Последен гледан филм со рецензија

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Bad Kids Go To Hell (2012)
dark comedy thriller film


Неколку ученици поради казна се принудени да поминат 8 часа во училишната библиотека во сабота попладне. Откако нивниот психолог ќе ја напушти библиотеката по нивна вина, почнува вистинскиот хорор. Интересна приказна, знае да ти го задрже вниманието, единствено што ме разочара беше крајот. Не, никако не е предвидлив и обичен, ами мошне зол и одвратен. Оценка 6/10 зошто го мразев крајот и поради него го мразам и филмот.
@Змејче дај предлог некое филмче со слична тематика, тагс: тинејџери, затворени, секс, психолошки моменти ...

Bad_Kids_Go_to_Hell.jpg
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Casablanca (1942)

http://m.imdb.com/title/tt0034583/

Познат филм, а јас прв пат го гледав пред некој ден, и тоа не дека сакав туку ме натераа. Прво мислев дека глуп ќе ми биде дека јас слабо гледам вакви филмови, ама на крај изгледа ќе ми стане еден од омилените. :)
Еден од најдобрите 10 филмови на сите времиња?
По мене да. :)

Приказна исполнета со добра глума и преубава локација каде е сниман филмов, добитник на 3 оскари.
Се започнува во раните години на втората светска војна, мароканскиот град Казабланка привлекува луѓе од сите страни на светот, најмногу од Европа. Некои од нив сакаат да побегнат од војната, некои се нацисти кои доаѓаат за малку забава, а други па се коцкари и пијаници. Сите ги води патот до еден ноќен клуб кој е во сопственост на американецот Рик Блејн. Освен пијаниците и нацистите, тука е и девојката на Рик, Илса. Но они ќе мораат да ја жртвуваат својата љубов за подобра цел. :)

Хемфри Богарт како Рик и преубавата Ингрид Бергман како Илса, што повеќе да се каже од ова. :)
Заради глумата на Богарт, Рик ми стана еден од омилените филмски лккови. Последната сцена од филмов важи за една од најемотивните филмски сцени, кога Рик и Илса ќе го имаат последниот разговор. :)
Да не должам, уствари веќе долго е :), филмов мора да го погледнете, вистинска класика. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Devil's Knot (2013)
http://www.imdb.com/title/tt0804463/

Базирано на вистинска приказна за убиствата на три 8 годишни момчиња од рурален Западен Мемфис.
Ужасно лошата и немарна полициска истрага ги става на коцка животите на уште тројца малолетници, буквално натурајќи им ги убиствата поради една и единствена причина - нивните чудни интереси и начин на живот (металци што се занимаваат со Wicca :zelen) кои полицијата ги сврзува со сатанизам (смешно ради стереотипот, но жално што било реалност), давајќи си поткрепа за убиствата за кои се верува дека се дел од сатанистички ритуал.
А, кога тие кои ги влечат конците ги затвараат вратите за било кои други докази и осомничени, се добива една голгота што завршува неславно.
Несредени искази, заклучоци базирани на недогледани ленти, вадење разговори од контекст и губење на клучни материјали се само дел од хаосот приложен на суд. Додајте ги на сето тоа и револтираните, побожни мештани (rednecks), па пробајте да ја комплетирате сликата.

Претходно имав читано за случајот, но не знаев дека бил толку очаен.
Актерската екипа одлично си го одигра делот, но адаптацијава не ми се допадна нешто најмногу. Имаше премногу влечења кај што не треба, а беа пропуштени побитни моменти. Поради тоа добива 7.5/10
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Outrider

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Bad Kids Go To Hell (2012)
dark comedy thriller film


Неколку ученици поради казна се принудени да поминат 8 часа во училишната библиотека во сабота попладне. Откако нивниот психолог ќе ја напушти библиотеката по нивна вина, почнува вистинскиот хорор. Интересна приказна, знае да ти го задрже вниманието, единствено што ме разочара беше крајот. Не, никако не е предвидлив и обичен, ами мошне зол и одвратен. Оценка 6/10 зошто го мразев крајот и поради него го мразам и филмот.
@Змејче дај предлог некое филмче со слична тематика, тагс: тинејџери, затворени, секс, психолошки моменти ...

Bad_Kids_Go_to_Hell.jpg

ѕидни ги овие филмчиња, иако имаат исти наслови...се надевам дека ќе ти се допаднат ;)

 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Incognito
Очекував многу повеќе од филмот ама и вака не е лош. Хари е сликар кој изработува плагијати на оригинални дела од толку непознати сликари и добро заработува од тоа. Еден ден ќе добие понуда 50 000 долари плус уште пола милијон за да наслика копија на Рембрант. Незнаејчи во што се впушта ја прифаќа понудата и заминува на работа во Холандија.. Добар за тепање време 7/10.
 
Последна промена од модератор:

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
RRRrrrr!!!

Ќе пробам да го преведам воведот во филмот од француски:
На 9-ти мај 1969, на неколку километри од северната граница на Лаос 101-вата Американска пешадиска дивизија напредуваше кон ридот 937. За нив тоа беше обична мисија. За Виет-конг, ридот 937 беше стратешка точка. Десетина војници, нови во војната, беа на пат да ја завршат оваа мисија за два часа. Се бореа херојски 9 дена. Овој филм не ја раскажува нивната приказна.

Одамна немам гледано ваков добар филм. На imdb има оцена 5.5, јас слободно му давам 9.5. Целата замисла е перфектна: 35 000 пне, две племиња и војна стара 800 години која се води меѓу нив. Хумор а-ла-МонтиПајтон, генијално смислена приказна за таков хумор. За повеќето од луѓето ова ќе е глуп филм, веројатно затоа и има толку слаба оцена ама ако Монти Пајтон ви се допаднале тогаш филмов нема шанси да не ви се допадне.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
The Occupants
upload_2014-9-11_11-36-5.jpeg
Како и повеќето филмови од 2014 некако недокажан ми е филмов...
Луси, наводно омажена, со мало бебе, живее во прекрасна куќа надвор од градот и се е совршено се’ до оној момент кога почнуваат заедно со “маж и’’ да гледаат некои ликови и дејствија во сопствената куќа.
И помага нејзиниот ментор и колега...кој со помош на хипноза и со малку истражување дознава дека Луси е посвоена и се она што се случува во куќата е поврзано со нејзиното предходно семејство за кое таа не се сеќава.
Не е лош интересен е, приказната е ок...мада некако ми фали повеќе акција, повеќе ефекти...
 
Последна промена од модератор:

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Infernal Affairs (2002)

http://m.imdb.com/title/tt0338564/

Супер кинески трилер кој ја има истата приказна како повеќе познатиот The Departed, разликата е во тоа што филмов е снимен пред Departed што значи дека Скорсезе малце копирал, барем јас така мислам. :)

Ако сте го гледале Departed тогаш нема потреба да го гледате овој, за тие што не го гледале приказната е за двајца шпиони, едниот е полицаецот Леунг кој е шпион во мафијата, а другиот е криминалецот Лау кој е шпион во полицијата.
И двајцата имаат задача да открикат кој е шпионот, потрагата станува потешка за полицаецот Леунг откако ќе биде убиен неговиот шеф, и ќе биде оставен сам на себе. :)

Тешко да се најде нешто лошо во филмов, кинескиот јазик ми беше посебно интересен за слушање а и актерите не беа лоши. Откако го изгледав Departed можам да кажам дека кинескиов е подобар, баталете Скорсезе и Џек Николсон, овој е многу подобар. :)
Има уште 2 дела од филмов ама не би ги препорачал, не дека не се добри туку овој е најдобар. :)

10/10
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
По препорака на членот над мене конечно и јас го гледав Casablanca...
Интересен...
Не можев да се изначудам на племенитоста и големината на една љубов...
Колку можеш да сакаш некого, да ја жртвуваш сопствената среќа, само љубениот да биде среќен...
Незамисливо за денешно време...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Altaïr

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Пред некој ден ги изгледав Millennium series ама оние шведските. Три дела по речиси 3 часа и се` на се` одлична приказна (поделени се сите на уште по 2 дела ама ко целини се 3).

The girl with the dragon tattoo e првиот дел воедно и вовед во целата приказна. Контраверзен новинар кој бил наместен со лажни аргументи за да биде пикнат во затвор и мистериозна девојка за која низ филмот се откриваат фрагменти од нејзиниот живот се наоѓаат некако заедно да откријат случај стар 40 години во позната фамилија. Сомнежи на сите страни, неповрзани траги, сите ликови имаат по некој мотив. Решението на случајот е сосема неочекувано, нешто што не би го ни претпоставил.
The girl who played with fire е вториот дел. Овојпат се` започнува со приказна за трговија со луѓе и како власта маргинализирала одредена група но новинарите кои ја донесоа таа приказна се убиени од пиштол на кој има отстисоци од мистериозната девојка. Низа убиства и настани во кои главен осомничен за полицијата е таа, па приморана е да се крие колку што може повеќе и да делува неприметно. Крајот е само вовед во третиот дел.
The girl who kicked the hornets nest, е овде е веќе сериозна приказната. Мистериозни убиства и мистериозни мотиви. Полицијата води своја истрага, новинарот заедно со девојката водат нивна истрага. Овде е повеќе правничко натегање и судски процес без нешто многу дејствија, но ако ги испуштитш и тие малку што ги има после ќе се чудиш што зборат ликовите. Овде веќе се игра со целосно отворени карти. Две приказни за минатото на девојката, која е точната одредува судот. Едната приказна ја праќа во лудница, другата на слобода.

Можеби единствена маана на серијалов е што е пренатрупан со детали и ситници кои што се подеднакво важни. Секој израз на лицето на ликовите и секоја реченица водат некаде па ако изгубиш внимание се губиш во приказната. Можеби и малку е претерано со разговорите, ама сепак тоа не ја менува целосната слика за приказната. Од мене солидна 9-ка како overall, поединечно првиот 9, вториот 9,5 и третиот 8,5 само поради тоа што не сакам многу да гледам судски натегања на филм.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy