Личен дневник

Teen idle

Нов член
2 октомври 2017
1
0
1
49
Pisuvav dnevnik skoro 3 godini i pred 2 meseca prekinav...Ednostavno kako da mi iscezna seta zelba da pisuva i da zacuvam spomeni kako se da izgubi smisla...Pshioterapevtot mi kaza da pocnam da pisuvam dnevnik na nasata prva sesija...ne pocnav a i vekje ne idam na sesii...I sega uste ne znam sto da pravam dali pak da zapocnam da pisuvam bidejki sum podobra za razlika od togas so mislite se srediv
 

FemmeFatale

Истакнат Член
5 октомври 2017
32
48
118
Голема грутка лежи во мене, која никако не се проголтува. Изморена сум...
Ништо не ме смее, ништо не ме радува.
Се трудам да ја наоѓам радоста и во најмалите нешта кои секојднево ме опкружуваат, но залудно.
Целосно сум затворена и заробена во темнината. Ја нема светлината која ме одржуваше на површината за да не потонам.
Многу измешани чувства, неочекувани мисли, осаменост, болка...
Едноставно судбината оди против мене.
Плачам без солзи. (flower)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: antonio

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Ako mojata nasmevka trae kolku sto trae zajdisonceto vo norveska,.....ako moeto srce e mlado kolku sto e sveza prirodata vo svetska.....ako mojot duh e slobodene kolku sto ima sloboda vo holandija ....sto mi e gajle sto ti izgledas kako pijan rusin...razvratna bugarka ili neraboten makedonec:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: antonio and Prashina

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Хелоу.long time ago..
Мхм..Окау сум.
Среќна?
Не секогаш, ама на пат да научам да бидам задоволна. Одамна не филозофирам за смислата на животот туку живеам. Поубаво ми е така.
Одамна не размислувам, само делувам.
Многу нешта се променија. Јас.. Малку позрела,стварно само малку,минимално,ама истата.
Се движам во ритамот на животот, земам се што ми се пружа, давам колку можам.Стремам да доживеам што повеќе моменти,па тие убавите ги впивам во себе алчно, секој детал, секоја секунда,да не ми побегнат... Ќе ми требаат некогаш.
Колку е убава есента.
Златниот октомври. Мое време.
Се чувствувам добро. Fucking gut. Пупупу да не се урочам :)
Одам да спијам утре треба рано да станам.


Ај до...кога ќе имам време.
Ве сакам.
 

Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
32
Скопје
Велам деновиве, дека премногу ми студи... Ладно ми е... Ладно ми е на душата, сакам да се огреам. Се плашам од немањето топлина крај мене, ако продолжи вака, ќе смрзнам... А се плашам и од имањето на топлина... Никако не сум периодов, НИКАКО! безпомошна сум...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: antonio and Ghtalpo

Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
32
Скопје
Цело време се мислам како да си го направам животот од срање нешо кон подобро, подобро да се чувствувам?! :nah
Прашања кои ме мачат...
Што да праам... ?
Кај да одам... ?
Дали ќе ми биде некогаш подобро... ?
Што ми фали... ?
Зошто не сум нормална ко останатите... ?
Зошто ова незадоволство, оваа незаинтересираност да се биде во живот... ?
Како да преболам... ?
Што воопшто да преболам... ?
Што ме чека во иднината... ?
Дали ќе бидам успешна... ?
Дали ќе си најдам дечко што ќе го сакам и ќе ме сака, безусловно, кој ќе направи да се почувствувам сигурно околу него... ?
Кој ќе биде тој лошотилук од дечко што ќе ме скрши... ?
Дали воопшто ќе успее, ќе сака да ме скрши... ?
Дали ќе му дозволам да влезе во моето срце... ?
Реалноста е сурова... (facepalm) Имам еден куп прашања, можеби други ден, ќе продолжам...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BaceE, antonio and Ghtalpo

BaceE

Нов член
26 октомври 2017
17
8
3
Почнав да пишувам во 2015 година, за секоја година по еден дневник. Не знам како почна да го пишувам но тоа сега ми стана како опсесија. Пишував разни работи за животот, за луѓето околу мене, за машките, пишував поезија. Сега пишувам за љубовта, за моите грешки. Ги пишувам моите мисли иако секогаш не можам.
Понекат кога сум тажна пишувам или кога сум разочарана или пак кога сум лута, нервозна, некогаш и од нервоза пишувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕид на плачот

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
81172993b2c575e56c82255bb0b26737--the-only-way-to-get.jpg

Мој последен пишан пост на било кој форум, ЦБ ја има честа да ја финиширам мојата форумџиска „кариера“ после нешто над 7 години :) ... причината е слична како што кажа @Saladin во темата Сакам да кажам, а и немам веќе ни време ни желба за форуми, реала си е реала, а виртуелата останува на no life персоните ... guess who (сами точно ќе се пронајдат конкретните ликови) :giggle
Мило ми е што запознав прекрасни личности од овој форум, со кои што и ден денешен редовно се дружам, и ми се навистина блиски личности во мојот живот.
И не, не комуницирајте со секакви луѓе, затоа што тие се првите што ќе ве издадат, внимателно бирајте си ги пријателите, не секој ви е пријател, колку и да мислите дека ви е :)

И да, тоа што лани го пишав на темава, си го реализирав :)
http://forum.crnobelo.com/threads/Личен-дневник.3699/page-97#post-356298

upload_2017-12-17_9-51-11.jpeg

Bye од Beauty&Beast (wave)
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Секогаш сум ја гледал големата слика затоа што имам големи очи, никогаш не сум бил заинтересиран за малите нешта, за ситниците, за акупунктурата претворена во агонија, погодокот во сржта е точна во истекувањето на крвта, бум во зборовите кои не можат да ги искажат чувствата, без персирање и глуви ноти со кои заспиваат нежните, оние заспаните кои шетаат тивко во ноќта.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*