Прекрасен септемвриски ден.
Да бев во канцеларија немаше да ги уживам зраците на сонцето.
Ама не сум во канцеларија туку седам на балкон и пијам кафе.
Малиот е болен и земав боловање заради него.
Вчера и реков на шефицата дека е болен и дека немам никој кој би можел да го чува..
И ја објаснив ситуацијата а таа ме стави во состојба да бирам велејќи:
Те очекувам утре на работа.
Изјавата ми дојде во стилот на:
Бирај или работата или малиот,не ме интересира ништо,снајди се.
Ги ставив наочарите велејќи и:
Аха,во ред!
И си отидов.
Јасно ми беше дека тоа е тоа.
Дека е крај на тој капител и дека не само моите чувства, туку и самиот живот ме тераат да ја променам насоката.
После тоа седев дома тупејќи си ја главата, како,што, немајќи идеја како понатаму.
Утрово,само што се разбудив знаев што сакам и каде да се движам понатаму.
Одеднаш како гром од небо имав нова визија,нова стабилна идеја, нова перспектива за мојот живот која ќе ја следам и реализирам.
Се одлучив за малиот.И се одлучив повторно по незнам кој пат за себе.
Се останато би било погрешно.
Се останато, сите изреки зошто не би успеала ќе беа лаги со кои ќе се тешев да би останала во комфорот зона која некогаш ми беше предизвик да ја освојам
И сега кога од предизвик постана монотонија...време е да се движам понатаму.
Некако верувам во себе.Таа самодовербата ми се зголемува после секој успех или неуспех.И во двата случаи учам.
Се повеќе и повеќе да ми е јасно дека можам многу повеќе да дадам од она што сега го давам,дека во себе чувам неискористен потенцијал.
И дека заслужувам многу повеќе од она што го добивам.
Не се работи за материјалното,не мислам на пари,затоа што парите и не ми се некоја мотивација..се работи за благодарност,за задоволни од моето делување лица,кои не ги добивам од моите шефови.Никогаш не им е доста.Бараат се повеќе и повеќе а не се во состојба да дадат и тие.
Како и да е,fuck this shit work.
Знам дека во блиската иднина ме очекува нешто многу подобро од фирмата во која работам.
I 'm on my way.
Ве гушкам.