Пред малку пак го изгледав Борат 2 бидејќи првиот пат го гледав со друштво, па си викам да не пропуштив нешто.
Воглавно, начинот на кој Саша нашол да ги прави овие mockumentaries ми е генијален и секогаш успева да ме насмее, но двојкава е за некоја нијанса послаба од првиот дел (ко што е и кај 95% продолжетоци).
Не знам дали е бидејќи го дели спотлајтот со Бугарката, но малку некако не ми штимаше. Не дека немаше генијални сцени, но ќе останам со кецот ко фаворит.
Рецензија... Борат се враќа во Америка во обид барем малку да го обели образот на глориос нејшн оф Казакстан, но со него во пакет завршува и неговата ќерка Тутар, која сонува да стане жена-трофеј ко Меланија Трамп, па решаваат да ја дадат подарок на богат политичар.
Од мене има некоја стаклена 7ца филмов.
Од сите карактери, би сакала втор дел со Бруно и фамозниот Фанкицајт. Е, таму нема сцена која не ми е смешна.