Некои ми се чудат на мојата блискост со татко ми. Не дека со него споделувам кога сум го имала последниот секс, ама имаме обострана близина.
Не ми е срам да поминам по долна облека покрај него, или да го замолам да ми купи влошки, а притоа и да му го дадам ќесенцето како мустра.
И тој и мајка ми знаат како дишам, па неретко со нив споделувам се што ме мачи. Ми даваат совети како никој друг на светов. Татко ми беше тој на кој прв кажав за сегашниот дечко.
Благодарна сум му за неговата строгост и праведност, затоа што благодарение на него јас сум денес тоа што сум. А полека почнав да го сакам тоа што го изградив.
Татко ми (и мајка ми исто) ме бацува во чело кога ќе кажам дека сум положила испит. Исто и кога сум паднала. Нека сум жива и здрава, тоа го вика.
Блискоста со моето семејство ги заменува сите пари и материјални стварчичи на светов. Затоа што на крајот од денот кога легнувам во кревет, а тие се во спална, обавезно правиме длабокофилозофски муабети преку ѕидови. А тоа е незаменливо за мене.