Односот татко-ќерка

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Некои ми се чудат на мојата блискост со татко ми. Не дека со него споделувам кога сум го имала последниот секс, ама имаме обострана близина.
Не ми е срам да поминам по долна облека покрај него, или да го замолам да ми купи влошки, а притоа и да му го дадам ќесенцето како мустра.
И тој и мајка ми знаат како дишам, па неретко со нив споделувам се што ме мачи. Ми даваат совети како никој друг на светов. Татко ми беше тој на кој прв кажав за сегашниот дечко.
Благодарна сум му за неговата строгост и праведност, затоа што благодарение на него јас сум денес тоа што сум. А полека почнав да го сакам тоа што го изградив.
Татко ми (и мајка ми исто) ме бацува во чело кога ќе кажам дека сум положила испит. Исто и кога сум паднала. Нека сум жива и здрава, тоа го вика.
Блискоста со моето семејство ги заменува сите пари и материјални стварчичи на светов. Затоа што на крајот од денот кога легнувам во кревет, а тие се во спална, обавезно правиме длабокофилозофски муабети преку ѕидови. А тоа е незаменливо за мене.
 

Феодора

Нов член
4 јуни 2013
11
6
3
Јас имам прекрасен однос со татко ми, едноставно мислам дека за се може да ме разбере, па честопати знаеме да си направиме муабет на сите теми. Кога бев помала и кога мајка ми ми кажуваше биди дома до полноќ (иако сите другарки беа пуштени до покасно на искачање), секогаш ќе го погледнев татко ми и тој со намевка ќе каже: "Ајде имаш уште плус половина час од мене". Исто така како помала секогаш сакав да одам на шопинг со татко ми затоа што не му сметаше и да ги поминеме сите продавници и да пробам милион парчиња облека, за на крај да се вратиме во правата продавница и да го купам првото пробано. Не можам да кажам дека и односот со мајка ми не ми е прекрасен. Како што минуваат годините имаме се поблизок однос и се повеќе теми за разговарање.
Сега ги гледам поретко затоа што студирам во Скопје и некогаш има моменти кога навистина многу ми фалат, така што посакувам да сум дома и да си легнам во средина меѓу нив двајцата како кога бев мала. :):)
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Немам некој којзнае каков близок однос со мајка ми и татко ми.Туку сме онака стандард однос мајка ќерка, татко ќерка...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Мојот татко иако од самото мое раѓање бил присутен, јас никогаш не сум го почувствувала тоа.
Тој никогаш не влегол во својата улога на родител, ниту пак јас сум имала прилика да го имам тој однос татко-ќерка.
Тие односи сосема оладија уште пред 3години, моментално немам никаков контакт, што е негов избор на некој начин.А после се` и мој.
Можеби сум среќна што воопшто ја имам таа личност во животот зошто многумина никогаш не го почувствувале тоа, но јас со сопствена волја бирам воопшто да го немам, не ја сакам неговата близина.Тој не го заслужил моето внимание, мојата љубов, почит..татко ми е да, ама само на обичен лист хартија и ништо друго.
Вистинскиот родител се покажува на дела, а јас никогаш не го увидов и не го почувствував тоа од негова страна.
Болно ми е признавам, но никогаш не би го сменила своето мислење или би го променила својот избор во животов.Јас избрав живот без него зошто после тоа јас почувствував што значи да живееш.
Никогаш нема да зажалам, иако знам дека ќе ми фали во животов, не како личност туку како име, ќе фали да биде дел од сите мои радосни случувања во животов, ќе фали да ја даде мојата рака, ќе фали да го крене во раце внучето..
Ама реалноста е таа, се` ќе помине на овој или на оној начин.Мајка ми ми е столбот во животот, се` ќе пребродиме заедно.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Е јас за жал никогаш немав можност да искусам каков е тој однос. Татко ми, по кажување бил многу добар човек и со мајка ми имале неверојатна љубов , но за жал и двајцата се многу млади починати. Нивната љубов траела околу 7 години. Ми недостига на некој начин, иако не го памтам , многу малку памтам со оглед на тоа дека имав 5 години кога загина. Ми недостига да знам каков е тој однос, некогаш се чувствувам многу осакатено во тој поглед, но , тоа е.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Е јас за жал никогаш немав можност да искусам каков е тој однос. Татко ми, по кажување бил многу добар човек и со мајка ми имале неверојатна љубов , но за жал и двајцата се многу млади починати. Нивната љубов траела околу 7 години. Ми недостига на некој начин, иако не го памтам , многу малку памтам со оглед на тоа дека имав 5 години кога загина. Ми недостига да знам каков е тој однос, некогаш се чувствувам многу осакатено во тој поглед, но , тоа е.
Сите луѓе во животот се осакатени со нешто,со некои емоции,чувства,некој без родители,некој без деца,со болести,но тоа е тоа ЖИВОТ
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Јас имав прекрасен татко. Имавме за се различни ставови во мојата младост, но при крајот на неговиот живот ми кажа една реченица која секој родител треба да ја каже некогаш на своето дете-ти можеш се што ќе замислиш и јас немам гајле со тебе, добро си ја исполнив задачата, среќен сум.
Тој се бореше како лав за нас. Јас се можев да му кажам в лице, освен пцуење и навреди. Исто и тој мене. Секогаш кога ќе го излажев ме познаваше,но веднаш немаше да ми каже дека знае,туку по неколку дена кога ќе заборавам. Никогаш не ми се мешаше во изборите кои ги правев во животот ,но секогаш го кажуваше своето мислење. Беше перфекционист во се.Имавме чуден однос татко-ќерка, близок и директен. Се каравме ,но тој ја велеше продуктивна кавга.
Ми ја туркаше секогаш реалноста и вистината в лице,без заобиколување.Секогаш добивав се што ќе посакам ако имав добри аргументи.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ок е стариот, понекогаш не ме слуша ама сепак си е ок :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Не е дел од мојов живот скоро 17 години по негов избор...
Сум имала потреба од татковска фигура во животов ама ете преживеав и без него...и научив дека без се’ и без секого се може...
Да беа поинакви работите би сакала да имав татко на кој би можела да се потпрам, кој би ми бил позадина и подршка...ама фала Богу ја имам мајка ми која успешно се справи со улогите на двајца радители и не ми фали ништо....
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Татко ми е човек кој мисли само за себе, не го интересира ни семејство ни деца ни ништо. Не можеш да имаш ни еден нормален однос со него не па однос татко - ќерка.

офф топик

Ок е стариот, понекогаш не ме слуша ама сепак си е ок :)

Е види сега кога би оделе според насловот на темата татко - ЌЕРКА, сигурен си дека не си женско? :)
Значи не ти викам да не пишеш туку чудно ми е пошто се те начекувам на некои такви теми :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and diva orhideja