Личен дневник

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
Ужасно ме иритираат личности што измислуваат лаги, и си влагаат во филм, претставувајќи се во друго светло ... глумат нешто што не се во реалноста (а да е уште „пострашно“ и во реалност се филмаат), и потоа ОП целата вистина испливува на површина, и секако ќе се дознае кои се тие личности всушност реалните ... барем јас секогаш дознавам, на овој или оној начин.

Ако сакам да дознаам нешто, ќе го дознаам, нема ништо да ме сопре од мојата намисла нешто да дознаам ... имам еден куп тактики како би извлекла информации од некоја личност и би ја дознала целата вистина ... тоа само што сум била фер и коректна, и не сум сакала да ги користам моите тактики за влечење на информации, не значи дека сум будала или дека некој може да ме прави будала, туку едноставно ете да се изразам сум имала доверба у личноста ... а најјако е уствари кога некој мисли дека сум будала и дека ме дрибла, а јас си фурам свој филм и глумам будала, дека ништо незнам, а уствари се' знам и мудро си ќутам, ја оставам намерно личноста да си го вози филмот, за да видам уствари до кај е способна да ме прави „будала“ :D

Ама добра лекција си добив, и научив дека колку и да имаш доверба во некоја особа, секогаш таа особа може да ја искористи твојата доверба ... така да отсега многу добро ќе внимавам, на кого верувам, и ќе се држам до моето правило - верувај, но и проверувај.
Така да ... џабе филмање и глумење „лудило“ и лажна персона пред мене, секако кад тад, вистината ќе си исплива на површина ;)
 
Последна промена:

antonio

Like-Maniac
29 август 2013
821
1,118
1,103
Скоје- Ченто
Ова е последно ветувам нема веќе збор да кажам. Последно ИЗВИНИ И ПРОСТИ МИ. Знам дека никогаш нема да ми дозволиш да го исправам она што го искривив. Премногу згрешив знам ...
 

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103

Ako se ispostavi, ko sto verovatno hoce
da je samo folirant koji obmanjuje slabije
necu ni sekunde zastati da pomislim
pre nego sto mu drvenim macem glavu razbijem

Vremena su takva da ljudi traze utehu
a lukavi to, naravno, izvrcu u svoju korist
svestan sam da sve sto radim i nema neku poentu
barem ne onako, na prvi pogled ;)

Oluja se smirila i kroz oblake na horizontu
duga izviruje i sunce je prati
vreme je da nastavim dalje svojim putem
i ovo mesto i trenutak se potrudim da zapamtim

Kisa prestaje, sunce se probija kroz oblake
zadnja kap oznacice pocetak borbe opake
cujem brojne korake, neprijatelj me okruzuje
sedim mirno, iako opasnost preti svom silom

Napetost u vazduhu sece moja ostrica
borba pocinje, katana je van svojih korica
u odbrani kao devica, u napadu kao besan tigar
mac poput cetkice nataknut kao slika ...
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Здраво дневнику мој најубав
Многу денови поминаа без да ти ги раскажувам, а беа вредни за раскажување, но денешниов ке надомести :)
Се разбудив, се почувствував одлично... одморена и среќна, полна со енергија набрзина се спремав за да излезам. Ги средив децата на брзина, ги оставив на чување, со љубовта моја и со најверната четвороножна пријателка Бела, тргнавме во нови авантури на највисоката планина во околинава. Невозможно е да ти опишам што се видовме по пат, но се беше прекрасно. Ден после дожд, земјата - влажна и миризлива, шумата - густа, едвај проодна но полна со разни мали шумски богатства, со пречиста изворска вода, капини, шипинки, глогови, дренки, лешници, печурки, кантарион и што се не...
Прекрано е таму горе, посебно кога ке се искачиш на врв на чистинка и кога со поглед можеш да ги опфатиш малите ридчиња на кои мирно, спокојно си пасат кози, крави и коњи придружувани од некој кроток старец. Можеш да им ги слушнеш ѕвоната што ги носат на врат и тоа ти влева чувсто на некоја сигурност, дека си пак тука некаде каде што нема голема опасност и дека нема да се изгубиш низ стрмната шума.
Кога тргнавме, најверојатно од големата желба да се изгубиме во прекрасната природа, заборавивме да си понесеме храна, вода и фотоапарат. За првите две не ми е криво, бидејки освен планинските, чисти поточиња најдовме и една мала чешмичка, а за чудо храна не ни беше потреба, цел ден не почувствувавме глад воопшто.
Цело време пешачевме и не почувствувавме умор, не ни се седеше на едно место. Како деца мали радосно се стрчувавме секогаш кога ке видевме печурка или некоја леска сеуште необерена од селаните, а такви ги немаше многу. Ги наполнивме кесите со мали црвени плодови од глог, капини, шипинки, лешници, црни трубички и по некој врган. Ги наполнивме белите дробови со чист воздух. Ги наполнивме очите со зеленило. Ги наполнивме душите со убавина, мир, спокој и среќа...
Кога спонтано одлучивме дека ке го фатиме патот за назад, почна да роси. Беше преубаво искуство, поубав ситен дожд не сум почувствувала. За среќа не заврна јако, но и да заврнеше немаше да ни смени ништо, можеби и ке бевме уште по возбудени од целото доживување. Одејки по патот назад, од височините го гледавме градот и неколкуте околни села. Си помислив на сите луѓе кои во моментов се принудени да живеат живот на робот поради личната егзистенција. Истовремено бев среќна што сум далеку, далеку од еден таков живот.
Како што се доближувавме во селото, така возбудата стивнуваше, но сепак чувството на среќа беше тука и сеуште е.
Почувствувавме глад истата секунда кога влеговме дома и јадевме многу обилно со голем апетит и со таква сласт што едноставно не можеш а да не си помислиш дека едноставно си му благодарен на бог за својот живот и за можноста да ги почувствуваш сите задоволства кои ги чувствуваш во тој момент.
Потоа обврските ме превземаа во свои раце и денот почна да одминува. Иако после ваква прошетка не ми се седи пред компјутер, морам поради работата и поради некои луѓе кои ми се драги а во моментов не ми се близу. Но доброто е што и таму ме начекаа убави нешта и ми го исполнија срцето со радост. Една нова соработка сосема ми го смени секојдневието и ми ја промени перцепцијата кон некои нешта. Почнувам да растам, но во добра смисла, во уметнчка и професионална, а природата околу мене ми го чисти умот и ми ја полни душата и сега можам сосема искрено да творам, со цела преданост без страв дали некому ке му се допадне и дали ке се продаде...
Остатоkот од денот е наменет за мали, но големи задоволства, за убава вечера, добар филм, разговори и гушкања, свирење гитара...за мали прошетки ред спиење, читање книга, медитација можеби... или за скокоткање со малите, играње црн петко, читање некоја приказна или некој цртан филм...

Дневниче мое најсакано... веруваш ли дека скоро секој ден ми е ваков? Дека нема повеке притисоци и нешта што морам да ги правам иако несакам? Веруваш ли дека секој ден се будам со полно срце?
Има и мали падови, има и разочарувања, страв и несигурност, но сето тоа е толку мало во споредба со радоста и слободата која ја чувствувам.
Овде никој не ме присилува да пораснам. Тка можам да си играм колку што сакам и да се радувам до бескрај.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Леле што ми се случи денес дневниче, притисокот ми се качи мислам :(
Никогаш во животот не сум сакал толку да удрам некој. Никогаш. Дури ни најголемиот непријател.
Си одам јас од продавница и до мене едно големо бело куче си оде. Кучето скитниче имаше нешто кај носот како испукано, искубано целото и ред други работи. Ама ако го тргниш тоа настрана, убаво куче. И доаѓа еден стародија и од нигде никаде без никаква причина го шутна толку јако во стомакот што кучево почна да цифка мислам ме оглуви. Застанав запрепастен онака незнаејќи шо да кажам. Позади мене, едно девојче голем љубител на животни кога му отиде и почна да му се дере зошто го направи тоа. Овој лудакот дали стварно нешто му фалеше, немам појма што се деси, почна да се смее. Толку сакав да му отидам и да му удрам еден шамар, да му речам: Твоите вака ли по дома те шуткат стародијо една?! Мислам тоа беше најгрозната, најлудата и најодвратната насмевка шо сум ја видел во животот.
И после кога ќе речат младината не чини. Младината си чини, али од кој пример да земе. Од старите? Што треба да шуткаме животни по улиците?
Некни во автобус еден стародија почна да се дере на една млада мајка зошто бебето и плачело, сакал мир. Старо вампириште, и јас не сакам да го дишам истиот воздух со такви какво тебе, ама принуден сум. Затоа молчи и седи си мадро! Ако не ти се свиѓа, оди си со такси, никој не ти стави пиштол на глава да мора да се возиш со автобус.
И после младината е крива. Она не чине.
Е да, сигурно. Кога зема пример од такви како вас истрештени.
Лудаци имало и порано, и сега има, и ќе има и во иднина. А денешната младина не е поразлична од некогашната...
Уште не можам да се смирам. Вријам. Се надевам искрено дека постои пекол и дека вампириштето ќе гори за брзо време таму! :mad:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ми досади да се борам со сопствените негативни мисли секој ден.
Се уморив.Толку ме блокираат,толку енергија ми цицаат.Толку ми ја крадат реалноста.
Како да се ослободам од нив?
Како?
Не сакам да имам ни една од нив во себе.Не сакам да гаам омраза,нервоза, лутина...
Колку повеќе сакам да ги игнорирам,да ги потиснам, да ги заборавам,
толку помоќни се толку почести.
Со нив надоаѓаат негативни чувства кои здивот ми го одземаат.
Ме парализираат на моменти.
Се прашувам до кога вака?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady* and Luckky

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Еии го памтиш ли времето кога бевме блиски пријатели, делевме се бевме како едно тело сложни, се случи шо се случи замина во друга држава ме заборави, заборави пријател кој што ќе направеше се за тебе, а ти ? Ти кога и да се вратиш не ме ни познаваш да помина долго време но дали повеќе ти вредат луѓето кои што порано не ти значеа ништо ? Сега сфатив дека никој човек не можеш да го наречеш пријател зошто таквите веќе ги нема.
 

antonio

Like-Maniac
29 август 2013
821
1,118
1,103
Скоје- Ченто
Во овие месец ипол никогаш не сум се чуствувал по осамено. Чуство како да сум си одкинал дел од себе, парче месо кое многу боли не заздравува. А сакам да заздрави, да се излечи, да ја снема таа празнина. Се правам ама ништо не може да ми помогне да ја излечам таа рана. Се надевам еден ден ќе ми простиш "maybe"
НИКОГАШ нема да те заборавам малечко ТИ ВЕТУВАМ ти си последната
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Dnevnice
Greshna procenka.Ako nekoj te bara znaci deka saka da te cue.Ama ako toj zaborava da se javi znaci ti ne mu trebas u zivot.Tolku od mene...