Личен дневник

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Nekoi denovi se obichni ko drugite no se za pametenje, po muabetot, po spodeleniot zbor I nasmevkite.
Nekoi denovi vechno se pametat iako si umorna, tapa, bezvolna , zasto seto toa ke go podelis I polesno ti e. Potoa se chudis I ti e SRAM kolku bez zivotna si, no togash ne ti bilo gajle zasto tolku se chuvstvuvas bliska .Jing I Jang.
Ako nekoj znae da te nasmee I da ti GI zarosi ochite Od ubavina- chuvaj si go, vredi , malku se takvi.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Одбирајте ги луѓето со кои се спојувате, ако не го разбираат зборот вечност, не дозволувајте да ве допираат. Јас ракава ја подадов на многумина, но само неколку ги одбраа прстиве и сум им благодарен за тоа. Не сум поет ниту мистик најмалку, само сум дете кое носи во себе големо срце што чука вистински, сосем доволно за насмевки од искрени солзи истечени и од нив илјада светла, пријатели во ноќта.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*, malo and Prashina

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Седнуваш на нет, да прочиташ нешто, да ти мине времето, онака, колку да не помислиш дека и оваа кафе го пиеш сам, и секако еден куп совети од типот како треба да бидеме среќни, ведри, расположени... Се сложувам, Треба, но тоа не значи дека лошите емоции треба да ги потиснеме и турнеме под тепих.
Ете стравот прв ми паѓа на памет, како да стоел скриен во некој ќош и само чека да помислам... Страв од стравот, полошо и од самиот страв. Вознемиреност, паника, неприпадност, сакам да побегнам од сѐ, од себе најмногу. Но останувам, не зошто сум храбра, туку зошто се плашам, се плашам дека никогаш нема да постигнам доволно, дека никогаш нема да го победам гласот во мене кој ме убедува дека не припаѓам во овој свет и дека тој страв и тој глас никогаш нема да завршат. Целото тело ми трепери, ладно ми е, дури почнувам да чувствувам и физичка болка, мускулите ми се згрчени, срцето забрзано чука додека ми снемува воздух во градите. Се трудам да се смирам, дишам правилно и длабоко убедувајќи се дека за брзо ќе мине. И се чудам како и во најмрачните периоди, кога само би спиела, можам да пишувам, дури и најпродуктивно би рекла. Мозокот ми работи 100 на сат, секако против мене, не ми дава да спијам, а не ми се прави ништо друго, па се фаќам за пенкалото, потребно ми е да извадам од себе сѐ она со кое се плашам да останам насамо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Вие кои грабавте од срцево,
ви благодарам,
да не бевте вие, не ќе знаев дека е толку големо,
Вие кои се гоштевавте од душава како софра,
ви благодарам,
да не бевте вие, не ќе знаев дека сум толку богата,
Вие кои светлина ви беа мојте солзи,
ви благодарам,
да не бевте вие не ќе знаев дека носам ѕвезди во очите,
Вие кои газевте по мојте чувства,
ви благодарам,
да не бевте вие немаше да се разбудам,
Вие кои ја изневеривте мојата доверба,
ви благодарам,
да не бевте вие уште слепо ќе верував на секој,
Вие кои не верувавте во мене,
ви благодарам,
да не бевте вие немаше да научам сама да си верувам,
Вие кои се нарекувавте мои пријатели, а не бевте,
ви благодарам,
да не бевте вие немаше да научам дека само на себе можам секогаш да се потпрам,
Вие кои ме заборавивте,
ви благодарам,
да не бевте вие не ќе знаев да најдам спокој во осаменоста.
 

dovefox

Истакнат Член
21 октомври 2018
38
23
108
Многу ме разочараа најблиските.Немам доверба во никого поради нив.
Ама,се уште си имам надеж дека еден ден ќе најдам некој кој ќе ме сака безусловно. :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: antonio

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Кога си коњ, не ти е важно дал ќе стигнеш прв до целта, за разлика од тој кој те јава, а кога си човек, ех, поубав си дури и од цвеќето скинато на масата поставено, само одамна не видов ниту човек до маса, ниту леб на маса, чудни времиња, извртени, но очите и рамењата се навикнуваат на сѐ што гледаат и носат и се поретко на тоа што сакаат да искажат и понесат, тажно е но вистиното, и се смеам на сето и се исмејувам себе си, но сѐ повеќе коњи отколку луѓе, не е чудно,
така изгледаат модерните луѓе,
галопираат четвороношки кон иднината со нови јавачи и нови седла, cheers to that, само не знам со кое копито.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Постои еден гад во мене, што многу пие, пуши, трча да заборави, се качува високо да биде поблиску до небото и пишува себично поезија само за себе, се надевам ќе одјебе и нема да умре со мене во мојата гробница, ми треба малку мир од него, се спријателивме ние одамна, се надевам нема да ми недостига, а солзиве зошто тргнаа, за него или за мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

AwasM

Нов член
27 јануари 2019
2
3
3
Секој ден се поблиску до еден крај. Крај на едно убаво поминато време. Време одвоено само за една личност.
Личност дел од моето срце.
Зошто толку брзо минува времето?
Зошто неможам да помислам дека се намалуваат месеците, неделите и остануваат уште неколку денови за време посветено само за тебе сонце мое.
Ќе се навикнам и на ова што следи, само не сакам уште сега да мислам, а неможам да не мислам.
Тешко ќе биде...