The Call (2020)
Не холивудскиот со Хали Бери, туку корејски.
Обично од корејски филмови не спијам после пошто се престрашни (од The Eye ко мала спиев со запалено светленце во соба со месеци), ама овој беше повеќе suspenseful отколку хорор.
Настаните се одвиваат паралелно во 2019 и 1999 во истата куќа, каде две девојки (едната од минатото, другата од сегашноста) се поврзани преку телефон и така дознаваат дека еднава ја има моќта да ги смени настаните за другава во иднината. Но, како и секој хорор, она што почнува ко наивно пријателство и помош, преминува во опсесија од која тајмлајнот со настани се менува неколку пати пред да дознаеме како стигнало до она што се случило денес.
Филмот трае скоро два часа, ама не ги ни сетив, ниту пак паузирав или станав, што правам само кога нештото едвај чекам да го изгледам. Дефинитивно би го препорачала.