Каков нож добив ... тоа е чудо, мислев дека речиси се' имам видено во животов (а имам видено и повеќе од доволно), но сум згрешила.
Секогаш постои изненадување и „драмска претстава“ од луѓе од кои што најмалце сум очекувала дека ќе ми го заријат ножот во грбот ... и тогаш се будиш од сонот кој што траел предолго време, ги отвараш очите широко, и сфаќаш тек тогаш кои ти се навистина блиски луѓе кои што вредат, а кои се фејк персони.
Али една најважна работа заборавија сите фејк персони, дека јас апсолутно никогаш не се откажувам и одам секогаш до крај.
Секој мој пад во животот, ме направил се' поцврста и поцврста особа, затоа што апсолутно секогаш сум станувала после секој мој пад ... за да дојдам сега до ова ниво на кое што сум.
Овој пат, после овој пад, нема назад, само напред.
Се' што е труло и фејк исфрлив од животот мој, маските паднаа, нема веќе лаги и скриени позадини ... сега се' е чисто и кристално јасно.
И ќе се вратам, многу посилна од било кога во животов мој ... ова сега е само затишје пред бура што ќе следува тек допрва, моментално акумулирам енергија, сите фејк песони ќе ги оддувам како ураган кој што беснее и чисти се' пред себе.