Хај Бади,
Не знам зошто ама мене денеска ми е денот понеделник. Знаеш, оној понеделнички баксуз кога ништо не ти оди од рака?! Мене денеска така.
Станав, наместо паста за заби на четката си ставив сапун. Вкусот на сапуницата мислам дека уште го чувствувам во грлово.
После, одам в кујна да си направам кафе. Отворам теглата и.. нема и, се преврти на земја и ако сапунот не ме расони, сега бев не само разбудена ами и веќе нервозна.
И јаготката на шлагот, си ја затворив вратата од надвор без да си го земам клучот, па за да влезам дома морав да чекам да ми донесат клуч и каснев на работа.
Па така едвај чекав да се вратам дома и сум отспала едни добри 2 саати, се разбудив пред малку прашувајќи се кој ден и која година е, дали треба да станам или е викенд, па си направив кафе (не се истури овојпат) и пуштив да слушам Evanescence што не се случило, па шо знам 3-4 години maybe.
Еј, reminder да си купам фластери, денеска собрав од работа неколку, си го заклав прстот баш на заминување со лист хартија
Не драмам, знаеш дека се онесвестувам од крв!!