A Fistful of Dollars (1964)
http://m.imdb.com/title/tt0058461/
Се заразив со вестерниве, сум симнал дури 15 од кои 7 веќе изгледав. Сега ја почнав трилогијата на Леоне или попозната како Dollars Trilogy. Клинт Инствуд со уште неколку добри актери во еден од најпознатите шпагети вестерн. Филмов е излезен прво во Италија, а 3 години подоцна и во Америка. Многу го сметаат за римејк на еден јапонски филм од 1961.
Во приказната се работи за странец кој доаѓа во еден мал град покрај Мексиканската граница во кој две скарани фамилии се борат за да завладеат со градот. Сакајќи да заработи лесни пари, непознатиот човек одлучува да игра опасна игра со двете фамилии и да ги натера да се убијат.
Ова е првиот дел од трилогијата, другите ќе ги пишам во истово мислење. Музиката е на Енио Мориконе и е предобра. Ми се допаднаа оние сцени со дуелите и тоа како добро се снимени. Супер филм.
For a Few Dollars More (1965)
http://m.imdb.com/title/tt0059578/
Еве го и вториот дел, малку повеќе е познат од првиот ама и малку подобар, барем за мене.
Во овој дел непознатиот човек заедно со уште еден се во потрага по најбараниот човек на Дивиот Запад, нормално за да земат пари. До целта ќе стигнат потешко отколку што мислат.
Филм со повеќе пукање и неочекувани моменти, глумата на Иствуд го прави уште подобар.
Вестерн класика.
The Good, The Bad and The Ugly (1966)
http://m.imdb.com/title/tt0060196/?ref_=m_tt_rec_tti
Последниот и најпознатиот дел од трилогијата. Можете да гледате и 100 вестерни но ако не сте го гледале овој исто како да не сте гледале вестерн филмови.
Тројца се во потрага по скриеното богатство, секој го сака целото за себе но патот е долг и тежок, двајца патуваат заедно а едниот пробува на секој начин да стигне пред нив. Филм со многу легендарни сцени и дуели, најпозната сцена која секој што гледа вестерн ја знае уште позната е како The Trio, последниот дуел на сите тројца. Нивните смирени и исплашени погледи, музиката на Мориконе во позадина, се тоа во едно. Маестрално, феноменално. Серџо мајсторе.
За вложениот труд заслужувам пп од некоја убава форумџика.