Последен гледан филм со рецензија

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Mr. Holmes (2015)
Како обожавател на ликот и делото на Дојл, трпеливо сочекав да излезе и овој филм, исто и поради актерската екипа (McKellen и Laura Linney). Нема да ја дрвам многу сторијата иако е доста битна. Холмс наводно се повлекува ради својот последен случај во едно тивко местенце во Англија. Иако свесен ради зачетокот на сенилност, понесен од своите методи на логично размислување и дедукција, тој пробува да се присети на пропустите кои ги има направено во тој последен случај, надевајќи се дека ќе го најде смисолот на својот остаток на живот. Тука се судрува со многу флешбекови, еден од нив е неговиот обид да се излечи од раната деменциа со тоа што ќе отпатува до Јапонија да најде одреден лек. Другиот е за одреден лик кој неговиот пријател Вотсон така прозаично ќе го воспее во неговото последно дело.
Што ми се допадна во филмов... Направен е далеку пореалистично од оноа што дури и самиот Дојл пробал да го романтизира. Секако во филмот се опишува Вотсон како автор на мемоарите, така да сепак живееме во животот на еден фиктивен лик од книга. Па сепак самиот Холмс во неколку наврати појаснува дека Дојл (во овој случај Вотсон) малку повеќе ги става под лупа доблестите што самиот лик ги поседува. Сценариото и костимографијата се на ниво, МекКелен е одлично избран за таа пригода. По мене целиот филм заслужува 8/10. Напомена: филмов возможно е да разочара со својата реалност, за разлика од книгите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
upload_2015-12-29_10-7-46.jpeg

Лесно филмче, што би се рекло лимонадица...
Убава драма, која ги прикажува секојдневните обврски и проблеми со кои се соочува секој еден од нас...
Млада успешна бизнисменка, сопственичка на моден сајт, ангажира не по нејзина баш желба, стажанти, меѓу кои и пензионираниот Роберт ДеНиро, со кој воспоставува супер однос, пријателски, родител дете однос и од кој учи многу работи и кој ја потсетува на многу работи кои веѓе ги знае...
Ок, лесно филче...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Star Wars: The force awakens
Да не спојлам, ќе бидам краток и ќе пробам да не раскажам ништо конкретно ама и тоа ќе го ставам во спојлер.

Филмот е добар како филм, онака посебно парче извадено од некоја приказна и прикажано на платно. Ама, приказната која јас ја знам не заслужува вакво продолжение. Филмов е се` освен стар њарс кои што сум ги гледал. Цел филм е мрачни сцени (не, не хорори туку темница), приказната ако не се развлекува толку по пет минути да гледаш како госпожата се влечка по пустините и сл. ќе трае максимум саат време. Срцепарателни приказни, семејни расправии и бљувотини од емо-разговори не треба да бидат продолжение на таква приказна како Стар Њарс. Ги жалам фановите кои што растеле во време кога Лукас ја правел првата трилогија.
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Spotlight (2015)
Spotlight-Poster-27X39-Ang-LR-208x300.jpg

Долго очекуван филм снимен по вистинити настани новинарите од весникот Boston Globe кои ќе го објават најмасовниот скандал за злоставување на деца од страна на свештениците во Католичката црква. Одлична драма со одлични актери и динамично темпо, но се е направено од новинарски агол. Филмот е повеќе приказна за новинарството отколку што е приказна за црквата и скандалите во истата. Нема емотивна длабочина и тоа му е најголема мана. Филмот потсетува на All The Presidents Men (1976) кој мене не ми се допадна кога го гледав но за Американците е култен филм околу аферата Вотергејт. Можеби оваа новинарска перспектива не ми се допаѓа во принцип. Да се навратам на филмот, Марк Рафало, Мајкл Китон, Лив Шрејбер, Стенли Тучи и Рејчел МекАдамс, тие се причината зошто овој филм е во трка за награди. Од мене 8/10, но морам да кажам уште нешто: Филмот не откри ништо ново. Ако ве интересира темата постои еден фантастичен документарец кој се вика Deliver Us from Evil (2006). Филм кој е направен од агол на жртвите и предаторот. Морници.

Creed (2015)
MV5BODg5NDM1MDI4NF5BMl5BanBnXkFtZTgwMzg0MzQxNzE@._V1_SX214_AL_.jpg

Јас сум голем фан на Роки Балбоа и секогаш уживам да го гледам Сталоне во оваа улога, посебно во последните два филма во кои е остарен и веќе е подзаборавена легенда. Филмот е некоја врста спин-оф на Роки, филм за синот на Аполо Крид кој беше голем ривал и пријател на Роки. Во глобала е ОК филмче за кое Сталоне освои и глобус за споредна машка улога, но морам да кажам дека е многу лошо режиран филм, а тоа е затоа што овој пат режисер и сценарист не е Сталоне. Од некоја камера во борбите која многу ми се допадна, до замрзнат екран и несмасно сечени сцени. На моменти и многу лоши дијалози и претерано потенцирање на очигледното.

Мислам дека Сталоне нема да добие Оскар за улогата и мислам дека ќе добиеше оскар ако
Роки умреше, наместо да прават Creed 2

Во секој случај филм во кој ќе ужива секој фан на Роки и на боксерски филмови. Само не очекувајте премногу. 7/10 според мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr, Harvie and Tantara

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Какви филмови изгледав периодов ништо не напишав, за овој ми текна, ама ајде сакам да пишам некој збор...
The Ninth Gate
Прво, дознав еден факт за мене. Ужасно лошо влијаат на мене филмови со некакви култови, го видов тоа кај очи широко затворени, го видов и сега. Страшна депресија ме фаќа после таков филм, и колку и да е култен, познат и прифатен филмот, мене ми е одбивен и што побрзо сакам да го заборавам.
Полански го сакам ептен како режисер (иронија) дури и три негови филмови имам во топ листата на омилени, ама овој ќе му го сметам за производ во брзање. И те како си има филмов негов печат, но можел далеку подобро.

Џони Деп е некоја врста на дилер на книги, ги проценува, ги продава, прави бизниси со нив, па доаѓа до една книга која има три примероци и чудна приказна поврзана со неа. Истражувајќи за мистичната книга, нејзините сопственици и нејзиниот креатор, ќе се вплетка во една мрежа на зли случувања, предизвикани од натприродни сили.
Интересно звучи, ама не изгледа баш толку интересно, имаше моменти кои беа клучни да решам дека не ми се допаѓа цел филм.
И вистина, на страна она демек јас го разбрав филмот ти не го разбра, не ја виде скриената порака бла бла, навистина постојат филмови што не се за секој. Овој дефинитивно не е за луѓе како мене. Никако.

И мислам дека јака реклама му направив. Јас ова да го прочитав некаде, одма ќе го спуштев.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Zulu (1964)

Филм за славната битка помеѓу британските колонијални сили (бригада велшани) и Зулу кралството во Ј.Африка.
Некаква мисионерска станица наречена Роркс Дрифт послужи на една чета велшки војници да се засолнат и да одморат кога до нив стигнаа вестите за битката кај Исандлвана недалеку оттаму каде што британските колонијални војски го доживеале најтешкиот пораз евер, се спасила само шака војници.
Советите на локалните африканери да си соберат партали и да се повлечат не беа послушани, зулу каферите беа потценети и нормално ги опколија, дојде време за борба, 3000+ домородци вс. 150 велшани и остали наоружани со Мартини-Хенри репетирки за разлика од зулу кои имаа кратки копја и понекоја пушка заробена од британците со скил левел на пукање - нула.
Кршење кичми ваму таму, успеаа некако да се одбранат и да победат за што подоцна кралицата Викторија ги наградила со најголем број медали за храброст во поединечна акција на британското кралство било кога, 11 души добиле викториа крос.

Интересно филмче, главна улога Стенли Бејкер, легендарен британски глумец а во својата прва значајна улога се појави и младиот Мајкл Кејн, веројатно еден од најдобрите глумци било кога и било каде.:sreken
Култна сцена со пеењето на Харлек Мен како контра на зулу чантот за храброст пред последниот напад.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
The Room (2003)
http://www.imdb.com/title/tt0368226/

Филмот беше препорачан по основа на мојата фасцинација со ситуации кои се so bad it`s actually good и конечно го симнав и го гледав.
Се работи за треш ремек дело во режија на некојси Томи Висо. Продуцент на филмот е извесен Томи Висо а сценарист - Томи Висо.
Главната улога сосема неочекувано ја игра Томи Висо.

iXoTK.jpg

Максимален антиталент за глума, Томи делува тотално бизарно со недефиниран акцент (веројатно е од источна европа). Наводно бил бесмртен бидејќи не се знае кога, каде и зошто се родил.
Не се знае како но Томи успеал да обезбеди средства и да си основа продуцентска куќа (која досега има снимено еден филм, нормално овој) бидејќи никој не бил сигурен со што тоа Томи се бави но како и да е, собирајќи разни ликови нешто помалку антиталенти за глума од него успеал на светот да го подари бисерот на Трешот, ремек делото на Д-продукцијата, споменикот на филмскиот ентузијазам - Собата.

Филм кој зборува за љубовта на Томи кон својата свршеница Лиса, подмукла и расипана особа која го изневерува со најдобриот пријател. После разни перипетии, нелогични дијалози и неповрзани муабети се доаѓа до кулминацијата каде Томи страда, буквално и преносно.
Тука се пресметаната мајка на несудената сопруга, наивниот тинејџер кој треба да го посвојат и кој уствари едини искрено го сака Томи, неговиот другар Марк кој ја `работи` свршеницата и некои залутани ликови наваму-натаму.

Томи делува комично и језиво (прв пат сретнувам таква комбинација кај некој лик), има некој нездрав израз во фацата но истовремено има и смешна црта, не предизвикува сожалување како Стивен Сигал кој се мачи пред камера како трудница на пораѓање, има некоја псевдо-мистична харизма која и покрај анти-глумата е доволна за Томи херојски да го изнесе овој филм, тоа сценарио кое како да го шкрабал петооделенец - на светлината на денот.

Очекувано, ова бил прв и последен филм на господинот Висо.

Иако е далеку по својот не/квалитет од Dead Heat сепак е солидно остварување кое ќе остане запишано... со молив во тетратката на трешот.


Култната сцена исполнета со емоции.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Dream House (2011)
Го начекав случајно на cinemania, па го загледав. Немав појма ни за шо се работи, нит го знаев, ни па трејлер имав гледано. Шо се покажа како добра работа, оти трејлерот открива тотално сѐ, преполн е со спојлери и го уништува цел филм однапред.
Интересна приказна, суптилно склопена. Го класифицираат во драма, мистерија, трилер, па и хорор, иако најнапред е поприлично психолошки.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Crazed cop - One way out (1986)

Трилер-акција од осумдесеттите преку која светот имал чест да се запознае со Иван Роџерс, актер, режисер, продуцент, директор на фотографија и сценарист.
Го имав гледано филмов порано на маќедонска телевизија (лол) и не ми се веруваше дека ќе го најдам на нет ама си викам да пробам...и бев пријатно изненаден.

Не ми е познато како може црнец да се вика Иван но тоа не е важно, битно е што филмот повторно ме насмеа и расположи до крајна мерка.
Иван е класичен инспектор-цајкан кој е на мета на главниот во станица кој го вика во канцеларија за да го `риба` поради пречекорување на надлежности, носи стриктно бело одело, бела кошула и бела кондура. Дури и во сцената кога излезе од шахта (!?) и ги отепа двајцата негативци - излезе чист без ниедна флека.

Иван е зависник од адреналин и кога не се дешаваат јаки случаи со банди и мафии тој се досадува. Толку му е досадно шо наутро покрај кафенцето си игра руски рулет со револверот. Неколку пати во филмот си играше руски рулет ама ниеднаш не си го истури мозокот.:gjavol

Му доделуваат цајкан-партнерка, некоја плавуша екс-андеркавер-топлес-стриперка (!?) која што веројатно носи лоша перика во филмот а глумата и е малку под нивото на Иван, т.е. таа е природна, ол натурал антиталент.

Иван има став, гард како надуен паун, ладнокрвен е до смрт, крши кичми без проблеми и отепа некои 200 мафијаши за време на саат и пол филм.
Сцените со тепачките беа нешто кое е далеку подобро од консумирање трева во поглед на расположение. Некакви аматери како собрани од улица трчаат и го бркаат задишани и со искривени фаци од напор - а нашиот херој ги дочекува во слепа улица и им крши кичма, едниот го остава да се ниша на контејнер а другите ги крши од ќотек.

Пошто случај не се решава ако инспекторот не е суспендиран така и тука, Роџерс своерачно ја уништува цела мафија заедно со корумпираните цајкани и за сето време не ја симнуваа таа фаца, тој надуен став кој е hillarious on it`s own.

Што и да се напише не може да ја долови атмосферата, ужасно лошата камера, дијалозите, осветлувањето за кое очигледно немале пари и требало да снимаат само надвор и тоа при јако сонце пошто во некои сцени во барот не му се гледа фацата на Роџерс како шо е црн, само белото одело на него се потенцира како да го носи дух без раце и фаца кои се претопуваат со црната позадина :rofl

Колите очигледно купувани од отпад во филмот, кршови некои кои одвај возат.

уште едно реме дело на трешот и легендата Иван Роџерс!
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Battal Gazi'nin İntikamı (1973, Турција)
http://www.imdb.com/title/tt1184952/

`Осветата на Батал Гази` е турски филм. А за да нормален човек гледа турски филм треба или
а) чафка да му го испила умот
б) да е љубител на треш филмови.

Бидејќи нескромно мислам дека сеуште чафка не ми го има испиено умот, спаѓам во втората категорија.
Батал Гази (батал бе :D) е името на главниот јунак кој го `глуми` Мурат Карамурат а.к.а. Џунејт Аркин, најславниот турски актер во историјата, легенда на просторите помеѓу Дијарбекир и Баку, турски џемсбонд-хансоло-дртихари во едно.

Дејствието е во средниот век а таму ултра злите крстоносци/византијци/што и да се прават невидени зулуми врз невиното селџучко население кое сосема недоброволно го носи својот крст наоколу.
На Батал му ја спалуваат жената како вештица и му киднапираат синот. Го запалуваат и целото село, масовно и злобно се церекаат за време на злобните дејанија.
Синот е лично посвоен од главниот на негативците кој го одгледува за да стане рисјански фајтер кој ќе убива турци. Батал го носат на робија во која останува со години и години и после нагло открива дека има јак талент за кршење кичми, бега од робија со група мадафакери и организира борба против клетиот непријател. Турците не газат на мравка, чесни се а богами и поштени, фини и културни за разлика од византијците кои се сите со понекоја физичка маана, се змеат злобно и испуштаат злобни крици. Дури и чајот го пијат на злобен начин.

И така Батал почнува да крши кичми сцените со борби се ултра-треш, се врти во круг со мечот како ротор од хеликоптер и постојано доаѓаат византиски војници и ги сече :rofl зема по 4 стрели наеднаш на еден лак ги затегнува и погодува истовремено 4 непријатели, скока по 10 метра во вис и убива, прави салто и збунетите непријатели се колат меѓусебе, фаците кои ги прави се прајслес, глумата е на ниво на лица со попреченост во развојот кои случајно биле фатени на камера, сценографијата е од хартија и стиропор, униформите на византијците се јаки додуша, црни скроз со црни качулки и црвен крст на градите, секташки некако. И така јунаците убиваат барем 75.000 противници и на крај му пресудија на главниот негативец кој го заклаа со неговата сопствна кука од раката (нормално, пошто е негативец мора да има физичка маана)

Батал се тепаше со сина си, лик кој се истерал на татка си во поглед на кршење кичми и таман синот да го убие татка си се сети дека му е татко, му излегоа пред очи сцени од детството, тоа се тие треш-турско-индиски срцепарателни ситуации.

5490795395201401052220.jpg


Ова е Карамурат (Џунејт Аркин) влажниот сон на милиони жени од Стамбол до Алма Ата.

Тотален треш, изузетно забавен филм лишен од логика :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr