Defiance (2008)
Приказната е за време втора светска војна и за двајца браќа-евреи кои решаваат да не бидат дел од евреите по камповите кои мирно и послушно го прифаќаат фактот да бидат третирани како робови со големи шанси на крајот да завршат "истуширани" во некој логор. Ги побиваат гласините дека евреите не знаат да се борат и дека се најдобри само во умирање и храбро и покрај гладот, студот, болестите кои им се закануваат и 1000те гладни и жедни усти со нив, за кои зеле одговорност и дале ветување дека ќе ги заштитуваат, се борат против непријателот. Шансите за преживување се многу мали, опасности од сите страни, страв, студ, очај и разочарувања... Дали приказната која патем е и од вистински настани е со среќен крај или не ви оставам сами да си погледнете. Од мене имате препорака!
Insidious (2010)
Избегавам хорори, ама кога гледав една листа што сум ја правела за филмови што треба да ги гледам го начекав овој и решив да седнам да видам што е посебното што ме натерало да го изберам. И онака кога читав за него, а има и прилично солидна оцена ко за хорор, скоро па 7, очекував да се парализирам од страв, ама филмов беше... Онака. Ништо посебно. Типична приказна за семејство што скоро се вселува во нов дом, па нели тука духови ова она, па детето паѓа во кома и на крај нели се викаат истерувачи на духови и така натаму... Неколку така страшни сцени, мноооогу језива музика и звуци, на моменти и малце досаден. Ама какви ги има овој е добар.