Последен гледан филм со рецензија

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Exodus: Gods and Kings (2014)
http://www.imdb.com/title/tt1528100/

Го гледав пред некој ден, што да кажам - страшно. Страшно е како еден режисер како Ридли Скот кој е одговорен за Alien, Blade Runner, Gladiator, Black Hawk Down се спушти на олку ниско ниво. Прво со Прометеј (кој ајде имаше некоја база на фанови, мене лично ми е крш), а сега со ова---ова филм еве ќе го наречам. Исто не ми е јасно на кои психотропни супстанции биле Кристијан Бејл, Арон Пол (Џеси од ББ) и Бен Кингсли кога прифатиле да глумат овде.
Го пуштив филмот со надеж дека ќе гледам модерна адаптација на Библиска приказна, нешто како Noah, добив сосема спротивно. Филмов е направен за да ги задоволи потребите на просечниот Американец, ефекти и добра костимографија, но воопшто нема душа, нема прогрес, нема развој, нема заплет, расплет, ништо. Една рамна линија од почеток до крај. Не е спојлер, но не очекувајте нешто поразлично од она што веќе го знаете за Мојсеј, Ридли ја зел приказната, ја модернизирал и ја унаказил. Начинот на кој што Бог беше представен беше смешно, детенцето со неговата глума иритира до болка, моментот кога Џеси ќе му пристапи на Мојсеј и ќе го праша дали комуницира.(facepalm) Кога треба да се раздели морето(facepalm) Индира Варма е бледило во филмов, подобро ќе било да ја немаше. Нема никакво поврзување со ликовите, во минатите адаптации за Мојсеј барем можеше да се соживееш со ликовите, да ѕирнеш во нивната тага и болка, тука на смеење те тера.
Никако не го препорачувам.
Оцена 3/10, тројка заради убавината на Марија Валверде, жената на Мојсеј.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Playing It Cool

playing it cool movie poster.jpg

Не знам, можеби мојот вкус е пореметен, али филмов ми беше баш добар. На IMDb има рамна 6ка, јас му давам барем 8ца. Да, romcom е и нема никаква филозофија во него и нема да ве просветли. Нема тежина филмов, како и секој сличен на него. Но, приказната е океј - тип кој пишува сценарија дадена му е задача да напише romcom; тип кој никогаш се нема вљубено и одбива да биде, запознава девојка на која не може да и најде ниту една мана. Chris Evans и Michelle Monaghan се прекрасни! Не знам кој е поубав и пошармантен, совршени се заедно. Имаше еден куп клише моменти, па веројатно и тоа е причината зошто има толку ниска оцена, но сите тие намерно беа вклучени. Целата поента беше дека главниот лик презира ромком филмови и сите нивни клишеа, па иронично, повеќето од нив ги доживува. Башка, Еванс во филмов ми е баш нај: кратка коса, брада, лежерен стил (очигледно адидас им е главен спонзор), опуштен став. Исто така, ми се допадна и режијата, оние моменти каде што ликот на Еванс се соживуваше со туѓите приказни и "влагаше" во нив. Тоа му дава посебен шарм на филмот. Се на се, го препорачувам доколку ви се гледа нешто полесно.


Before We Go

before we go movie poster.jpg

Каде-каде подобра приказна. Уште еден ромком со Крис Еванс, но овој со малку поголема доза на драма. Крис Еванс ја има главната улога, но тој е и режисерот на овој филм. Приказната е оваа: неговиот лик е музичар и додека една вечер свири во Grand Station станицата во Њујорк, поминува збунета девојка во хаотична состојба; тие се запознаваат и тој пробува да и помогне да се врати во Бостон бидејќи моменти пред да се запознаат, таа била ограбена и оставена без долар во џебот (и скршен телефон). Иако е ромком, филмов има somewhat реална приказна, приказна за скршено срце, невозвратена љубов, проневера и скршена доверба. Филмов одлично следи после Playing It Cool.


Stuck In Love

stuck in love movie poster.jpg

Филмов е многу подобар од неговиот наслов. Грубо кажано, ги пратиме љубовните ситуации на четири членови на едно разделено семејство. Едниот чека да му се врати другиот, другиот нашол нов и продолжил со животот, третиот не сака да најде никого, а четвртиот нашол некого одамна, но не знае како да го придобие. Прва љубов, стара љубов, родители, деца, брак, развод... Да, ги опфаќа класичните работи во еден романтичен филм, но тука се убаво претставени. Ми се допаѓа тоа што има повеќе ликови, а сите се добро разработени и имаат свој посебен карактер. Ја обожаааааааааавам кинематографијата. Прекрасна куќа на плажа, убав ентериер, кул соба преполна со книги. Овој филм ми се допадна најмногу од сите 3, а кажувам најмалку за него. Едноставно, го препорачувам. It's good.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
The Shining

Ауууу каков филм. Дефиниција за досада и залудно губење време. Досаден клише плот кој се случува со брзина на развојот на Македонија. Шта речи, два ипол залудно изгубени часа за приказна која можеш целосно да ја раскажеш во две реченици, музика од која плачат ушите затоа што не се симна од 7ма октава и сцени кои што секако немаат објаснување (како бегство од складиште затворено со дебела челична врата со две заклучалки). Уште не знам како има филмов добар рејтинг, јас од 3/10 не би му дал повеќе.
 

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
The Devil Wears Prada (2006)
Comedy/Drama/Romance

tumblr_n4p0kj0mFT1r3129po1_1280.jpg

Ен Хатавеј одсекогаш ми беше и сега ми е најинтересна актерка која и прилегаат вакви комедијални улоги, но никогаш ја немав замислено во сериозна улога (како во The Dark Knight Rises според мене ми беше тотална утка)...како и да е...за филмов ке можам да искоментирам дека е со разумна поука, што млада девојка влегува во работа како млад асистент на еден строг уредник на моден магазин (сепак на Мерил Стрип и прилега таква улога) кој за таа работа би умреле милион девојки :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Wristcutters: A Love Story

Wristcutters A Love Story movie poster.jpg

Дејствието на филмот е сместено во местото каде што преминуваат оние луѓе кои се самоубиле. Тука, Зиа ги запознава лудиот Јуџин и убавата Микал, кои му стануваат најдобри пријатели. Тие здружени започнуваат да бараат начин како да си ја остварат сопствената желба. Многу уникатна приказна за животот и смртта, љубовта и истрајаноста. Чуден twisted хумор. Кул ликови и добра музика.


Southpaw

Southpaw movie poster.jpg

По не знам кој пат Џејк Гиленхол ми покажува дека е еден од најдобрите глумци. Били Хоп е еден од најпопуларните боксери кој го има совршениот живот, сопруга која го сака и која го подржува уште од тинејџерските години, мила ќерќа, пријатели кои се постојано со него, куќа, пари,... Се до моментот кога во трагичен инцидент неговата жена умира, поради што тој паѓа во депресија и успева после повеќе прекршоци да ја изгуби и ќерка му која ќе му биде одземена и ставена во дом за деца. Тогаш, тој бара помош од тренерот Тик Вилс. Филмов е преполн со насилство, тепачки, крв, но исто така и со мотивирачки инспиративни моменти кои можат да те натераат да престанеш да бидеш слаб кукатор и да станеш и да се бориш за себе. Џејк е човекот! Има далеку подобри улоги чисто зошто филмов нема некоја преголема тежина, но се гледа неговата пожртвуваност за оваа улога, а и морам да признам, успеа да ме донесе на работ на плачење на неколку моменти. (wasntme)

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Rebecca (1940)
http://www.imdb.com/title/tt0032976/?ref_=fn_al_tt_2

Joan-Fontaine.jpg


Филм на Хичкок што јас го ставам во топ 5 негови најдобри филмови.
Една млада обична и скромна девојка, се запознава со добро ситуиран вдовец од големото добро утро и брзо потоа следува венчавка, и таа се преселува на неговиот огромен имот каде од обична и неприметна девојка станува голема и моќна госпоѓа. Изгледа дека среќата и се насмевнала, но на имотот има нешто што не и дозволува да биде среќна, нешто што ја прави несигурна, потценета и несреќна. Присуството на Ребека, мртвата прва жена на нејзиниот сопруг, влијанието кое и после смртта го има врз вработените и сопругот, авторитетот и моќта врз сите нив и чувството како уште да е жива и присутна таму, ќе ја донесат новата госпоѓа до болна агонија и неподнослива живеачка во новиот имот со новиот сопруг. 9.5/10
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba, Altaïr and Outrider

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
What Ever Happened to Baby Jane?
http://www.imdb.com/title/tt0056687/?ref_=nv_sr_1

Неколку години пред дејствието во филмот, Бејби Џејн е мала и размазена ѕвезда, со иритирачко однесување, а нејзината сестра е онаа која запоставено и во сенка, со завист ги следи нејзините успеси. Неколку години подоцна, Бејби Џејн е психотична и чудна жена во години и бивша позната ѕвезда на која сега никој не се сеќава и која живее со својата сестра инвалид, сестра која со годините кои поминале и ја засенила славата, па дури и ја надминала и сомнежот дека за несреќата која ја приковала во количка стои баш таа-големата Бејби Џејн... Тоа што другите луѓе заборавиле на нејзината величественост и спектакуларност, а некој друг се осудил да биде подобар од нејзе, додатно ќе ги зголеми зависта, љубомората, болните напади и злобата кај Бејби Џејн, па животот со неа секој ден ќе биде се поголем пекол.

Јас како љубител на филмови со вакви чудни и пореметени ликови, на филмов да можам и 100ка ќе му дадам. Право ремек дело, одличен психолошки трилер и голема штета е што не е толку познат и гледан. Јас ќе си го гледам уште неколку пати, ќе му резервирам и место до другите мои омилени филмови на полицата, а најтопло од срце го препорачувам на сите. 10/10
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Altaïr

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
The Matador
MV5BMTIwNjE3MzgwM15BMl5BanBnXkFtZTcwMzk5OTQzMQ@@._V1_SX214_AL_.jpg

Јако филмче комедија измешано со акција . Приказната Џулијан е професионален убиец кој на својот роденден ќе го запознае Дени кој е дојден за деловна бизнис трансакција. Кога Џулијан ќе разбере дека заради неговата работа нема ниту еден пријател ќе реши да се спријатели токму со Дени . Понатаму гледајте ги нивните авантури филмот е лудило 10/10.

Criminal Activities
MV5BMzkyNjk4MDY0MV5BMl5BanBnXkFtZTgwNDI5MTQxNzE@._V1_SY317_CR0,0,214,317_AL_.jpg

Филмов го гледав заради актерската екипа и мора да кажам лошо сценарио правеле нешто недоправиле. Неколку другари се наоѓат на погребот на школси пријател и решават да вложат пари на берза еден од другарите ќе ги донесе сите пари , но по месец дена фирмата банкротира , а тие дознават дека нивниот другар позајмил пари од мафијата. За возврат Еди ( Џон Траволта) ќе побара да ќиднапираат еден човек за да го вратат долгот. Незнам можеби за да тепате време ама далеку од нешто спектакуларно 5/10.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Rounders (1998)
http://m.imdb.com/title/tt0128442/

Одамна не сум пишал тука, а изгледав повеќе филмови. :)

Овој филм ми е гледан па скоро милион пати, никогаш нема ни да ми здосади.
Нема некоја претерана акција или па нешто мистериозно, ама има добра порака. :)

Можеби сум кажал дека Нортон ми е омилен актер, филмов му е еден од трите најдобри според мене. Мене дури и повеќе ми се допадна како глуми тука отколку во Fight Club. Човекот уште не доби оскар еј, срамота.
Мет Дејмон не ми е баш нај ама не ми е ни одбивен, би гледал филмови со него. И тој овде одлично глумеше, не знам дали има подобро одглумено некаде, ете можеби во Departed. :)
Џон Малкович искрено ме нервира малку, овде среќа добар беше ама не би гледал повеќе филмови со него.

Филмов е иначе за поранешен покер играч Мајк, кој откако ќе си ги изгуби сите пари што ги заштедил решава дека е доста со тој начин на живот. Желбата му е да оди во Вегас, но откако ќе изгуби се, Вегас останува само сон.
Си наоѓа работа, си живее најнормално се додека неговиот добар пријател Лестер со кој заедно губеле и добивале парички, и останувале по цели ноќи, излегува од затвор и овој оди да го пречека.
Најпрво нормално се потсетуваат на старите времиња, но Лестер или како што ќе го сретнеме во филмот Црвот, не сака да работи како Мајк, тој одма си наоѓа жртви на кои ќе им ги земе парите.
Мајк го одбива но нешто не му дава да продолжи понатаму, изгледа спомените кои му ги разбуди Црвот го предомислија и Мајк ја носи погрешната одлука.

Доста е јас мислам, дека иначе ќе го раскажам цел филм.
Би го препорачал, можеби и нема да ви се допадне ама вреди да се погледне. :)
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Star Wars: The Force Awakens
Не ме додржа место, мораФ да го гледам :D
Имам побааги впечатоци, колку „за“ толку „против“...
Вреди да се гледа, во секој случај.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Altaïr