Jurassic World (2015)
Не сум голем фан на Jurassic филмовите па така и отидов да го гледам филмот без никакви посебни очекувања, освен лесна забава. Што барав тоа и добив така да не можам да се пожалам. Филмот е добро возење и некои од сцените во кои главните јунаци се во близок контакт со диносаурусите ќе ве држат на работ на столчето. Ако барате филм за пуканки и забава, ова е тоа.
Сега, како и на секој блокбастер и на овој може да му се најдат многу маани. Главниот лик Овен, (Chris Pratt, Guardians of the Galaxy) е некоја мешавина од Индијана Џонс и Рик О'Конел од Мумија. Што е сосема во ред, но еден проблем на поновите холивудски филмови е што не оставаат многу простор за запознавање со главните ликови, период од филмот кој е потребен за публиката да воспостави емотивна врска со ликот и понатаму да се поистоветува со истиот. Во последно време најчесто гледаме една мала воведна сцена и потоа веднаш се тргнува со акцијата. Женскиот главен лик Клер (Bryce Dallas Howard) е еден од полошите женски ликови што сум ги видел во авантуристички филмови. Хемија помеѓу двајцата актери скоро и да нема.
Но, кому му е гајле за ликовите, нели? На страна од ова имам забелешки и на делови од приказната кои Миле од К-15 би ги опишал на кратко со еден збор: „Немогуќе!“. Исто така, кога веќе праќаа огромни птици да ги јадат глупите туристи, можеа барем малку да научат нешто од чичко Алфред Хичкок. Неверојатно е како денес имаме толку многу филмови со неверојатни буџети, во кои има моменти на општ терор, но ниту еден не успева да го долови теророт низ емоциите на нападнатите и преплашените.
Енивеј, било како било, сите овие забелешки и маани се чувствуваат отпосле, кога ќе се подразмисли за филмот. Во кино салата многу мислење не ви е потребно, земете тоа пуканките и уживајте во шоуто.