Баш гледан ми е пред некои 12 часа, во таа област си владее. За опуштање, џабара-бабара онака лесно филмче баш да те разведри.Love, Rosie (2014)
http://www.imdb.com/title/tt1638002/?ref_=ttmd_md_nm
Симпатична романтична комедија во која е опишан животот на една млада убава жена а паралелно животот и на нејзиниот најдобар пријател од детството.
Опишани се 12 години поминати во еден комплициран и возбудлив живот, во кои пред се на прв план е ставено пријателството.
Рози и Алекс се пријатели од нивните 5 год. и буквално се нон-стоп заедно. Но нештата се менуваат на 18от роденден на Рози. Следуваат многу комични, па и драматични сцени но тоа што ми се допадна во филмот е што Рози е прикажана како позитивна, умерена и паметна жена која со доза на хумор минува низ сите турбулентни моменти во нејзиниот живот.
Интересно филмче, привлекува со оној препознатлив британски шарм, добра глума, и симпатична музика.
Од мене имате препорака.
Него... се молев се пустев некако да седнам за финчеров да го гледам од пусти страв да не заебе пак као што заеба за Бенџамин Батон... и...
... па не би рекол целосно дека заеба, но се упропасти голем дел од филингот. Се разбира претпоставувате дека се работи за Gone girl.
Од каде да почнам да не повредам нечиви „чувства“ за филмов.... Вака...
Филмот почнува солидно. За изборот на глумци не би коментриал пошо сум биполарен тука. Од една страна е Розамунд Пајк шо по мене е единствената светла точка во филмот што се тиче глума. Афлек одсекогаш ми бил просек, не нешто за да го исплукам или исхејтам (далеку од Том Круз) но онака.... пролазно. Млитав ми е сегде. И тука. Роза од друга страна... неам зборови. Предизпозиции има да стане Едвард Нортон with a pair of boobs.
Конкретно сеа за филмот. Значи одличен почеток, ти отвара да склопиш множества од сценарија како прикаската би се одвивала.... и секако едно од тие ќе ти се погоди. И ќе глеаш некој (можда малку над)прочесен трилер. Е сеа тука е цаката... за да попунат празни дупки, режисерот и остатокот тајфа што го праат филмот се сетиле малку да ги расфрлаат коцките за да тебе ти биде потешко да составиш од нив убава прикаска. А кај можат тоа да го направат ако не во личностите... Е тука се губи целиот филинг. Во првата третина веќе ти знаеш одприлике што е што, за да после почнуваат тро повеќе нелогичности да се ојавуваат, minor glitches, врткања од еден во друг во трет во четврт лик што на крај си викаш да запре малку оваа вртоглава работа. Иако е одлично изглумена целата таа консталација на личности (за Роза нели зборам) самиот контекст не ми пали многу. Што е целата поента, освен да.... тоа е тоа и толку е. Нема никаков backstory. Другата (не)суштинска работа во филмот е претенциозноста сите да бидат паметни (освен Барни кој увек коа го глеам мртов озбилен само на смеење ме тера). Значи буквално дејствието што се случува во првата третина, веднаш се става дијагноза од буквално сите можни ликови. Нема доистражување после тоа, нема неинформираност. Се` е онака во дел од секунда се` се знае... буквално се`. А крајот па најнелогичен. Кога веќе се` се знае, зошто тогаш не се постапи онака како што се мисли? Туку мора на најнелогичниот можен начин да заврши?
Што знам... за мене ова е веќе еден вид на претенциозен трилер, каде нема поента, нема вовед, заплет, перипетии и расплет, туку нешто сосила нафрлано and that counting as something. Скромна 3/5. Според почетокот можеше многу многу повеќе.