Не. Никој досега што умрел не се појавил на интернет да ми пише.
Па ако одат во рај и ако таму има се’, зашто нема и интернет па да се пофалат, да знаеме што и како е таму?
Шала на страна, бесмислено ми е да верувам.
Тоа ти е измислена приказна за утеха. Умрел човекот, па ај да не изгледа сурово што ќе скапува во земја, ќе кажеме дека ќе оди на подобро место, а оној што им направил лошо ќе гние во пеколот и демек правдата задоволена, ѓаволот ќе му наплати за она што народот не можел. Булшит.
Умираш, ти идат 100 души на блага пченица и ручек за душа, у меџувремену го оговараат оној кој носи боја поразлична од црна, си одат дома, направат уште 2-3 реда муабет и крај. Телото останува да гние.
Тоа е она што сите го знаеме и е факт. Се’ друго што никој досега не видел, а го тврди, е само претпоставка и верување.