултет само еднаш,и тоа по ОНО.
Професорот само што ги издиктира прашањата и ни рече..па ајде,што не ги извадите книгите.
Секако не ја извадив одма,дури почекав и едно половина час да се осигурам дали намерно рече така,за да не ако некој навистина ја извади да му го земе тестот.Но напротив,остави сите да препишуваме.И покрај тоа,замислете имаше некои што положија и со 6ка...значи некој џабе е на факултет кога ни за препишување не го бива,ама ке плати татко му,а подоцна во животот ке му купи фотокопир.