Препишување

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,090
1,093
Скопје
Кога имам шанса си препишувам. Морам да си се пофалам,почнав да читам и од уста,една колешка зборче по зборче јас пет прашања си одговорив на последниот колоквиум (wasntme)
Утре пак полагам и не сум баш спремна,па решив да си напишам нешто на клупа,ваљда ќе успеам да ѕирнам нешто :sram
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hkakashi

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Ретко препишувам(в), ама кога го правам тоа... е тоа ти е елеганција. На сите можни начини можам, без потресување, никако eye-contact со професорот.
Во последниве 2 години дали два пати имам препишувано, некако поисплатливо ми е да седнам да научам. Ако не научам не ни одам да полагам, а ако е некој по лесен предмет се вадам со кажување.
Нешто не можам да се думам како да го извадам ливчето, или дали ќе ми испадне слушалката. Вака ми е пофино на некој начин.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Морам да признам дека у последњо време ме мрзи да се спремам, па отиду такој, ако ми кажев нешто..
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Во средно препишував. Не да препишував - се здробував од препишување. Посебно по хемија и физика.
Немав друг излез. Ама не препишував од деца, туку на ливче ги запишував формулите некој примери на реакции. Седев заедно со сестра ми. Таа ги прекрстуваше нозете и ливчето го ставаше така јас да можам да гледам, а професорот да и’ ги гледа прекрстени нозете. Ливчето се гледаше само ако би седнал тој на мое место. И така си препишував.
А на факултет. Не. Немав потреба. Одбрав факултет што ми лежеше на душа и немав желба да оставам не научен некој дел.
 

warr

Староседелец
17 февруари 2012
187
214
643
Тетово
Сум забраел како се препишуе. Седмо, осмо, прва и втора растурав. Запишан сум у економско и у трета ми се погодија предметите. Све со бројке, книжење и пресметуење, тоа што ми лежи на душа. Немав потреба. Теорија колку што имаше, ја учев. А сега дојдов до четврта, пак све и само теорија. До сега учев, ама денеска смо имале тест (на пола тема), ама ја кој знае кј сум бил со паметов кој кажуел професорот.
Што да се прае, мора да се вратим на стариот занает. Ги искинав листојте од скриптата и ги спремив за препишуење. И таке ништо не знаем, па идем или на кец или на петка (не се задоволуем со 3 или 4). Дојде професорот на час. А он е еден од строгите професори, на кој никој му нема храброст да му препишуе. Ако некој проба, на почеток го фаќа и свите (што ида на препишуење) се откажуаа и ги предаваа тестојте.
Ја ваѓам еден листојте и наоѓам тоа што ми треба. Ама како што пишав и погоре, сум забраел како се препишуе. Почна да ми чука срцето, да ми се тресе ногата, 3 пута ми падна пенкалото од рука... Се сцрвив и одма сум сомнителен, све мене ме гледа.
Неопишливо е чуството кој сам ќе се стабилизираш, ќе се контролираш. Длабоко дишење на нос, а испуштање на уста. 2 ипол минута, доста са и тоа е тоа. Растурив, како у добрите стари деноој.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hkakashi

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Препишував и во основно и во средно и на факултет исклучиво на предмети кои ми биле и се’ уште ми се одбивни и никогаш не ми пројавиле интерес ...а инаку за другите чесно си ги заслужував оценките...ама не може за се’ да те бива и се’ да те интересира, па мораш да импровизираш...
А инаку многу вешта бев во препишувањето, дури некогаш и сама себеси се изненадував...:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Давор

toni-bitola

Нов член
14 февруари 2012
1
0
1
34
Битола
Сум препишувал од 6то одделение па се до апсолвент на факултет. Фала богу, со усул. Али еднаш во 8мо одделение по математика, си имав напраено формули за препис, се продаваа едни дебели пенкала со капачка, и по должината на пенкалото исеков правоаголнк, а ливчињата за препис ги залепив на фломастер и ставени внатре во пенкалото. (незнам дали имате претстава како) и едноставно си ги вртев формулите без никој да сети дека препишвам.... во глобала, ме немат фатено и горд сум на тоа :)
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Единствено што успеав еднаш да препишам беа формули по математика на факултет, ги изгравирав во дигитронот со шестар :rofl, нема шанси да ме промашиш ако сакам да препишам - најцрвена во фацата од цел амфитеатар ахха , е не ме бива се имам пробано ама не ме бива.
 

Kanasai

Полноправен Член
8 мај 2013
38
19
8
27
Значи до сега на СЕКОЈ можен тест сум препишувал. На СЕКОЈ можен тест. Не ме фатиле ниту еднаш до сега, имам препишувано од мобилен, лифчиња (скриени на секој можен дел од клупата, столот, палтото, панталоните...) Имам седено на секоја клупа и ме немат фатено :igra А верувам нема ни да ме фатат хаха...
 

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
30
Не си бил ученик/студент ако немаш препишувано. И тоа е дел знаењето, начин да се снајдеш. препишувам кога ептен не сум можел/не сум имал време да го научам материјалот.И имам заклучено дека некои работи на пример мора да се поминат со препишување, такви се по природа што никој нормален неможе да ги запамти повеќе од 1 месец без да ги повтори и веројатноста дека некогаш ќе ти затребаат е 0.0001 проценти.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mameha and JaMi