Личен дневник

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Живеам за моментиве кога ќе навлечам пижами и ќе пуштам некоја глупост да брмчи во позадина дури си ги играм глупавите игрички на телефон.
Ми се гледа филм, ми се плаче, ама ми се плаче и за спиење, а концентрацијата ми е нула.
Затоа Саут Парк или Фемили Гај никогаш не ме разочаруваат.

И покрај сиот замор, ако, нека продолжи вака. Еден период бев очајна за ваков живот, не мислев дека некогаш ќе се вратам во некаква нормала.
Додуша, ова е друга екстрема, ама не е тоа муабетот сега. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and slunka

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
У рок од 2 дена, 4 смртни случаи кои немаат врска со коронишчево. Лоша, ептен лоша година.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Отворените рани се како главата на Медуза, една ќе се затвори и ќе остави лузна, две нови ќе се отворат. Симфонија на ужасот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
„Шубав“ ова филингов ко лајно да си, не знам како раја се гордее некогаш со тоа.
Посакувам да бев комплетно друга личност. И ментално, па и физички.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Анксиозни напади и Ѕвезде Гранда во позадина. Јашаа.
На мајка ми ѝ се интересни и помирена сум со тоа. Кринџ хумор, исценирани кавги, песните бетер, ама сигурна сум дека некој ден ќе ми фали баш ова.
Носталгија е заебана работа.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Не бе, па нема проблем. Евентуално сите работи имаат крај.
Или јас ќе го докрајчам нерегуларново спиење или тоа мене.
Те го кај е утрото.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
Уште една ноќ ќе останам без спиење. Пред извесен период сонував дека загубив мој близок и после неполна недела се оствари истото во реалноста. Сега повторно ме разбуди лош сон , но овој пат во сонот ја загубив личноста која е моја најголема поддршка во животот. Се разбудив вознемирен и сега не ми се спие од самата помисла дека претходниот сон стана јаве. Се надевам дека овој последниот нема да се исполни во реалноста. Не би успеал да ја издржам таа загуба.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Наутро разбуди се со сета сила на светот, навечер веќе во 8 ти се спие.
Ова е значи тоа старост. На момент ме плаши, на момент ми е супер.
Кај и да е ќе почнам со пензионери да седнувам сабајле во 7 да читам новина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Таа зора пред да заминам, те прегрнав гледајќи го градот како фенери тивко во бледата темнина. Те прегрнав сонлива, а левата дланка ја мушнав меѓу твоите гради. Ти ја мирисав косата долго и ти го чувствував секое отчукување на срцето, тогаш само помислив колку сум жив во тебе, едвај, се насмеав, а на радио одеше погребен марш, најверојатно требаше љубовна песна, но кому му е гајле и така бевме опиени со т'га, највкусна ти била, мене сеедна.
Утрово случајно во кола повторно истата соната, не знам зошто ме потсети на тебе и ништо не ми беше јасно, а дополнително ме фати некоја смеа, да можев барем да ја поделам со тебе, кога ќе ми текне на сите глупости поминати заедно. Така си продолжив во мислите со монолог пред тебе и се потсетив на една твоја мисла дека секој си е автор на својот живот. Се подзамислив малку и влегов во маркет, поминав покрај рафтовите со вино и погоди, не купив т'га, не ми беше сеедно, знаеш, уствари не знаеш, ти посакав убавина чекорот да ти го прати, но таа глупава носталгија научив да ја бришам во мојата книга, трудејќи се да запишувам нови зборови и засега добро ми оди, а за старите добри времиња, нека останат таму каде што се. Дур се вртиш и гледаш зад себе исполнет живот, на прав пат си, а ти беше само дел од него, толку е едноставно.
Тука требаше се да заврши, но ми текна на уште една твоја мисла, ј***ш карактер који није лабилан. Така фино си се вратив кај рафтовите ко млада невеста и земав две флаши, со чувство дека ми ги читаш мислите од негде. Среќа маска носам и не се приметувам дека се смеам сам со себе, или со тебе на некој магичен начин, кој знае.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Prashina