Whiplash (2014)
Филмиште...
Иако причата веќе исклишизирана за оние кои праат 100% посветеност (Shine, Billy eliot) филмов нуди многу повеќе од една типична сторија на еден тапанар во подем. Се гледа дека многу акцент не се тура во неговата посветеност и вежбите, туку на сопките кои се секогаш присутни особено кај оние кои што посветуваат 100%тен труд на својата животна желба.
Глумата е веќе посебна тема за разговор. Главниот протагонист не ми е познат богзнае што од другде, но одлично ја изигра улогата на тапанар и посебно на лик кој славата и убавите зборови му се одбиваат од глава. Ќе погледнам уште некој негов филм дефинитивно. Ј.К. Сајмонс мислам е правиот чоек за филмов; како одвратно копиле што може да ти расипе животна желба, никој друг не може. И покрај толкавата посветеност во џез музиката, типот секогаш е спремен за лична „вендета“ да му го зацрни секој чекор на малиот да успее.
Зошто понатаму го препорачувам.... музиката. И да не си некој љубител на џезот, овој филм малку ќе ти ги размрда виугите да почнеш од некаде да слушаш. По малце.
Од мене има солидна 9ка. @Aristokrat, @Хоуп* топло препорачувам.

Да знаев ќе го искршев ЦДто.. Се зезам, иако не го сакам баш (ма ич не го сакам) човеков, ама баш му легнала улогава. Може зошто имаше некој хендикеп ликот што го глумеше и некако ја тргнав таа одвратност што ја осеќам за него и сочуствував со ликот што го глумеше, пошто се работи и за вистинска приказна, па дури и ми се допадна навистина.
- не е од оние кои те прават да се чуствуваш убаво, се` до крајот кога се случува плот твистот кој беше планиран како последица на немањето избор... и патот кон слобода.