Личен дневник

kockakockica@

Староседелец
30 мај 2022
157
63
1,038
Тапа почеток за новава година.
Размислувам што е тоа што би ни ја променила оваа апатија, депресија, незаинтересираност, монотонија, но не ми текнува ама баш ништо паметно.
Можеби кога би се вратиле години наназад, без мобилни, без социјални мрежи, а стандардот да ни биде 10 пати поголем.

Интересно, а:D
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,032
9,656
1,683
Normandy
Passed down to you...
Најтапа период у годинава, деценијава, животот. Не у смисол на лошо, негативно, него онака досаден период. Што ради работава што загазив длабоко и комфорно, што ради немањето слободно време ради истата.
А овие 5 години од коронава беа доста турбулентни. Во негативен смисол повеќе. Загуба на повеќе драги личности, теснење на кругот на пријатели ради гореспоменатово немање слободно време.
 
  • Sad
Реакции: сираче

сираче

Полноправен Член
29 мај 2025
43
11
8
Сакам недели поминати дома. Посебно кога е надвор тмурно.
Си направив еден reset и на тело и на ум денеска.
Моментално работам на to do листата за нареднава недела и на целите шо ми се предвидени за месецов. Мора се да ми е подредено под конец and i hate it. Иако морам да ти кажам дека минатава година многу работев на тоа дека не треба да си го темпирам времето и дека не може се да оди според планираното, ама сепак уште ми е долг патот за одење. :giggle
И така, да завршам со листиве, па и се враќам на книгата, да ја завршам некако многу се влечам со оваа. Не дека не ми е интересна приказната, ама се некако приоритет на други работи им давам.

Бај (star)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,477
9,164
1,683
Кушкундалево
Првото тромесечје од годината ми минува збогувајќи се со едно поглавје од животов, и едвај чекам да помине овој период. Следните три месеци планирам да ги поминам колку што може почесто на планините низ земјава. Мора да се фаќа форма за олимп.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lele- and Saladin

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,477
9,164
1,683
Кушкундалево
Конечно сам со себе, дојде време е за ново поглавје. Време е и да се постават граници, како и дистанца од личности и нешта кои непотребно окупираа време и енергија.
Купчето книги купени „за кога ќе имам време“ е на ред и тоа ми е моментално најголемата грижа.
Во меѓувреме ја користам секоја можност за одење во природа. Некогаш по планини, некогаш по реки и шуми, битно да сум подалеку од населени места и што подалеку од луѓе. Тишината и мирот на врвовите се најдобрата храна за душата, а патот до таму, неретко исцрпувачки, дозволува мислите да пловат сами.
Засега толку, до наредна прилика.
 
  • Love
Реакции: Saladin