Последен гледан филм со рецензија

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
The Count of Monte Cristo

Во времето на Бонапарта, млад и наивен човек е лажно обвинет од својот бездушен и љубоморен најдобар пријател. После мачни и тешки 13 години во затвор и после наоѓањето на скриеното богатство, тој ќе се врати назад меѓу своите непријатели како грофот од Монте Кристо, никогаш поспремен за својата одмазда.

Одамна немам пишувано рецензија, а изгледав неколку филмови во меѓувреме и не можев а да не го одделам филмов и да пишам некој збор. Огромна препорака од мене, одличен филм. 9!
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Пред некој ден ги изгледав Millennium series ама оние шведските. Три дела по речиси 3 часа и се` на се` одлична приказна (поделени се сите на уште по 2 дела ама ко целини се 3).

The girl with the dragon tattoo e првиот дел воедно и вовед во целата приказна. Контраверзен новинар кој бил наместен со лажни аргументи за да биде пикнат во затвор и мистериозна девојка за која низ филмот се откриваат фрагменти од нејзиниот живот се наоѓаат некако заедно да откријат случај стар 40 години во позната фамилија. Сомнежи на сите страни, неповрзани траги, сите ликови имаат по некој мотив. Решението на случајот е сосема неочекувано, нешто што не би го ни претпоставил.
The girl who played with fire е вториот дел. Овојпат се` започнува со приказна за трговија со луѓе и како власта маргинализирала одредена група но новинарите кои ја донесоа таа приказна се убиени од пиштол на кој има отстисоци од мистериозната девојка. Низа убиства и настани во кои главен осомничен за полицијата е таа, па приморана е да се крие колку што може повеќе и да делува неприметно. Крајот е само вовед во третиот дел.
The girl who kicked the hornets nest, е овде е веќе сериозна приказната. Мистериозни убиства и мистериозни мотиви. Полицијата води своја истрага, новинарот заедно со девојката водат нивна истрага. Овде е повеќе правничко натегање и судски процес без нешто многу дејствија, но ако ги испуштитш и тие малку што ги има после ќе се чудиш што зборат ликовите. Овде веќе се игра со целосно отворени карти. Две приказни за минатото на девојката, која е точната одредува судот. Едната приказна ја праќа во лудница, другата на слобода.

Можеби единствена маана на серијалов е што е пренатрупан со детали и ситници кои што се подеднакво важни. Секој израз на лицето на ликовите и секоја реченица водат некаде па ако изгубиш внимание се губиш во приказната. Можеби и малку е претерано со разговорите, ама сепак тоа не ја менува целосната слика за приказната. Од мене солидна 9-ка како overall, поединечно првиот 9, вториот 9,5 и третиот 8,5 само поради тоа што не сакам многу да гледам судски натегања на филм.
Првиот ми беше гледан одамна ама го изгледав уште еднаш чисто да се потссетам на приказната...Филмот си нема ниедна мана..Приказната предобра, актерската екипа уште подобра особено самата Лизбет...
Следните два ги изгледав по твојата препорака не ми беа гледани...
Не можам да се сложам со тебе дена 2 и 3 се подобри од првиот... Некако и двата ми беа аматерски во споредба со првиот, второ ме нервира кога ќе ги сменат глумците а трето има некои пропусти кои не се совпаѓаат со факти од првиот и сето тоа би го препишала на аматеризмот...
Лизбет ми немаше некако доволно самоувернеост и самодоверба како “првата“...Некако не ми беше доволно tough и дива...
Ама, :) (и тоа големо ама) приказната е беспрекорна и одлична. Самата сторија е фасцинантна и мислам дека се’ што кажав досега паѓа во вода зашто самата приказна покрива се’.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Првиот ми беше гледан одамна ама го изгледав уште еднаш чисто да се потссетам на приказната...Филмот си нема ниедна мана..Приказната предобра, актерската екипа уште подобра особено самата Лизбет...
Следните два ги изгледав по твојата препорака не ми беа гледани...
Не можам да се сложам со тебе дена 2 и 3 се подобри од првиот... Некако и двата ми беа аматерски во споредба со првиот, второ ме нервира кога ќе ги сменат глумците а трето има некои пропусти кои не се совпаѓаат со факти од првиот и сето тоа би го препишала на аматеризмот...
Лизбет ми немаше некако доволно самоувернеост и самодоверба како “првата“...Некако не ми беше доволно tough и дива...
Ама, :) (и тоа големо ама) приказната е беспрекорна и одлична. Самата сторија е фасцинантна и мислам дека се’ што кажав досега паѓа во вода зашто самата приказна покрива се’.
Како бре смена на глумци? Шведската трилогија нема такво нешто. Прв дел, втор дел, трет дел. Провери го кастингот и ќе се увериш дека нема смена на глумците.
Јас такво нешто што не се совпаѓа не сретнав и мислам дека филмот е многу детално работен и многу е внимавано на деталите од приказната. За Лизбет и нејзината самодоверба... ќе спојлерисувам ако пишам зошто е така :zelen
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ben - Hur (1959)

http://m.imdb.com/title/tt0052618/

Најдобриот филм на сите времиња! Добро можеби не најдобриот ама сигурно еден од најдобрите три. :)

Историски филм за време на Римската Империја. Еврејскиот принц Бен - Хур живее во Ерусалим заедно со неговиот римски пријател Месала. После неколку години надвор од Ерусалим, Месала се враќа како римски војник.

Бен - Хур е човек кој сака да го види еврејскиот народ слободен, а Месала верува во силата на Римската Империја и во тоа дека никој не може да ја победи.
Откако ќе се врати во Ерусалим Месала бара од Бен да му ги каже имињата на сите евреи кои зборувале лошо за Рим, Бен одбива да му ги каже бидејќи не сака да го предаде својот народ.
Во чест на новиот гувернер се одржува парада, кога гувернерот ќе помине покрај куќата на Бен од неа паѓа голем камен во близина на гувернерот, тоа е уствари несреќен случај но римските војници не мислат така. Месала иако знае дека се работи за несреќа го осудува Бен и го праќа да работи како веслач на брод, а неговите мајка и сестра ги става во затвор.
Од моментот кога Бен ќе се качи на бродот се заколнува дека ќе му се одмазди на својот пријател кој го предал и го наместил. За време на една морска битка бродот на кој се наоѓа Бен е потопен, но Бен успева да се спаси и тоа не само себе туку и капетанот на бродот. Кога заедно ќе се вратат во Рим, конзулот го ослободува Бен и го посвојува. Поминуваат годините а Бен го научил римскиот начин на живот, научил да се бори и станува добар борец. Одлучува да се врати дома и после што се случува ако сакате да знаете треба да го гледате филмов. :)

Можеби трае малку повеќе ама за ваква класика вреди да се потрошат 2 и пол часа. Првиот филм добитник на 11 оскари. :)

10/10
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Како бре смена на глумци? Шведската трилогија нема такво нешто. Прв дел, втор дел, трет дел. Провери го кастингот и ќе се увериш дека нема смена на глумците.
Јас такво нешто што не се совпаѓа не сретнав и мислам дека филмот е многу детално работен и многу е внимавано на деталите од приказната. За Лизбет и нејзината самодоверба... ќе спојлерисувам ако пишам зошто е така :zelen
Јас како прв дел го гледав овој http://www.imdb.com/title/tt1568346/?ref_=tt_rec_tti...
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
The Usual Suspects (1995)

http://m.imdb.com/title/tt0114814/

Сакате трилери? Филмови со јаки пресврти? Епа овој филм е баш таков, ако не сте го гледале (а мислам дека нема некој што не го гледал) тогаш да го изгледате одма. :)

После првото гледање ќе останете долго време зачудени од крајот. Приказната е иначе за пет криминалци кои се уапсени и однесени во полициската станица во Њу Јорк на испрашување во врска со грабеж на камион.
Откако ќе се утврди дека никој од нив не е виновен, сите заедно смислуваат план за да и се одмаздат на полицијата. Планот оди супер но се појавува и друг криминалец за кој никој не знае кој е тој. Ај доста ви е до тука, знам дека не е нешто убаво објаснето ама ако продолжам можно е да пишам спојлер некој. :)

Што се однесува на глумата можам да кажам дека сите беа фантастични, Кевин Спејси беше најдобар, како само глумеше се до крајот. :)

10/10
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
The Man
Леле филмов е јака крими комедија едноставно ме чуди како до сега не сум го гледал. Дерик е полицаец кој брка еден познат криминалец. Обидувајќи се да го навлече дека тој е купувач на оружје ќе договори средба во еден ресторан ама криминалецот по грешка ќе го избере Енди кој по професија е забар кој оди на конференција... Одличен 10/10.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Prisoners
Филмиште...
Драматичен, мистериозен, напнат, тензичен и пред се’ многу потресен...
Ме натера да ги изгризам сите нокти...:gladen
Се работи за две семејства кои се многу блиски и кои заедно го слават Денот на благодарноста. Но мала прошетка на нивните деца и тоа во нивното маало си кошташе многу. имено, двете девојчиња исчезнуваат односно се киднапирани.
Родителите, особено таткото на Ана прави се што знае и умее само да ја најде нивната ќерка.
Овој случај расветлува и многу стари нерешени дела.
Прекрасен трилер, одлична глума, ете конечно најдов филм по мој терк...
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp and Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
The Fugitive (1993)

http://m.imdb.com/title/tt0106977/

Ех порано на телма кога ќе го даваа филмов останував до после полноќ и се успивав за на школо, дека касно секогаш го даваа. :(

Харисон Форд во главната улога како Ричард Кембл, доктор кој е погрешно обвинет за убиство на неговата жена. Додека го носат кон затворот, бега од полициското комбе и од тука почнува потрагата по него а докторот ќе мора да бега се додека не се докаже дека е невин.
Томи ли Џонс го глуми маршалот Семјуел кој ќе се обиде да го фати доктор Кембл.

Глумата на Форд и на Џонс е супер. Џонс иначе освои оскар за споредна улога за филмов, а Форд искрено отсекогаш ме нервирал малце ама дека е добар актер вистина е. :)

Добра е приказната на филмов иако на моменти не ми се допаѓаше и ми беше досадно, затоа од мене ќе си добие 8/10. :)
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
In the Land of Blood and Honey
upload_2014-9-30_11-37-53.jpeg

Не знам шта речи за филмов...
Филм во обид на Анџелина Џоли со кој не знам што сакаше да каже и покаже али нема врска да не навлегувам...
Се работи за српско-босанската војна, омраза и нетрпеливост, во чиј тек се раѓа една “љубов“...
Многу експлицитни сцени на силување, малтретирање, особено ме потресе сцената со мртвото бебе...
Во голбала според мој вкус филмов е лош од секој можен аспект...Прво нема тек, нема поента и стварно не знам која е целта на филмов...