Ми недостигаат
песни,
не љубовни,
туку оние за после Тоа,
оние за преживување,
како да посакаш да се разбудиш сабајле,
дури и шминка да ставиш,
и да се трудиш цел ден да не ја размачкаш,
како да кажеш некоја шега,
дури и насмевка да намонтираш,
иако очите мртви ти се.
Ми недостига
поезија,
која се џвака како живо месо,
болна сум од совети од типот
"После дождот доаѓа сонце",
а твоето изгасено е,
и душата низ пустош и јад ти шета,
без воља за будење,
без воља за насмевка.
Ми недостигаат
сурови зборови,
складно срочени
во молитва.
Ми недостигаш,
си недостигам,
во приказната
за пријателство на прв збор,
не на прв поглед,
вистинска приказна,
за Момчето кое заслужи да не порасне,
и Девојчето кое не мораше никогаш да се чешла,
кое научи да го преплива морето,
да го прелета небото,
да направи едро до него,
од омиленото фустанче,
едно утро,
навидум обично,
дур нивната љубов
правеше совршени сенки,
ни зрно тешки,
ни солза тажни,
старински и вистински.
Трепни....и ќе знам каде си...
песни,
не љубовни,
туку оние за после Тоа,
оние за преживување,
како да посакаш да се разбудиш сабајле,
дури и шминка да ставиш,
и да се трудиш цел ден да не ја размачкаш,
како да кажеш некоја шега,
дури и насмевка да намонтираш,
иако очите мртви ти се.
Ми недостига
поезија,
која се џвака како живо месо,
болна сум од совети од типот
"После дождот доаѓа сонце",
а твоето изгасено е,
и душата низ пустош и јад ти шета,
без воља за будење,
без воља за насмевка.
Ми недостигаат
сурови зборови,
складно срочени
во молитва.
Ми недостигаш,
си недостигам,
во приказната
за пријателство на прв збор,
не на прв поглед,
вистинска приказна,
за Момчето кое заслужи да не порасне,
и Девојчето кое не мораше никогаш да се чешла,
кое научи да го преплива морето,
да го прелета небото,
да направи едро до него,
од омиленото фустанче,
едно утро,
навидум обично,
дур нивната љубов
правеше совршени сенки,
ни зрно тешки,
ни солза тажни,
старински и вистински.
Трепни....и ќе знам каде си...
Последна промена: