...Тој ме научил првите кораци, како да застанам на нозе ко бебе, првиот мој од...
Како да живеам, како да се справувам во одредени ситуации, проблеми, што е добро, а што не...
Сме биле, сме другарувале, дури знаевме после напорен ден, ко ќе доаѓа од раб, да напраам кафе, капучино и пред да си оди секој да спие, да си се изнаприкажеме, баш како другари, да забораиме на времето и коа ќе дојде три саат после полноќ, а ние будни сеуште, да се запрашаме како е можно толку брзо да отиде. Али ко што бевме, не сме сега. И тоа буквално ме крши. Сама сум
Беше тука за мене секогаш, кога се давев од моите солзи, кога раскинував со дечковци... Кога лудував, кога не сум знаела во кое средно училиште да се запишам, кога ме избркаа од истото, кога направив сметка 8, 000ден (е тогаш ми викаше), буквално го следеше секој мој еден чекор, моја стапка, дневно слушање по 10 пати, кај сум, што сум, ако сум некаде, ако сум дома, дома вртење... Ако не дојдам на време, „киднапирана“ сум. Се крева тогаш голема прашина
и телефонот ми ѕвони 50 пати, ако у случај не го слушнам мобилниот, ми се потроши батеријата, тогаш е можно да се оди и во полиција.
Пошто „киднапирана“ сум едноставно. И тоа мора да е, ми се има нешто случено или ме смачка некој автобус док поминував улица, пошто јас не знам да поминувам улици.
Имаше толерирање и разбирање ПРЕЕЕЕЕЕЕмнООогу, пошто јас како мала, помала, сум била ептен ГАДНА, понеподнесливо суштество од мене немаше.
Мене татко ми всушност ми беше и татко и мајка и брат и сестра и другар најголем.
А, и таков тип е, ти збори си... до утре, он слуша и молчи. Ама и се меморира. И некој ден, некогаш кога доаѓа момент ги образложува.
Воглавном тоа.