Psycho (1960)
http://m.imdb.com/title/tt0054215/
Па има ли некој што не го знае филмов? Има ли некој што не ја знае легендарната сцена под тушот? Секако дека нема, ретки се оние што го немаат гледано. Дури и мајка ми одма знаеше за кој филм се работи и кој е режисер кога и ја покажав сцената под тушот. Значи, ако случајно некој го нема гледано филмов, одма на гледање.![Насмевка :) :)](/images/emoji/smile_animated.png)
Сега да ви кажам каква е приказната. Марион и нејзиниот дечко Сем се наоѓаат на таен ручек во еден хотел. Поради долговите на Сем тие не можат да се венчаат затоа што немаат доволно пари. Бидејќи не знаат како да дојдат до пари, Сем се враќа во Калифорнија а Марион продолжува на работа.
После некој ден кај Марион на работа доаѓа клиент со 40 илјади долари сакајќи да купи куќа за неговата ќерка. Гледајќи прилика да започне нов живот со Сем, Марион му ги краде парите на клиентот и тргнува кај Сем.
Но откако ќе ја фати невреме по пат, мора да застане во еден мотел. Мотелот го води Норман Бејтс кој убаво ќе ја пречека Марион... Толку.![Насмевка :) :)](/images/emoji/smile_animated.png)
Премногу добар филм. Снимен е со смешен буџет од тогашни 806 илјади долари, а заработката му била преку 30 милиони. Ако добро се сеќавам што читав на нет, сцената под тушот е снимана 6 дена.![Изненаден :eek :eek](/images/emoji/surprised_animated.png)
Абе Хичкок и се е можно.
Само да кажам дека ми се допадна глумата на Ентони Перкинс како Норман, и Вера Мајлс не беше лоша.![Насмевка :) :)](/images/emoji/smile_animated.png)
Исто така ми се допадна што е црнобел филмот, дека некои така малце страшни сцени ги прави да бидат повеќе страшни.
Музиката ја знаете нели? Епа ако мислите дека е феноменална во право сте.
Немам што да кажам повеќе. Кој нема да го гледа филмов срам да му е.![Насмевка :) :)](/images/emoji/smile_animated.png)
http://m.imdb.com/title/tt0054215/
Па има ли некој што не го знае филмов? Има ли некој што не ја знае легендарната сцена под тушот? Секако дека нема, ретки се оние што го немаат гледано. Дури и мајка ми одма знаеше за кој филм се работи и кој е режисер кога и ја покажав сцената под тушот. Значи, ако случајно некој го нема гледано филмов, одма на гледање.
![Насмевка :) :)](/images/emoji/smile_animated.png)
Сега да ви кажам каква е приказната. Марион и нејзиниот дечко Сем се наоѓаат на таен ручек во еден хотел. Поради долговите на Сем тие не можат да се венчаат затоа што немаат доволно пари. Бидејќи не знаат како да дојдат до пари, Сем се враќа во Калифорнија а Марион продолжува на работа.
После некој ден кај Марион на работа доаѓа клиент со 40 илјади долари сакајќи да купи куќа за неговата ќерка. Гледајќи прилика да започне нов живот со Сем, Марион му ги краде парите на клиентот и тргнува кај Сем.
Но откако ќе ја фати невреме по пат, мора да застане во еден мотел. Мотелот го води Норман Бејтс кој убаво ќе ја пречека Марион... Толку.
![Насмевка :) :)](/images/emoji/smile_animated.png)
Премногу добар филм. Снимен е со смешен буџет од тогашни 806 илјади долари, а заработката му била преку 30 милиони. Ако добро се сеќавам што читав на нет, сцената под тушот е снимана 6 дена.
![Изненаден :eek :eek](/images/emoji/surprised_animated.png)
Абе Хичкок и се е можно.
Само да кажам дека ми се допадна глумата на Ентони Перкинс како Норман, и Вера Мајлс не беше лоша.
![Насмевка :) :)](/images/emoji/smile_animated.png)
Исто така ми се допадна што е црнобел филмот, дека некои така малце страшни сцени ги прави да бидат повеќе страшни.
Музиката ја знаете нели? Епа ако мислите дека е феноменална во право сте.
Немам што да кажам повеќе. Кој нема да го гледа филмов срам да му е.
![Насмевка :) :)](/images/emoji/smile_animated.png)