Сум забраел како се препишуе. Седмо, осмо, прва и втора растурав. Запишан сум у економско и у трета ми се погодија предметите. Све со бројке, книжење и пресметуење, тоа што ми лежи на душа. Немав потреба. Теорија колку што имаше, ја учев. А сега дојдов до четврта, пак све и само теорија. До сега учев, ама денеска смо имале тест (на пола тема), ама ја кој знае кј сум бил со паметов кој кажуел професорот.
Што да се прае, мора да се вратим на стариот занает. Ги искинав листојте од скриптата и ги спремив за препишуење. И таке ништо не знаем, па идем или на кец или на петка (не се задоволуем со 3 или 4). Дојде професорот на час. А он е еден од строгите професори, на кој никој му нема храброст да му препишуе. Ако некој проба, на почеток го фаќа и свите (што ида на препишуење) се откажуаа и ги предаваа тестојте.
Ја ваѓам еден листојте и наоѓам тоа што ми треба. Ама како што пишав и погоре, сум забраел како се препишуе. Почна да ми чука срцето, да ми се тресе ногата, 3 пута ми падна пенкалото од рука... Се сцрвив и одма сум сомнителен, све мене ме гледа.
Неопишливо е чуството кој сам ќе се стабилизираш, ќе се контролираш. Длабоко дишење на нос, а испуштање на уста. 2 ипол минута, доста са и тоа е тоа. Растурив, како у добрите стари деноој.