Последен гледан филм со рецензија

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Phone Booth (2002)

http://m.imdb.com/title/tt0183649/

Филмов го имав пишано дека е потценет ама рецензија нема па затоа да пишеме нешто. :)

Стју Шепард арогантен менаџер од Њу Јорк зборува со својата љубовница преку телефонска говорница, додека зборува му доаѓа носач на пици кој се обидува му вика дека има пица за него и дека треба да ја земе.
Откако Стју непристојно ќе го одбие, човекот си оди и од тука почнува кошмарот на Шепард. По завршувањето на разговорот, ѕвони телефонот од говорницата и Стју се јавува. Човекот од другата страна на телефонот му вика дека не смее да ја напушти говорницата или да викне полиција, зашто ќе го убие. :)

Интересен трилер со Колин Фарел како Стју и Форест Витакер како полицаецот кој ќе се обиде да му помогне.
Значи додека трае филмов не смее да се прави ништо, има добри моменти и супер глума. Интересно е при крајот кога Шепард веќе не може да издржи.

Препорачувам нормално. :)
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
The Rock
http://www.imdb.com/title/tt0117500/?ref_=nv_sr_2

Еј филмчиште нема вакви понови или ретки се :)
Стенли е успешен биохемичар со специјалност за нервни гасови. Тој ќе биде повикан на задача за деактивирање на 15 бомби со тешко хемиско оружје кои се наоѓаат во Алкатрас кој е под опсада. За да влезат во Алкатрас незабележани ќе го повикат единствениот кој успеал да избега од него Мејсон за кого се избришани сите податоци едноставно тој не постои. Малку да ја дошмирглале би му дал 10 ама имаше некој сцени што не ми беа по мерак затоа 8/10.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
What If

url.jpg

What if најдобриот другар/другарка е љубовта на твојот живот? Иако приказната е веќе видена - дали пости пријателство помеѓу машко и женско - филмчево е шармантно поради сите оние пријателски разговори кои се одвиваат помеѓу Wallace и Chantry од моментот на нивното запознавање. Иако има типичен happy end, сепак го препорачувам за тотално опуштање кога сакате да си искулирате по дома. Ми се пријаде fool's gold...

Трејлер.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Сношти имав време за цели два. :igra

The Possession (2012)
http://www.imdb.com/title/tt0431021/

Клише, хорор приказна базирана на легендата за Дибак - дрвена кутија со еврејски натписи во која се верува дека се кријаат зли демони. Всушност, јас имам читано дека се работи за духови, ама во филмов беше педо-демон кој бараше чисти, детски души. :D
Еден развод и две деца растргнати помеѓу родителите, од кои помалото ја наоѓа кутијата на маалска yard sale. И тука почнува шепотот во ситни саати и чудното однесување за кое е потребен егзорцизам според Тората. Го лупнале Џон Винчестер во улога на немоќен татко. Мислим...:frantic
Освен него (и малото девојче донекаде), глумата е претежно благо очајна. (worried) Оценката е 5.9 и се сложувам со истата. Океј за едно гледање.

И кад је дан, нек је роџендан со просечни филмови...
Dylan Dog: Dead of Night (2010)
http://www.imdb.com/title/tt1013860/

Кај мене во фолдер стои 2011, па којзнае...
Очекував за мене филмов да е свето тројство - јагленосана хорор-комедија + крими + стрип...а добив само смешнички моменти со Маркус.
Ама океј, основата е таа и тоа е тоа, нема некои јаки допирни точки со стрипот (бар колку што јас знам), ако човек бара тоа.
По смртта на Касандра, Дилан е заколнат дека веќе нема да работи на натприродни случаи т.е. оди во „пензија“, но тоа се менува со убиството и зомбифицирањето на неговиот пријател Маркус и повикот за пронаоѓање на исчезнатото Срце на Белиал кое ја содржи крвта на најмоќниот демон, кој може да оживее ако таа крв се вбризга во некого. Така, Дилан тргнува во потрага по срцето и налетува на триста дешавки, како и во секој филм од тој тип.
Светла точка - глумецот е бонбона. Да грабнеш и да бегаш во планина да не ти го земат. :zelen
За гледање - океј, има солидни моменти. За плакнење очи - топ. :sreken
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
You're Not You 2014 ( Извонредни: Hilary Swank, Emmy Rossum, Josh Duhamel)

Само што го изгледав овој филм и првата работа што сакав да ја направам е да го споделам со некого, да кажам дека нешто научив и дека сум подобра личност од таа што бев или сакам да бидам подобра личност од таа што бев пред да го изгледам.

Плачев за двете хероини, плачев за целиот свет, плачев за себе ....

Овој филм покажува како може се` да ни се промени во само еден миг , како може да се потресе сигурното стаклено ѕвоно во кое живееме секој ден , во кое градиме тула по тула нешто што го нарекуваме живот додека не знаеме што тој збор „живот“ воопшто и значи.

Не кажувам ниту еден факт за филмот туку кажувам што пробуди кај мене.
После ова јас имам желба да живеам, да сакам, да помагам најсилно што можам и никогаш да не допрам. Не сакам никогаш повторно да бидам површна, и не сакам да се пожалам повеќе од ништо и сакам само да се заблагодарувам што сум и што сме едни од привилегираните на светов. Привилегирани сме што имаме здравје , што можеме да трчаме, да патуваме, да врискаме кога ни е лошо. Можеме да измиеме заби, да направиме доручек и да станеме од кревет наутро.
Никогаш нема да станувам и да легнувам мислејќи дека тоа е единствената опција. Ќе се заблагодарувам ооо да ќе се заблагодарувам.
Зборовиве изгледаат нафрлено, но откако ќе го изгледате филмот ќе имаат голема смисла.

Еден од оние кои менуваат живот.

Силно го препорачувам.


 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Loyal and MoonFairy

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Let's Be Cops

lets be cops.jpg

Филмов е најдобрата комедија што ја имам гледано годинава, ако не и во последниве 2-3 години. 30 и нешто годишните Рајан и Џастин една вечер ќе отидат на masquerade журка облечени како цајкани. Цајканската униформа ќе им го промени животот! Благодарејќи на неа, луѓето околу нив мислејќи дека се вистински цајкани, ќе им покажуваат огромна почит што ќе ги натера да уживаат во нивната улога уште некој ден. Но, желбата за авантура и непромисленоста ќе ги вмеша во валканите игри на мафијата и расипаните детективи. Jake Johnson и Damon Wayans Jr. се перфектни за улогата, едноставно се осеќа нивното вистинско пријателство (веројатно стекнато за време на New Girl) и се исто толку шармантни колку и хумористични. Колку сум се смеела на сцената со three females, early 20s, possibly intoxicated (1:50 на трејлерот подолу)! :rofl

Трејлер.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Конечно малку слободно време за гледање филмови. Решив да си направам маратон на постари филмови од сите жанрови, почнав со хорор а во следните 3-4 дена ќе продолжам и со други, нормално рецензии ќе има со секој изгледан филм. :)

Прв го гледав The Shining, еден од најпознатите хорори од 1980. Направен според книгата на Stephen King и во режија на Стенли Кјубрик.

http://m.imdb.com/title/tt0081505/

Џек Торенс прифаќа да работи во хотелот Overlook како чувар во текот на зимата. Претходниот чувар на хотелот си ги убил жената и двете ќерки но тоа не му смета на Џек и ја прифаќа работата.
Откако сите гости ќе си отидат и нема никој да остане, Џек со неговата жена и синот доаѓаат во хотелот во кој треба да останат цела зима.
Како што поминува времето на Џек почнуваат да му се случуваат чудни работи кои на неговата жена и син ќе им го направат престојот во хотелот прав кошмар. :)
Ај доста ви е, кај најдов па и јас да пишувам рецензија за хорор во 3 по полноќ. :(

Што се однесува на глумата на Николсон, маестрално, феноменално, немам зборови стварно предобро. Сега ќе пишам нешто и ќе ризикувам да ме истепате сите филмаџии ама ако. Мислам дека Џек одглуми подобро во овој филм отколку во Кукавичкото Гнездо, ете кажав. :)
Исто ми се допадна глумата на синот на Џек, Дани. Мене ми изгледаше онака баш језиво на моменти, посебно кога и викаше на мајка му, redrum redrum redrum.
Упм што ми е мене нема да заспијам.

Нема што друго да пишам, ако сакате добар хорор одма да го гледате филмов. Маестро Кјубрик направил култен хорор. :)

100/100
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Филм кој е базиран по вистинска приказна.
Во јужен Мемфис три малолетни деца исчезнуваат па ги наоѓаат убиени и масакрирани...
Филмот случајно ми го посочи @Redhead иако ни она го немаше гледано.
Претежок е за гледање и е премногу реален.ГЛедајќи го приметив дека режисерот и сценаристот се трудат да ми го доловат секој дел од судењето и патењето на семејствата на жртвите и осомничените.
Го изгледав и сватив дека не е доволно тоа па ги најдов 3-те дела на HBO за кои снимил документарци од по два саата.
Приказнава имала преголем публицитет баш поради нејзината контраверзност.....и претпоставувам заради документарните филмови.
Филмот и документарците ги доживеав премногу тешко,се соживеав со ликовите.

Еве го филмот
Devils-Knot-primo-trailer-e-poster-del-film-di-con-Colin-Firth-e-Reese-Witherspoon.jpg


Документарците во три дела

Paradise_Lost_Dvd.jpg

и последниот документарец кој не ми е изгледан на истата тематика e WEST OF MEMPHIS

images
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Omen (1976)

"When the Jews return to Zion,
and a comet rips the sky,
and the Holy Roman Empire rises,
then you and I must die.

From the Eternal Sea, He rises,
creating armies on either shore,
turning man against his brother,
till man exists, no more."

Доаѓањето на Антихристот и конечната пресметка помеѓу доброто и злото е една од централните теми во аврамската митологија (христијанство, еврејство, ислам) и секако е јака платформа за екранизација. Има многу филмови со ѓаоли и три шестки но ниту еден во себе ја нема језивоста на Омен.
Зошто е тоа така може само да се нагаѓа. Дали е во прашање кастингот? Злобното детиште кое го игра антихристот е гадна појава, мешавина меѓу злоба и крајна размазеност и предизвикува нелагодност кога се гледа на екранот. Како му било на вистинските родители - секој ден да го гледаат оној сурат не сакам ни да знам :zelen
Дали е тоа неговата заштитничка, слугинката која е толку грозна појава што не сум сигурен дека имам видено поодбивна жена. Или можеби е главниот лик кој го глуми Грегори Пек, амерички амбасадор во Лондон, резервиран и by the book лик кој подоцна под теретот на доказите се решава на ултимативно табу - чедомор за општо добро?

Галерија на силни ликови, попот кој ги цитираше горенаведените стихови од Откровението со својата архаично-лунатична појава, новинарот, сопругата на амбасадорот, ротвајлерите, италијанскиот унаказен поп, првата слугинка.
Фотографијата е моќна, доловена е атмосфера на хорор која тешко се достигнува а саундракот во кој се опева ѓаоло на латински само ја засилува језата.

Прашањето како го склопиле сето тоа е на крај неважно, важно е што се работи за два часа на хорор-уживање со сериозно сценарио и сите квалитети кои може да се замислат во еден филм. Мистеријата зошто снимаат продолженија кај филмови во кои оригиналот е ненадминлив останува без одговор надвор од бокс-офисот...
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
The Normal Heart

the normal heart movie poster.jpg

Геј активист се обидува да ја крене свеста кај народот во врска со сидата на почетокот на '80-тите години и да ја натера државата да им помогне во борбата против вирусот. Филмот е длабоко разработен за моменталниот живот на хомосексуалците во '80-тите години во Америка, нивната секојдневна борба со дискриминацијата и болеста која за кратко време започнува да се шири и додека бројот на смртни случаеви се зголемува, владата не сака ниту да се состане со нив и да ги ислуша. Дејствието во филмот се одвива помеѓу 1981 и 1983 година кога заболени имало околу 3000, а веќе до 1986-та година бројот се искачил до над 20000 луѓе. Се затоа што владата не сакала ниту да ги ислуша, а камо ли пак да им помогне. До сега се починати 36 милиони луѓе, а секојдневно се заболуваат околу 6000. Кој знае што би било денес кога луѓето поинаку би размилувале тогаш...

Филмот е хардкор, без срам и перде прикажани се геј секс сцени, бакнувања, гушкања и ред други работи. Филмот е хардкор зошто можеби нема да те доведе до работ на плачање, но сигурно ќе те натера да почувствуваш сочувство. Mark Ruffalo, Matt Bomer, Julia Roberts, Taylor Kitsch... цела екипа на глумци е ОДЛИЧНА!!

Трејлер.