Последен гледан филм со рецензија

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Exam

Група луѓе се обидуваат да го најдат и одговорат прашањето поставено од компанијата во која тие очајно сакаат да се вработат.
Дејствието низ цел филм се случува само во една просторија и измеѓу истите личности. Многу сплетки, нереални дешавки, лично за мене и ептен претерувања. Демек бил некоја јака мистерија што на крај ќе те остави со подотворена уста, ама не..
Може крајот е непредвидлив, ама за мене беше чиста глупост. Многу ми беше нелогичен, ок ај сцени ко на филм, ама ми изгледаше ко да ги брзале и ко да им било одземано вниманието и концентрацијата на режисерите дур се мислел и снимал филмот.
Не знам, може на некој ќе му биде добар, јас му давам 5,5/10.
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Entrapment
http://www.imdb.com/title/tt0137494/?ref_=nv_sr_1

Прво ми е дилемата како досега не сум гледал вака фантастичен филм со толку малку недостатоци?
Детективот Бекер е во лов на најдобриот криминалец Роберт Мекдугал кој е осомничен за кражба на слика од Рембрант. Таа ќе појде на тајна задача за да стане негова партнерка и така да го уловат. Филм со страшен пресврт и стварно добра приказна 9/10.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Seven Samurai (1954)

http://m.imdb.com/title/tt0047478/

Јапонски филм во режија на Акиро Курросава (две Р има заради цензурата на форумов) кој го гледам прв пат дека обично ги избегнувам јапонскиве филмови. Затоа еве ви совет. Немојте да го избегнувате филмов, предобар е. :)

Се работи за едно мало село кое постојано е напаѓано од вооружени бандити. Еден ден после нападот на бандитите, селаните одлучуваат да најмат седум самураи за да го бранат селото, бидејќи тие не можат да си дозволат да купат оружје.
Наоѓаат многу искусни самураи кои се согласуваат да им помогнат во одбраната на селото од бандитите.

Во филмов има една борба која ја имам видено на малку филмови, трае околу половина час и е толку добра што е вклучен и најмал детал.
Филмов за многумина важи како најдобар во своето време, потполно се согласувам со тоа. :)

10/10
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
The Prestige (2006)

http://m.imdb.com/title/tt0482571/

Абе што не кажете дека филмов бил мастерпис. :)
Денес онака случајно ми текна дека на Телма даваат филмови, и гледам пуштаат некојси филм што се вика Престиж. Ај си викам ќе го гледам и така досадно ми беше. Значи на крајот од филмот само си реков дека мора да си го симнам и да си го гледам пак, многуу добар филм. :)

Бејл во главна улога, заедно со Х-Mеn. :)
Приказна за двајцата магионичари Роберт Енџиер и Алфред Борден кои од пријатели стануваат непријатели. Нивното ривалство станува опасно откакко Борден ќе изведе трик и Енџиер ќе сака да ја дознае тајната на трикот.

Глумата фантастична од двата актери, немам зборови. Чиста 10ка.
Сега гледам дека филмов бил на Нолан. Како само сум го пропуштил ццц. :)
Како и да е, глумата беше супер, сценариото, дијалозите, се беше за 10ка. Предобар филм. :)

Еден цитат морам да ставам, многу ми се допадна. :)

Every great magic trick consists of three part or acts. The first part is called "The Pledge". The magician shows you something ordinary a deck of cards, a bird or a man. He show you this object. Perhaps he asks you to inspect it to see if it is indeed real, unaltered normal. But of course... it probably isn't. The second act is called "The Turn". The magician takes the ordinary something and makes it do something extraordinary. Now you're lookin for the secret... but you won't find it, because of course you're not really looking. You don't really want to know, you want to be fooled. But you wouldn't clap yet. Because makin something disappear isn't enough, you have to bring it back. That's why every magic trick has a third act, the hardest part, the part we call "The Prestige".
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Saladin

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Brothers
mzi.ftqzsaoh.200x200-75.jpg

Прекрасна драма, полна со емоции...
Се работи за Сем кој има сопруга и две ќерки и е маринец кој служи во Авганистан...Пред повторно да замине брат му излегува од затвор...Овој пат нема да помине толку добро во Авганистан...Нема да продолжам...
Мене лично ми се допадна многу...и самата приказна, актерите, емоциите кои се многу скриени а сепак доловени такв какви што се...
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Lone Survivor
http://www.imdb.com/title/tt1091191/

Базиран на вистински настани за голготата на Маркус, член на воена единица, кој заедно со својот тим е испратен да го пронајде и ликвидира лидерот на Ал Каеда. Почитувањето на правилата при војување, и донесувањето морални одлуки ќе го однесе тимот право во пекол, лице во лице со суровите талибанци и со самата смрт. Приказна за храброста и борбата за опстанок, но и за хуманоста на луѓето, оние ретките кои знаат да помогнат на секого во невоља, па макар бил и од непријателската страна.

Мене ептен ми се допадна, ме напна и не можев да го извадам од глава цела вечер, посебно зошто е според вистински настани, па на крајот и го видов цел тим на слики и видеа, па го осетив филмов некако поблизок, поразличен... Ви го препорачувам. 9/10
(не е 10ка само поради почетокот, дава погрешен впечаток за она што понатаму следува)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Die Welle (The Wave) [2008]
http://www.imdb.com/title/tt1063669/

Германско училиште полно хормони во обид да се пронајдат себе и социјален експеримент на тема автократија. What could possibly go wrong?
Е, ама вистинското прашање е дали модерните и (по)слободни времиња се такви благодарение на научената лекција од минатото или историјата е осудена на повторување, макар и сосема несвесно и навидум безопасно?
Униформираноста и следењето правила, како дел од играта, го создаваат бранот, но бранот набрзо создава цунами. (shake)
Филм кој расправа за човековите граници, моќта на масите и заслепеноста од истата, како и вечната желба за признание и припадност во нешто големо.
Од мене 8.5. Не знам, од една страна, цело време ко да ми недостасуваше нешто „филмски-драматично“ што ќе ме здрма од корен, од друга страна - баш делува реално поради онаа секојдневност во сценариото.
Сепак ми се допадна и го препорачувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_- and Outrider

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Premonition (2007)
http://www.imdb.com/title/tt0477071/
Линда има убава куќа, сопруг и две симпатични ќеркички. Има совршен живот се до денот кога добива вест дека нејзиниот сопруг Џим починал во сообраќајна несреќа. Но кога се буди следниот ден нејзиниот сопруг e сеуште жив. Најпрвин таа мисли дека несреќата била само кошмар, но тогаш тоа се случува повторно. Неколку дена се буди и нејзиниот сопруг е жив и здрав, а наредните неколку дена таа се буди како вдовица. Без никакво објаснување нејзиниот живот се претвора во хаос, па во очаен обид да го спаси нејзиното семејство Линда започнува борба со времето и судбината за да се обиде да зачува се она што таа и Џим го имаат изградено.
Интересен филм, и покрај тоа што не делува реално мене ми задржа внимание. Препорачувам.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Midnight Cowboy (1969)


Малку подзабравена класика иако се работи за топ 20 филмови евер, барем според мене.
Џон Воит глуми младо селанче со едипов комплекс и инцестуозни фетиши кој заминува од селото во потрага по подобар живот во Њу Јорк. Во тоа нема ништо особено но проблемот е во тоа што планот му е да биде жиголо бидејќи некој во селото му кажал дека во Њу Јорк жените плаќаат јака пара за секс со `сирово` младо месо.
Планот баш и не успева, резервите со пари се топат и доаѓа денот кога мора да се бара чаре т.е.`агент` кој ќе наоѓа муштерии на селанецот.
Кој кого пронаоѓа е тешко да се каже но на сцена стапува Ретсо (Дастин Хофман) во една од највпечатливите филмски улоги било кога остварени. Сакат, грд, туберколозен и ситен преварант, Ретсо се обидува да преживее некако а новото пријателство ќе му донесе и нови проблеми.
Но од пријателството ќе се роди и надеж дека може да се избега од таа ситуација а понатамошниот тек и ситуациите во кои влетуваат создаваат тешка атмосфера.... со гаден крај.

Хофман глуми толку добро што човек очекува да го сретне на улица, да го чуе тој глас, да ја види таа подгрбавена појава. (Де)формиран од големиот град и физичките предиспозиции кои не се на негова страна, ликот на Ретсо е спектакуларно добро остварување.
Има нешто јако кај `аналогната` техника во начинот на кој се пренесува сета таа атмосфера на гледачите...

Ако не сте го гледале веднаш исправете го тој сериозен пропуст :cool:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Loyal

Нов член
6 октомври 2014
16
6
3
32
The Shutter Island (2010)

Еден од најдобрите психолошки трилери
Теди (Леонардо Ди Каприо) е задолжен да го истражи изчезнувањето на пациент од менталната институција. Теди има своја лична причина поради која сака да биде дел од истражувањето и постојано има трауми од втората светска војна исто така е прогонуван од смртта на неговата жена. Теди е особено заинтересиран да го најде типот што го подметна оганот во кој неговата жена почина, а дознал дека е во истата клиника. Но, како што поминува времето сваќа дека сите таму го мамат, дека сите во клиниката се дел од еден голем план и дека ништо не е како што изгледа.
Тоа што е интересно е тоа што на крајот не знаеш дали Теди бил целото време луд и навистина бил пациент во таа клиника или навистина направиле план да го полудат за да биде нивен пациент.

Сега не само што ќе го гледам пак туку и ќе ја прочитам и книгата.

Прекрасен филм
 
Последна промена од модератор: