Препишување

NEPOBEDLIV

Истакнат Член
5 март 2012
288
412
63
Препишувам бе јас маме му е**м, малку подобро ко ќе размислам никош не ми пишале кец ради препишување ниту пак ми зеле тест.Си прашувам кај другарчето како што, и ко ќе дојде наставникот му викам на другарот „брат, после ќе му речам јас, кон 3 сатот“ демек за нешто друго зборуваме и така натаму... :D
 
WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
До сега никогаш. Сум презапишувал предмети ама никогаш нема да препишувам. Јас го сметам тоа за долна работа, а и башка не сум отишол на факултет за да препишувам туку за да студирам и да научам нешто. Не глеам корист од препишување.
Потполно се согласувам со тебе :)

Никогаш досега не сум препишувала не ме бива за такви работи.
 
Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Сум препишувал, но ретко. Памтам во основно математика формули имав препишувано и француски некои зборови.
 
Јована

Истакнат Член
20 април 2012
144
311
63
Морам на секој тест да преписувам инаку не сум жива.
Но за среќа никој до сега не ме фатил.:)
 
Foxboro

Староседелец
16 јуни 2012
716
1,479
693
Pripyat, Ukraine
..................препишување.............посебно француски-најмерак имам за препишување....и хемија.....зошто сакав на бабата да и покажам дека ме бива хемија......а за другите предмети сум препишувал да си бидам искрен
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
978.jpg
cheat-on-exam-12.jpg
Што е поврзаноста на сликиве и препишувањето?
Демек жирафата препишува од магарето или тој од неа?(wasntme)

До сега никогаш. Сум презапишувал предмети ама никогаш нема да препишувам. Јас го сметам тоа за долна работа, а и башка не сум отишол на факултет за да препишувам туку за да студирам и да научам нешто. Не глеам корист од препишување.

Не е долна работа препишувањето,и од тоа се учи нешто што ке ни користи во животот...Снаџи се па преживи...
Јес да не сум се гордеала со себе кога сум препишувала но признавам,препишував,но не од ливчиња,тетратка или книга.
Директно од некоја од школските со која сум се паднала во иста група.
На факултет само еднаш,и тоа по ОНО.
Професорот само што ги издиктира прашањата и ни рече..па ајде,што не ги извадите книгите.
Секако не ја извадив одма,дури почекав и едно половина час да се осигурам дали намерно рече така,за да не ако некој навистина ја извади да му го земе тестот.Но напротив,остави сите да препишуваме.И покрај тоа,замислете имаше некои што положија и со 6ка...значи некој џабе е на факултет кога ни за препишување не го бива,ама ке плати татко му,а подоцна во животот ке му купи фотокопир.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Што е поврзаноста на сликиве и препишувањето?
Демек жирафата препишува од магарето или тој од неа?(wasntme)

Не е долна работа препишувањето,и од тоа се учи нешто што ке ни користи во животот...Снаџи се па преживи...
Јес да не сум се гордеала со себе кога сум препишувала но признавам,препишував,но не од ливчиња,тетратка или книга.
Директно од некоја од школските со која сум се паднала во иста група.
На факултет само еднаш,и тоа по ОНО.
Професорот само што ги издиктира прашањата и ни рече..па ајде,што не ги извадите книгите.
Секако не ја извадив одма,дури почекав и едно половина час да се осигурам дали намерно рече така,за да не ако некој навистина ја извади да му го земе тестот.Но напротив,остави сите да препишуваме.И покрај тоа,замислете имаше некои што положија и со 6ка...значи некој џабе е на факултет кога ни за препишување не го бива,ама ке плати татко му,а подоцна во животот ке му купи фотокопир.

Со снаџи се па живи не се оди напред. Еве си завршува (пример земам само) градежен факултет со препишување, има солиден просек (ама препишувал и нема доволно познавање на она што го студирал) и го земаат на работа. Ако човеков поим нема од статика и јакост (и оти нели тие им се едни од потешките предмети, ги препишал) го жалам тој што го најмил да му гради куќа или нешто повеќе. Кога ќе му се руши градбата што ќе каже, „Снаџи се па живеј“ така ли ќе му каже?

А тоа дека е долна работа јас си тргнувам од следново. Си се запишал на факултет и си отишол да студираш, да проучиш одреден материјал од дадена област и да се стекниш со одредено знаење. Ај кого лажеш кога препишуваш, професорот? Не, се лажеш самиот, затоа што си инвестирал во себе за да научиш но не го правиш тоа. Јас знам дека никогаш ама баш никогаш нема да препишувам нити пак некогаш сум препишувал во животов. Препишување е срам за некој кој добил статус академски граѓанин, барем за мене.
 
Епа јас сум срам,имам препишувано.
А снаџи се па живеј не важи за снаџи се и препиши ги сите испити,па ни пола па ни осмина.Но на секого може да му се деси,и не сметам дека ради еден испит па и два препишани,дека ке гради такви објекти што ке се срушат врз нечија глава.И онака ретко кој оди со стопостотно научен материјал.Ако некој отишол на истит со ненаучени 30 страни од 1000 и не му се погодат тие на испитот,значи имал срека но не значи и дека заради тие 30 страни ненаучени,некому ке му изгради кука која ке се сруши.
А исто му се фака,дали тие страни не му се паднале или му се паднале па ги препишал.И во двата случаеви исто ко да преишал само во достоинството е разликата.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Во основно, препишував премногу. Не го сфаќав ни најмалку сериозно школото, гледајќи наназад, сфаќам дека не сум го сметала како важна работа, како да сум идела само за да сум се дружела со соучениците.
Средно веќе друга приказна, иако мислам дека најголем удел имаше самата гимназија, односно, од што беше премногу строга и стегната не препишував премногу. Единствено, хемија препишував секој тест од таа позади мене, зошто мразев хемија и не немав појма ништо.
А на факултет, ми се има случено да препишам некоја година. Особено по еден предмет, што го имав во сите години, ми се случуваше да ми бидат годините хаос во паметот, па да си запишам некоја на клупа.
Во глобала, многу ме нервираат луѓе што препишуваат. Кај мене во мојата мала група од 15ина луѓе, само јас и уште еден двајца имаме искрено добиени оцени, иако оние кои препишуваат имаат повисоки од нас. Мислам дека не е фер кога другите препишуваат, иако ќе рече некој, кој ти е крив ти што не препишуваше, јас си се снајдов битно. Сериозно, која е поентата? Да имаш диплома еден ден? Па и поспоро и потешко да ти иде без препишување, еден ден ќе го завршиш факултет, и најважно од се, со знаење. Зошто воопшо фрлаат пари ако не учат, ај кога времето што го трошат не им е важно... И најлошо од се, дрски препишуваат со цели големи листови и тетратки, јас се чудам како некој немаат фатено. :nah