Личен дневник

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Секое лошо за добро, ти дојде непоканета и ја уништи матрицата која ја сонував со години, но создадов нова, која сега не можеш ниту да ја допреш, среќна ли си, мислејќи дека сум наивен што ти ја отворив душава?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Еј, време поминало од последно дремење и седење на форумов. Time flies when you're having fun.

Шта речи, милион дешавки од тогаш.

Како велат, после угорница, доаѓа удолница, ама после може да се деси и обратно.

Ми фали бе седењево тука, на други неколку сајтови кои веќе за жал не постојат. Ми фалат дебатите, дремењето у соба со цимер и карањето со девојка ми од време на време. Добро, последново и не баш, хех.

Толку работи се сменија и променија од тогаш мајке му.

Од седење со цимери, па седење со само еден цимер, на седење сам. Ех, колку значи тоа седењето сам.
Ти лупка во кликерчето дека се што праиш си праиш за себе и кај оставаш, таму ќе си најдеш. Најдобро чувство.
Не и кога си приморан да седиш во дупка, 3х5. Цела година помината таму, не знам како издржав. Требаше да е привремено, та испадна цела година.
Никогаш назад таму.

Промени, еден тон. Не се толку битни сите. Сменети три работни места, едно со цела трета смена на кое ми се јеба цело здравје. Ти се седи ради колеги, ама не ти се седи ради работата и смените.
Напушташ работа, знаеш дека дома финансиски се заникаде, ти плаќаат факс ама и у меџувреме плаќаат рата за кредит ради некој што му текнало да се заебава и да му бара пари на брат му за безвеза работи, инаку фрчат закани.

Факс, ах факс. Не те завршив и воопшто не ми е криво. Се е банда без команда кај тебе моментално, се е земање пари4ки и необразување младичи.
Жално.

Последнава работа, малце ми ги отвори очиве. Стекнав нови знаења, запознав нови лујџенца и видов како е да се работи со фер и коректни газди и колеги. Пре-ја-ко. Еве завчера напраив 2 ипол години од кога сум таму.
Почнување од нула, па зезање работа на почеток пошо за такво не ме биваше, па подобрување, па унапредување и на крај, MVP на целиот тим. Шта речи, можело коа се сака.
Штета што пандемијава ни е*а мајката за сите пари. Верувајте, Work From Home е најдосадното нешто што може да постои. Се би дал да се вратам во таа канцеларија.

Девојчето што би рекол Саладин? Девојчето си е петка : ) еве сме веќе 8 години (пу пу) во врска па и набрзо се надевам(е) ќе се промени во другачији статус. Додека не ја навлечеме и неа на DnB, нема менување статус, хех.

Моментално? Моментално дремење и работење од дома. Колку што е досадно толку и добро ми дојде искрено.
Им изреновирав цел спрат на моите, и ќе бидам среќен кога ќе ги видам да си седнат ко газди за недела-две.
Срцето ако не ми пукне тогаш од среќа, нема да ми пукне никогаш. Се надевам тахикардијава која е присутна некое време ќе ме додржи до тогаш.

Тоа е тоа на кратко и измешано. Иако може беше за друга тема, нека си стои тука. Не ми се пишуваат реферати, би пишувал со саати.

Until next time, if there'll be any.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Страшно ми треба еден добар одмор.
Не дека сум преморена физички, но психички висам некаде помеѓу и е исцрпувачки. Мислам дека една недела на езеро, море или планина, без интернет, би ми дошла супер. Ама да не се лажеме, нема да издржам без интернет, скоро сите пријатели ми се таму. :zelen
 

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
Кога ќе размислам подобро најголем дел од работите во животот ги правам спонтано и без никаква цел. И често си го поставувам прашањето: Зошто јас воопшто живеам односно постојам? Кога немам никаква цел кон која се стремам? Едноставно терам од ден за ден. Да можам да одберам дали би се родил воопшто, би одбрал никогаш да не сум се родел. Подобро би било така со сигурност. Бидејќи некој со сигурност подобро би ја искористил можноста, но за жал не му било дадено и не ја видел дневната светлина.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ќе дојде ли т.е. кога ќе е тој ден кога ќе ја затворам вратата од станов за последен пат?
Никогаш не бев и не мислев дека ќе станам личност што (ќе) сака да побегне, но сега само на тоа мислам. Што знам, би сменила дури и идентитет, ќе се пишам што ми се падне прво на random name generator, ќе се исфарбам зелена и преку ден ќе работам на градилиште, а навечер ко пимп или секјурити некаде.
Во слободно време ќе цртам со менструална крв.
Било што, само веќе не ова. Не овде.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не можам да поверувам што направиле особи кои по дифолт треба да заштитат потомство, како бре, како?
Не е доволно што 24/7 човек се бори да зачува sanity, сега мораше да се отвори пат за цела серија срања со кои ќе мора човек ментално да се избори. Немам повеќе сила, немам ништо...како да се справам со ова, каков гнев ме фаќа тоа не се опишува, неопростиво е све што ми го направија, нит може да се заборави некогаш.
Каде сега, што понатаму?
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Не знам дали е до мене што ме одгледале во постегната средина, па барам одобрение од секој што го сметам за релевантен за одредена ситуација (што го инволвира него/неа) пред да направам нешто, ама па не мислам дека ни другата екстрема е нормална.
Да земеш без прашање да ми ја продаваш колата пошто ти си ми ја дал (БЕЗ ДА БАРАМ) и сега си решил дека не ми ја треба... немам зборови. Не дека немаше да се сложам. Сосема ќе се сложев, ама начинот е идиотски и потценувачки. Да ви се плукнам во роднинските врски, ќе ве откачам сите.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Што да се прави кога најблиска особа ти е во таква ситуација каква што е, а не може човек да преземе ништо околу тоа...знам дека е во релативно добри раце пошто врски ете, ама здравството овдешно не влева доверба дури и во најдобри услови. Дури не смеам да одам на посета. Колку е гаден овој филинг на немоќ во цела ситуација, не може да се опише.
Што да правам? :(
 
  • Sad
Реакции: MoonFairy and Saladin

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Рутината навистина е тивок убиец. Толку до час ми се испланирани работите скоро, што цел ден ми е настран ако нешто морам да поместам.
Куча-посо, бетер кога посото од куча го работиш, а и времево баш не служи веќе многу за да завртиш некој круг.
Прееска од саат време по обврски, ме кине глава и синуси, не бива.
Размислувам да појдам некаде, може кафич или што и да е, на пола работно време, само да сум меѓу повеќе луѓе пошто вака осеќам дека затупавувам. Не сум социјална личност, но нешто е подобро од ништо. Ако не бар се посмееш на глупости. Иако знам дека за два месеци ќе ми е ултра досадно.