Последен гледан филм со рецензија

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Whiplash (2014)
Филмиште...
Иако причата веќе исклишизирана за оние кои праат 100% посветеност (Shine, Billy eliot) филмов нуди многу повеќе од една типична сторија на еден тапанар во подем. Се гледа дека многу акцент не се тура во неговата посветеност и вежбите, туку на сопките кои се секогаш присутни особено кај оние кои што посветуваат 100%тен труд на својата животна желба.
Глумата е веќе посебна тема за разговор. Главниот протагонист не ми е познат богзнае што од другде, но одлично ја изигра улогата на тапанар и посебно на лик кој славата и убавите зборови му се одбиваат од глава. Ќе погледнам уште некој негов филм дефинитивно. Ј.К. Сајмонс мислам е правиот чоек за филмов; како одвратно копиле што може да ти расипе животна желба, никој друг не може. И покрај толкавата посветеност во џез музиката, типот секогаш е спремен за лична „вендета“ да му го зацрни секој чекор на малиот да успее.
Зошто понатаму го препорачувам.... музиката. И да не си некој љубител на џезот, овој филм малку ќе ти ги размрда виугите да почнеш од некаде да слушаш. По малце.
Од мене има солидна 9ка. @Aristokrat, @Хоуп* топло препорачувам.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
^ Whiplash и се согласувам со секој збор.

Birdman

birdman movie poster.jpg

Мајкл Китон добива оскар. Станува збор за актер на кого му поминале неговите 5 минути на слава и иако бил популарен во минатото со својата легендарна улога на суперхеројот Birdman, тој сега се бори секојдневно да си врати кариерата на истото ниво. Тој адаптира, режисира и игра во Бродвеј претстава која треба повторно да го сврти светлото кон него. Во оваа претстава, Риган (Брдмен) го вклучува и арогантниот актер Мајк (Едвард Нортон, не би ме зачудило и тој да добие оскар, за машка споредна улога) кој постојано му создава проблеми и конфликти поврзани со претставата. Во меѓувреме, Риган се труди да го подобри односот со својата ќерка/асистентка (Ема Стоун) која тукушто излегла од рехабилитација и која што на некој начин го презира бидејќи тој не бил секогаш до неа за време на нејзиното детство, односно во оној период кога бил најпопуларен актер. Лесли (Наоми Ватс) е неговата колешка актерка (и девојка на Мајк?), а Силвиа е неговата бивша жена со која постојано се подржуваат и си разменуваат совети и убави зборови токму тогаш кога најмногу им се потребни. Џејк (Зек Галифианакис, ваљда добро го напишав) е неговиот продуцент (менаџер?) кој би сторил се за да ја направи оваа претстава успешна и популарна.

Со овој филм, можеме да видиме како финкционира еден театар и екипата која работи на една претстава. Одлично е претставена борбата на разумот и егото на еден човек, на еден актер кој некогаш бил познат и сакан. Сите имаме некаков сон кој сакаме да го реализираме за задоволување на сопственото его и пасија, но и за да оставиме некаква трага зад себе, нешто со што ќе докажеме дека "сме биле тука". Најважно од се, сите сме чувствувале потреба во одреден момент да бидеме сакани и прифатени, па дури и возвишени за она што сме го сториле и сме дале се од себе за да биде перфектно. Во Бирдмен е прикажана истрајност и тешкиот пат кон успехот.

Прво и основно, многу ми се допадна глумата на Мајкл Китон. Едноставно толку е вдабочен во оваа улога, дури постојано си мислев дека можеби се препознава себе си во Риган. Без разлика на неговата професија, се чувствува неговата мака во животот и желбата да се биде некој и нешто и мислам дека секој може да се поврзе со основната приказна и поента на филмот. Исто така, режијата е ОДЛИЧНА, немам зборови доволно добри за да опишам колку добро е изрежиран филмов! Како се вклопени сцените, како се прелеваат една во друга, како се пренесени различните перпективи од различните ликови, синематографијата, музиката (со џез бубњевите)... УМЕТНОСТ! Филмов кога го гледав се осеќав како да сум влезена во нечија глава и пратам како постепено се развива една приказна, дел по дел.

Сеуште ги немам изгледано сите филмови кои се номинирани за Оскари годинава, но убедена сум дека Birdman ќе направи партали.

Трејлер.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
^ Whiplash и се согласувам со секој збор.

Birdman

Отвори ја прикачената датотека 22809

После пишаново, не ми се праи рецензија... Сериозно... превише себично од твоја страна бре, чоек да не дојде до збор :p

Се зезам, филмов ми е рамо со рамо на Виплеш за почетокот на оваа година. Заедно со будимпешта ми се фаворити за овогодишните оскари. Реално доста плодна година.
Одамна неам видено филм со вечна битка со его и такви фајкла ствари, последниот беше чинам Mr. nobody. Презадоволен од глумата, од показателот - уфилмување коа ќе те мавне его и неговото негирање - The Unexpected Virtue of Ignorance. Ова е една од оние работи зошто човекот никогаш не може да ја избегне глупоста како битие. Фамилијарни стандард проблеми, цура оставена сама на себе пошо татко актер, мајка влезена у филм.... Па пак има нешто плус да се научи, увиди, пошо нели - никој не ги согледува своите проблеми туку само туѓите.

Одличен филм, што е до мене заслужува да лапне оскар.
Светлосни години над Бојхуд, кај кого влогот е ненормално голем, но продуктот е стандарден фамилијарен филмиќ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Valkyrie
http://www.imdb.com/title/tt0985699/

Еден од неколкуте неуспешни обиди на германците да го убијат Хитлер. Том Круз во улога на главниот иницијатор и мозокот на операцијата, т.е напатен војник кој губејќи ја раката и окото за време на војната, решава дека Хитлер е чисто зло, чудовиште и непријател на татковината кој не заслужува да живее и мудро успева да се провне во големото друштво со цел да си ја оствари замислата и да го избрише Хитлер од листата на живите.

Го најдов филмов на ЦД и врска немав што е од кој е и што се работи, па си го пуштив и изненадување Том Круз :zelen Да знаев ќе го искршев ЦДто.. Се зезам, иако не го сакам баш (ма ич не го сакам) човеков, ама баш му легнала улогава. Може зошто имаше некој хендикеп ликот што го глумеше и некако ја тргнав таа одвратност што ја осеќам за него и сочуствував со ликот што го глумеше, пошто се работи и за вистинска приказна, па дури и ми се допадна навистина.
Интересен, тензичен филм, јас ги сакам филмовите за втората светска војна па сакам да ги изгледам сите такви, па сакал и Латас да глуми во некој, ни еден не оставам неизгледан. Таман си е оцената од 7, може минимално нешто повеќе од мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Altaïr

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
John Wick(2014)

Одлично филмче со Киану Ривс во главната улога, недостатокот на комплицирана приказна одлично го пополнува со неверојатно добра акција, глума, gun-fu и секако, харизмата на самиот Киану.
Во филмот се работи за бивш hitman, платеник, кој откако ја наоѓа жената на својот живот, ја остава валканата работа и убивањата. Неговата жена умира од некаква болест. Ден по нејзиниот погреб, добива писмо и пакет од неа. Во пакетот има мало кутре, кое таа му го остава за да го развесели и да му помогне да се ја издржи болката од нејзината смрт. Неколку дена подоцна, на бензинска пумпа го среќава група на непознати Руси, и еден од нив му нуди да ја купи неговата кола, која патем тој многу ја сака('65 Ford Mustang BOSS 429). Тој одбива да ја продаде. Истата вечер, истите руси влегуваат во неговиот дом, го претепуваат, му го убиваат кучето и ја крадат колата. По некое време, тој се буди и до него го гледа мртвото кученце. And he's back in business.
Освен одличната акција, филмот е дополнет и со предобар soundtrack. За љубителите на Transporter, Taken, Equillibrium и останатите акциони трилери, ова би ви се допаднало дефинитивно.
Оценката на IMDB е 7.2.
Moјата би била 8.4. Можеби сум малку biased заради тоа што Киану ми е омилен глумец, а освен тоа, луд сум по Мустанзи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Before I go to Sleep (2014)
http://www.imdb.com/title/tt1726592/?ref_=ttmd_md_nm

Кристин, средовечна жена која се буди секое утро и не се сеќава на својот живот од нејзините 20 години па наваму. Не препознавајќи го својот лик во огледало ниту пак човекот кој го гледа во нејзиниот кревет. Секое утро од својот сопруг дознава дека има амнезија поради сообраќајна несреќа но секоја ноќ кога заспива заборава се.
Додека Бен (нејзиниот сопруг) е на работа телефонски повик од мистериозен доктор ја потсетува на скриена камера во нејзиниот плакар, каде таа секој ден води видео дневник. Секој ден се среќава со докторот, кој се сомнева дека нејзината амнезија не е поради сообраќајна несреќа туку поради брутален напад врз неа. Прашањето е кому треба да му верува, на нејзиниот сопруг или на докторот кој очајно се обидува да и помогне.

Интересно филмче, со позната прича. Амнезија, измешани сеќавања, присетување на минатото... но задржува внимание. Кон крајот се случува пресврт кој би рекла беше премногу очигледен но сепак препорачувам.
Од мене има 7ца.
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
A Prophet/Un prophète
http://www.imdb.com/title/tt1235166/

Млад, нов затвореник се навикнува на затворскиот живот. Затвор ко затвор, потплатени чувари, јаки фаци, фраерчини, мафиози и слуги и кафекуварки. За да држи некаков баланс помеѓу мафиозите и кафекуварките, па и животот и смртта, младиот арап ќе мора да почне како слуга, т.е како лична помошничка на еден од побитните фаци во затворот. Со тек на отслужување на казната и после неколку докажувања и успешно извршени задачи во кои одлично ќе се снајде, влегува во игра, и како лојален потрчко добива доверба и за поголеми задачи.
Малце подолг филм, ама не помалце интересен. Филмови со затвори, не верувам дека има некој што не ги сака.
Филмов во 2009та добил дури 6 номинации на Европските филмски награди, познати како Европски Оскари, а бил награден и со еден оскар.
Актерот е многу интересен дечко, филмот си е ок, само можеле малце да го скратат, некако ептен го развлечиле скоро 3 саати. На IMDB има 8, доста му е :zelen
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Несоницата понекогаш се победува со кеширани сајтови на популарни торент тракери само што понекогаш тоа и одмага.......

Midnight Express (1978)
http://www.imdb.com/title/tt0077928/?ref_=ttfc_fc_tt

Порано имав предрасуди спрема филмови од седумдесетите, сета таа гротескна мода и имиџ, диско музиче и афро фризови, стереотипи и сето тоа... но последно време гледам дека сум бил во заблуда.
Во случајов со Миднајт Експрес, трауматичен филм по вистинит настан.
Има од се` по нешто, рандом амерички тип по име Били, кој го фаќаат со хашиш на аеродром во Стамбол и го осудуваат на драконска казна робија. Затворот во кој го носат е нешто налик на комбинација на гаден кошмар и можност за генг рејп од страна на сунетисани стражари.
Убавините на ориенталното правосудтво со прекрасната корупција и некомпетентност се почеток на маките на Били.

Но не се сите турци таму каде што е Хамид, покрај амери тука е Макс, забеган британец-наркос (Џон Харт го глуми, `nuff said) некои скандинавци... миш меш од разна раја затворена поради поседување дрога.
И повторно, типично за седумдесетите, сето тоа делува некако поинаку, како и во Песјото попладне и тука, како од екранот да испарува пот и реа од затворот, клаустрофобија и гнев се појавуваат во срцето на гледачот.

И така стапуваат на сцена два од можеби топ 20 најодвратни ликови во историјата на кинематографијата - Хамид, турчин-чувар-садист и Рифки, запечен-кодош-морон-pederче кои служат само за да им го загорчат животот на робијашите. Кои пак сами по себе не се цвеќиња за мирисање но во споредба со службениците на законот се мали нежни кокичиња.

Не би сакал да спојлерисувам премногу, погледнетe го филмот, секако дека ќе зажалите:^) - не е од оние кои те прават да се чуствуваш убаво, се` до крајот кога се случува плот твистот кој беше планиран како последица на немањето избор... и патот кон слобода.

Главниот глумец непознат, некојси Бред Дејвис кој се упокоил од сида во време кога таа била непозната болештина, еден од првите селебрити кој умрел од таа болест (слично со Песјо попладне, таму глумeцот шо го играше Сал умрел по две три години од канцерогени болести) - што е безвеза, мислам политичари живеат по 90 години и само сеат мизерија, а двајца неверојатни глумци умираат млади. Дарма или Карма не знам а и не сум спиен доволно за оф-топик...
Глумецот шо го играше Хамид не бил турчин туку амер :eek:
Сцената на тепачката помеѓу Били и Рифки feat. nervous breakdown е оној момент кога знаеш дека се работи за бесмртен филм. Можеби затоа што цел оганизам уживаше во секој удар упатен кон Рифки, рационалниот дел ми кажува дека не чини што уживав во такво насилство, но ако го гледате филмот ќе видите и зошто...

А требаше да си пуштам нешто лагано, досадно...(facepalm)
 
Последна промена:

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
upload_2015-3-5_9-50-15.jpeg

Филм за еден млад 27 годишен мултимилионер зависник од садизам...
Запознава една невина (во буквална смисла на зборот) мила кротка девојка која го заинтригирува и сака да ја направи своја потчинета...
Имаат некоја своја љубовна приказна...Таа сака да се препушти на садо мазо игрите само не знае што да очекува и зошто тој има потреба од тоа...Зошто не е по опуштен, поотворен...Тој си има своја приказна, свое минато, свое детство полно со спомени кои сака да ги заборави, свои трауми...но сепак останува недокажан, недоречен...
Филмот не е лош, иако нема некоја посебна поента, иако по мој вкус малку аматерски (во однос на глумата), а многу прашина се крена зад него...во глобала не е лош...
 
Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Love, Rosie (2014)
http://www.imdb.com/title/tt1638002/?ref_=ttmd_md_nm

Симпатична романтична комедија во која е опишан животот на една млада убава жена а паралелно животот и на нејзиниот најдобар пријател од детството.
Опишани се 12 години поминати во еден комплициран и возбудлив живот, во кои пред се на прв план е ставено пријателството.
Рози и Алекс се пријатели од нивните 5 год. и буквално се нон-стоп заедно. Но нештата се менуваат на 18от роденден на Рози. Следуваат многу комични, па и драматични сцени но тоа што ми се допадна во филмот е што Рози е прикажана како позитивна, умерена и паметна жена која со доза на хумор минува низ сите турбулентни моменти во нејзиниот живот.
Интересно филмче, привлекува со оној препознатлив британски шарм, добра глума, и симпатична музика.
Од мене имате препорака. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin