Последен гледан филм со рецензија

Coccinella

Староседелец
5 август 2016
19
11
1,003
Цртан со скриена порака, цртан за проституција со деца... Јапонците чудни фетиши имаат, индиректно ги вметнуваат во цртани филмови.
Се згрозов, а цртанот е Spirited away :eek(star).
Се згрози од вакво ремек дело? Баш ме интересира како е поврзан филмов со проституција и каде виде нечии фетиши?
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
А ти сама не знаеш да анализираш што си гледала?

Хахахха ме интересираше што значат знаците, а од кога видов ми се згади. За тебе ако е ремек дело за мене е г**** во боја. Ај сега не замарај гледај си нешто што вреди.
 

Coccinella

Староседелец
5 август 2016
19
11
1,003
Хахахха ме интересираше што значат знаците, а од кога видов ми се згади. За тебе ако е ремек дело за мене е г**** во боја. Ај сега не замарај гледај си нешто што вреди.
Ох кутрата...
Батали заборави дека сум ти се обратила.
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Мирни дечки.

Не секој има ист вкус за нештата. Нема потреба за препукување. Ај, да не ве бришам, ве молам :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Last Man Standing со Брус Вилис, ист ко вестернот A Fistfull of Dollars. Отсекогаш сум бил против римејкови, ама овој не е лош стварно, дали дека вестернот ми е предобар па затоа ама мислам дека е солиден овој со Вилис. Буквално истата приказна, залутан човек во гратче каде две банди владеат, овој се бори да преживее работејќи и за двете. За тепање време е добар.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Пред малку пак го изгледав Борат 2 бидејќи првиот пат го гледав со друштво, па си викам да не пропуштив нешто.
Воглавно, начинот на кој Саша нашол да ги прави овие mockumentaries ми е генијален и секогаш успева да ме насмее, но двојкава е за некоја нијанса послаба од првиот дел (ко што е и кај 95% продолжетоци).
Не знам дали е бидејќи го дели спотлајтот со Бугарката, но малку некако не ми штимаше. Не дека немаше генијални сцени, но ќе останам со кецот ко фаворит.
Рецензија... Борат се враќа во Америка во обид барем малку да го обели образот на глориос нејшн оф Казакстан, но со него во пакет завршува и неговата ќерка Тутар, која сонува да стане жена-трофеј ко Меланија Трамп, па решаваат да ја дадат подарок на богат политичар.
Од мене има некоја стаклена 7ца филмов.

Од сите карактери, би сакала втор дел со Бруно и фамозниот Фанкицајт. Е, таму нема сцена која не ми е смешна.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Случајно со другарка решивме да го пуштиме Bad Moms (2016), чисто онака, да изветрееме мозок и беше токму тоа.

Ејми е млада мајка на која животот ѝ минал во чување деца и е веќе во бурнаут фаза каде не може да се сноси со ништо, па со уште две мајки од училиштето решаваат да ги прекршат сите правила на мајчинството и малку да се посветат на себе. Секако, тука е и ривалката т.е. богатата, педантна и препотентна мамичка (леле, не ја познав Кристина Еплгејт...) која прави сплетки на забавните мамички, но на крај има соб стори и сите среќно се здружуваат.

Дали би го препорачала? Не, освен ако не е за тепање време и да брчи во позадина.
Но сепак ќе го изгледам и вториот дел. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
The Woman In The Window (2021)

Ана Фокс е детски психолог кој страда од агорафобија и ја нема напуштено куќата веќе 10 месеци.
Седејќи дома, нејзиниот допир со надворешниот свет се сведува на комуникација со психијатарот, нејзиниот потстанар, момчето кое ѝ носи намирници и видео повиците од сопругот и ќерката.
Набрзо тоа ќе се смени откако таа ќе се опседне со новите соседи, посебно откако ќе е сведок на убиство кое ќе има потешкотии да го докаже.

Не беше лош филмот до моментот кога почна да се расплетува. Потоа ми стана мех...
Ејми Адамс ми е многу специфична и природна (жената имала 47 години, не ми се веруваше) и мислам дека го спаси филмот со својата глума.
Продукцијата е фина, а инспирацијата е очигледно од Rear Window.