Во средно препишував ама само кога можев, обично си учев.
Во 3 и 4, македонски на писмени препишував, само ќе си направев состав со темите шо ќе ни ги дадеше професорката.
Препишував хемија, последна клупа седев, скоро на никој тест немав салам научено, онака само ќе разлистав да знаев што каде е за да знам кај да отворам, и го оставав учебникот под клупа и така си го отварав и си препишвев.
Француски, исто, тапа сум, до душа скоро никој од генерацијата, море општо во цела гимназија салам не знае француски, ни самата не знам како ама извав на тестојте 4 и 5.
Физика немаше шанса да се препише, затоа салам си учев, математика обожавам и добро си се подготвував ама затоа морав и на други ученици да им решавам некое задачи, колку за 2 или 3, биологија исто немаше шанса да се препишит, затоа исто овој предмет го учев, бизнис со учебникот под клупа си препишвев иако седев прва клупа, гајле ми беше. И толку ми теквит, до душа само македонски и хемија активно препишвев, француски ретко правевме тест, бизнис не го сметам дека само една година учевме и еден тест имавме.
На факултет не се осмелувам да препишувам, добро де освен аналитичка, каде колешка ми го крена колоквиумот за да препишам една задача, и статистика ова не го рачунам како препишување дека не ни препишав ама во амфитеатарот кај што полагавме можев да сликам се` што пишува колешката, то е око соколово, и така само си прегледував дали ми е точно, солидна студентка е.