Последен гледан филм со рецензија

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
American Muscle

Филмов е тапа.. Плутена тапа...
Безвезе снимано онака колку да се каже дека има филм.
не е лоша замислата и сето тоа, али глумата и како го режирале од почетокот...мене ми е безвезе
Се работи за тип, излегува од затвор после 10 години и ги бара сите што го наместиле а и неговата свршеница.
А пред да оди во затвор направиле кражба и било пукано во него и не знаел кој го пукал..и сите ги пука.. ово оно
 
Последна промена од модератор:

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
The Grand Budapest Hotel (2014) - ремек дело на Вес Андерсон.
Според мене ремек дело во секој аспект:
1. од актерската екипа (Ралф Фајнс, Ејдријан Броди, Вилем Дефо, Џад Ло, Харви Кејтел, епизодни улоги на Бил Мареј и Овен Вилсон и др.)
2. интересна приказна (од почеток до крај ме држеше неизвесност),
3. интересни саундтраци,
4. убава костимографија,
5. интересни дијалози
6. визуелна раскошност (важна за гледливоста на филмот).
Не сакам да пишувам кратка содржина, за да не му го уништам филмот на некого. Препорака од мене.

@LittleButterfly , ако си по добар трилер/мистерија гледај го Shutter Island, одличен филм.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Primal Fear (1996)

http://m.imdb.com/title/tt0117381/

Зашто мора да го гледате филмов? Само една причина има, а тоа е дека Едвард Нортон глуми во него. :)
Мојот омилен актер во еден од омилените филмови. :)

Не знам што да пишам за филмов :(. Ајде ќе пробам да не пишам спојлер.
Арон е обвинет за убиство на свештеникот од локалната црква, неговиот адвокат Мартин Вејл дознава дека Арон е луд и ќе се обиде да го ослободи од обвинението. Но исто така дознава дека свештениците во црквата не се баш толку добри како што се прикажуваат. Тие што не сте го гледале одма да го симнете, верувајте крајот ќе го памтите долго време. :)

Едвард Нортон во својата прва улога. Глумење маестрално, за момент си помислив дека не глуми туку дека можеби стварно е луд. Прво му го гледав Fight Club а после овој и знаев дека нема да има грешка во глумата. :)
Покрај Нортон тука е и Ричард Гир кој го глуми адвокатот Вејл. Убаво глумеше и Гир не викам не, ама не е за вакви филмови мислам. :)
Како и да е, феноменален филм.

10/10
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
The Monocled Mutineer (1986)

MV5BMTI0MjUzMTI2Ml5BMl5BanBnXkFtZTcwODYxMjAyMQ@@._V1_SY317_CR3,0,214,317_AL_.jpg


http://www.imdb.com/title/tt0092404/

Случајно кликнат линк некогаш се исплати а овој пат водеше кон екстремно емоционален филм, иако на прв поглед не делува така, нискиот буџет својствен за британски тв-филмови е очигледен и покрај прецизната костимографија. Се работи за анти-воена драма снимена околу биографија на некаков чуден лик кој навистина постоел, индивидуалист со анархични склоности кој се снаоѓа на свој начин во вртлогот на Големата војна и потоа. Украдена офицерска униформа и монокл му служат за да се преправи во офицер и на тој начин да делува на дебилната перцепција на рајата навикната да се гузи пред авторитет.
Неколку прилично јаки сцени иако не верувам дека имале такви намери при снимањето.
Актерите непознати, прочепкав по имдб, главниот лик имал глумено како Др.Ху (!?)

Не знам зошто ми `легна` филмот, можеби поради тоа што под маската во мене подмолно се крие сентиментална креатура :x
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and MoonFairy

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Se7en (1995)

http://m.imdb.com/title/tt0114369/

Најдобриот филм на Финчер? Тешко е да се каже затоа што сите му се супер, но меѓу првите три најдобри може да се стави филмов. :)

Можеби повеќето го имате гледано ама еве за оние кои што не го гледале.
Приказната е за двајца детективи кои треба да фатат сериски убиец, едниот од детективите се вика Вилијам Сомерсет и е на една недела до пензија, во таа недела тој ќе мора да му помогне на новиот детектив Дејвид Милс да го фатат серискиот убиец. Како што се зголемува бројот на жртви така се зацрвстува и односот на Соместер и Милс, заедно наоѓаат многу траги кои ги водат до убиецот но крајот ќе ве изненади, да не кажам шокира. :)

За филмов е заслужен кој друг ако не Финчер, не дека глумата не беше добра или пак дека сценариото е лошо, туку едноставно ова е ремек дело на Финчер. Во сите негови филмови крајот е брилијантен, така е и во овој.

Глумата на Морган како детективот Соместер му е можеби една од најдобрите во кариерата, во Unforgiven глумеше исто вака супер. Бред Пит малце ме нервира но во филмов супер беше. :)

Задолжително да се погледне. :)

10/10
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
The Grand Budapest Hotel (2014) - ремек дело на Вес Андерсон.
Според мене ремек дело во секој аспект:
1. од актерската екипа (Ралф Фајнс, Ејдријан Броди, Вилем Дефо, Џад Ло, Харви Кејтел, епизодни улоги на Бил Мареј и Овен Вилсон и др.)
2. интересна приказна (од почеток до крај ме држеше неизвесност),
3. интересни саундтраци,
4. убава костимографија,
5. интересни дијалози
6. визуелна раскошност (важна за гледливоста на филмот).
Не сакам да пишувам кратка содржина, за да не му го уништам филмот на некого. Препорака од мене.

@LittleButterfly , ако си по добар трилер/мистерија гледај го Shutter Island, одличен филм.
Мал офтопик:
Март кога излезе филмот по киносалите отидовме со баграта да го гледаме филмов, и сите ко помочани во исчекување на некое америчко срање од комедија (башка Нортон, Фајнс, Дефо) кога искочија почнаа да јадат трици као филмот не бил тоа што треба да биде, требало вака, онака, но само еден другар и јас ја сфативме целата поента на сатирата што овој режисер ни ја припремил. Според мене, не очекувајте премногу во филмови кои се полни со одлична актерска екипа, туку сконцентрирајте се на пораката што ја доловува режисерот. Се` друго ќе ве остава пријатно изненадени.
Мене ми беше едно одлично освежување.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp and MissChievous

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Мал офтопик:
Март кога излезе филмот по киносалите отидовме со баграта да го гледаме филмов, и сите ко помочани во исчекување на некое америчко срање од комедија (башка Нортон, Фајнс, Дефо) кога искочија почнаа да јадат трици као филмот не бил тоа што треба да биде, требало вака, онака, но само еден другар и јас ја сфативме целата поента на сатирата што овој режисер ни ја припремил. Според мене, не очекувајте премногу во филмови кои се полни со одлична актерска екипа, туку сконцентрирајте се на пораката што ја доловува режисерот. Се` друго ќе ве остава пријатно изненадени.
Мене ми беше едно одлично освежување.
Не реков дека е лош филмот, а знам дека има филмови со добра екипа, а излегле лошо. Прв на памет ми паѓа The Counselor (2013). :D
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Twelve Monkeys (1995)

http://m.imdb.com/title/tt0114746/

Додека барав преценети филмови за да пишам во другата тема го најдов и овој и ми текна дека одамна го немам гледано.
Првиот пат кога го дознав филмов одбегнував да го гледам, мислев дека е некоја глупост бидејќи некако не ми одговараше Брус Вилис во ваква улога, мислев дека повеќе би се снашол во акциони филмови ама ете сум згрешил, и да, мислев дека е со мајмуни филмов хаха. :)

Џејмс Кол е вратен назад во времето за да го запре вирусот кој го уништува човештвото. Тој тргнува во потрага по групата наречена 12 Monkeys, но по една грешка он е вратен многу поназад во времето и завршува како пациент во ментална болница. За да ја заврши мисијата која му е дадена тој треба да избега од болницата, да ја пронајде групата и да го уништи вирусот.
Дали успева? Најдобро ќе биде да го погледнете филмот и ќе дознаете. :)

Покрај Брус во филмов глуми и Бред Пит кој го глуми лудиот пациент кој станува пријател на Џејмс.
Мене лично малку ме нервира Пит ама не беше лош тука, дури едно време мислев дека не глуми туку стварно е луд. :)

Супер филм во кој се е добро вклопено и затоа е еден од подобрите во 90тите. :)
Препорачувам. :)

10/10
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Outrider

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Corpse Bride (2005)

Анимиран филм - мјузикл, кој што ги прикажува морбидноста и мртвилото на земниот свет преку една убава приказна. Единствена маана е што филмов трае само еден час. Виктор и Викториа ги спремаат за брак кој е договорен меѓу двете нивни семејства и тие се немаат никогаш ни запознаено. Планот на двете семејства е да дојдат до парите на другото семејство и ни на крај на памет не им е љубовта меѓу младоженците. Виктор е многу збунет и несмасен па на пробата за венчавката не успева да запамти ни два збора и венчавката ја одложуваат, но во меѓувреме Виктор разочаран од себе ќе залута во темната шума и обидувајќи се да ги сврзи речениците за церемонијата го става прстенот на рака од една мртва девојка која умрела чекајќи го својот младоженец. Сплет од околности меѓу светот на мртвите и светот на живите, плус ситуација која поттикнува прашање околу дефинираето на поимот „брак“. Кога се Џони Деп и Елена Бонам Картер во ист проект не може да има утка, особено ако е некој мјузикл.

Оцена 9/10 само поради тоа што трае 1 час.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aleksis and MissChievous

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Coldwater 2013
Многу добар трилер...
Се работи за камп во кој праќаат млади тинејџери деликвенти за да ги преправат и да ги вратат во реалниот свет како функционални личности или пак некои од нив остануваат да работат тука...
Млад тип по име Бред завршува на ова место заради дилање со дрога...Поминува низ жив пекол на кампот и по некое време станува повереник, меѓутоа работите излегуваат од контрола кога на кампот ќе се појави неговиот другар.
Вреди да се погледне...Мене лично ми се допадна...

@LittleButterfly , ако си по добар трилер/мистерија гледај го Shutter Island, одличен филм.
Те послушав и го гледав...многу добар трилер...единствено ми сметаше што е Леонардо во главната улога...многу многу не го сакам :)
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp