Личен дневник

сираче

Полноправен Член
29 мај 2025
43
11
8
Хај Бади,

Не знам зошто ама мене денеска ми е денот понеделник. Знаеш, оној понеделнички баксуз кога ништо не ти оди од рака?! Мене денеска така.
Станав, наместо паста за заби на четката си ставив сапун. Вкусот на сапуницата мислам дека уште го чувствувам во грлово.
После, одам в кујна да си направам кафе. Отворам теглата и.. нема и, се преврти на земја и ако сапунот не ме расони, сега бев не само разбудена ами и веќе нервозна.
И јаготката на шлагот, си ја затворив вратата од надвор без да си го земам клучот, па за да влезам дома морав да чекам да ми донесат клуч и каснев на работа.
Па така едвај чекав да се вратам дома и сум отспала едни добри 2 саати, се разбудив пред малку прашувајќи се кој ден и која година е, дали треба да станам или е викенд, па си направив кафе (не се истури овојпат) и пуштив да слушам Evanescence што не се случило, па шо знам 3-4 години maybe.

Еј, reminder да си купам фластери, денеска собрав од работа неколку, си го заклав прстот баш на заминување со лист хартија :( Не драмам, знаеш дека се онесвестувам од крв!!
 
  • Haha
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

supersonik

Староседелец
27 август 2016
14
12
1,013
Хај Бади,

Не знам зошто ама мене денеска ми е денот понеделник. Знаеш, оној понеделнички баксуз кога ништо не ти оди од рака?! Мене денеска така.
Станав, наместо паста за заби на четката си ставив сапун. Вкусот на сапуницата мислам дека уште го чувствувам во грлово.
После, одам в кујна да си направам кафе. Отворам теглата и.. нема и, се преврти на земја и ако сапунот не ме расони, сега бев не само разбудена ами и веќе нервозна.
И јаготката на шлагот, си ја затворив вратата од надвор без да си го земам клучот, па за да влезам дома морав да чекам да ми донесат клуч и каснев на работа.
Па така едвај чекав да се вратам дома и сум отспала едни добри 2 саати, се разбудив пред малку прашувајќи се кој ден и која година е, дали треба да станам или е викенд, па си направив кафе (не се истури овојпат) и пуштив да слушам Evanescence што не се случило, па шо знам 3-4 години maybe.

Еј, reminder да си купам фластери, денеска собрав од работа неколку, си го заклав прстот баш на заминување со лист хартија :( Не драмам, знаеш дека се онесвестувам од крв!!
☺️
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

сираче

Полноправен Член
29 мај 2025
43
11
8
Хеј ју,

Кажи ми дека сум опседната со YOU без да ми кажиш :giggle

Јадам тоа шо ми остана од пицата денеска на работа, директно од кутија, како вистинска мрза. Не ја ни стоплив. И ме нервира белезцава шо стружи постојано од лаптоп додека куцам. И дали е некое правило дека деновите пред одмор се секогаш најнеиздржливи? Или само кај мене е така?

Нејсе.
Сакав да кажам дека многу сум некако напната. И желба апсолутно за ништо немам. Обврски еден куп, исполнето ништо. Мислам дека сама се зезнав, изнатрупав толку многу, шо и да траеше денот фазла, јас немаше да успеам да завршам сé. И сега сум нервозна оти се разочарав сама себе. Проблем :banghead
 

сираче

Полноправен Член
29 мај 2025
43
11
8
Хелоуче,

Наминав на кратко јас, да ѕирнам само, немам време да ја тупам денеска, само да знаеш дека живуркам.
Одморот заврши, од утре пак одново. Стара рутина, ми фали да си се вратам во некој ред. Накачив неколку килца, само мелам нешто, нема сопирачка.

И да, фалат многу емоџис на форумов, време е за апдејт :giggle
 

сираче

Полноправен Член
29 мај 2025
43
11
8
Многу сакам кога си идам порано дома.
Музика, кафенце, мир. Имам време да се рефреширам од напорни чоечиња.
А и после секојдневни посети на доктор, редно е и јас да здивнам. Ништо не ми е, ама комарците ми ја сакаат крвта годинава за првпат, па ногата ми отече како модар патлиџан. :giggle
Денеска сум многу задоволна од себе, запиши таму датумот, ретки се денови ко овој.

Одам сега да средувам алишта, машината пери, ама сами не се собираат. (worried)
 

сираче

Полноправен Член
29 мај 2025
43
11
8
Шо убаво било вака бе, си водам монолози на форумов, нема кој да ми противречи, си царувам :giggle

Денеска добив бонус за работа шо е толку проста, не знам дали да се радувам или да плачам. Или работам со глупачиња или сум јас глупаче, еве не знам. Прашање кое ќе ме прогонува викендов.
Инаку, уште од сега се стресирам за понеделник и тоа шо следи следниво период.
Ќе стигнам ли, а шо ако не стигнам, а зошто сум сама цела недела до петок, а после таа по неа морам да следам обука и да се трантам по други градови :frantic

А се што сакам е плажа, зајдисонце и мохито. Па не барам многу, мајке ти :(
 

сираче

Полноправен Член
29 мај 2025
43
11
8
Дожд, ветре и отворен прозорец. Поубаво нешто во лето е само море/езеро и плажа.

Многу сум уморна Бади. Лежев на кревет скоро 4 саати и гледав во таванот. Не можев да спијам, а не можев ни да станам. А бев гладна. Порачав бургерче и да не заѕвонеше доставувачот мислам дека немаше сила што би ме кренала. Облеков пижама и седнав пред топче. Со една рака мацкам компирчиња во павлака, а со друга ти пишувам.

Некогаш многу дозволувам другите да влијаат на мене и нивното (не)расположение да ми го титне денот.
Шо човек ќе бев па, влегувам во просторија и до мене допира енергијата од сите во просторијата. Некој е лут, no problem, I feel it. Некој е весел, no problem, I feel it too. И така се враќам дома ко еден исцеден сунѓер. Ко сеа.

Да го смачкам бургеров сеа, пуштам нетфликс и исклучувам телефон.
Само сакам мир.
 

сираче

Полноправен Член
29 мај 2025
43
11
8
Добро утро.

Си играм пиши бриши Бади.
Имам толку многу да ти кажам а толку малку зборови.
Кога доаѓа, доаѓа се одеднаш.
И радост и тага. И среќа и болка.
Добро и лошо.
И го удира човек од земја. И не му дава мир.

Тешко е да си ти ти додека во мислите ти е хаос. Тешко е денот да го преживуваш и да си се она што другите очекуваат од тебе, а ноќите да се превртуваш и да се бориш да земеш здив.
И ова ќе помине.
Што е животот ако ја нема болката и не умеам да ја ценам среќата?
Ама животе, одмори малку!


Инаку, денес на листата:
-Да ги донесам во ред документите по фиоките, барав нешто пред некој ден и направив поголем хаос од што инаку беше.
-Да пуштам две машини.
-Кафе со Вика.
-Да испазарам, во фрижидер имам само јогурт и едно пакетче кашкавал.

Чаос.
 

сираче

Полноправен Член
29 мај 2025
43
11
8
Hey man, u missed me?

Тука сум, влези излези. Ама не бев инспирирана да напишам нешто. Не дека сега сум :giggle
Селектирам и сортирам документи денеска. Мислам дека ми треба уште една комода само за документи. Не може ли се да биде електронски, damn?

Ах да, добра сум, thanks for asking. Just stressing around. Плус есен, депресито пука полека но сигурно. Ама сакам есен. Уште август не беше завршил, јас дневната си ја уредив cozy. Есенски магловити утра, срамежливо сонце, жолти лисја, мирис на дожд. (inlove)

Одам да си ставам кафе, па да им се вратам на кутиите :nerd

Биди ми така.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,477
9,164
1,683
Кушкундалево
Чудна некоја година, уште не почната прекурчи. Празни изгубени погледи насекаде, плитки муабети и ништо посебно. А можеби и не е до годината, и онака е само некаква бројка за да се лажеме самите дека нешто ќе се ресетира и ќе се промени додека реалноста целосно ја игнорира нашата перцепција и навиките кои нѐ туркаат слепо напред каде и да е тоа.
Доста е нихилизам за почеток :)

До следна прилика, ok 4ao pozz
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kockakockica@