Личен дневник

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Passed down to you...
Much has happened овие 2 месеци од новава година...
Од моето целосно оттуѓување од друштвата, до проблемите што ми се накалемија пост-испитум-фестум. Сам сум си виновен. Буквално за се`. Иам една порака онака на минатиот „јас“ да си испратам, а тоа е - „не го прави оноа што не си кадар да го соџвакаш“. Повторно за погрешни клучни избори. Па макар и милион шанси да ми се дадат да го исправам нештото, сепак напорот е неиздржлив.
Искрено им симнувам капа на луѓе кои ја имаат моќта да изучуваат предмети кои изискуваат голем фонд на филозофирање. Мојот ум е многу поедноставен - straight to the point. Навистина многу лош почеток на годината. По неколкукратниот помор на одредени светски легенди, како и блиски личности, некако многу песимистички го перцепирам светов. Од игнорантноста на масите иако одамна веќе не сум изненаден, сега по малку ме фаќа страв колку многу лесно можат да бидат изманипулирани со само една иницијална каписла. Несигурноста како и по малку и враќањето на природната состојба на човештвото (според Хобс), ми долева еден вид на мизантропија против која секогаш сум бил поборник, но сега некако ми е многу блиска. Лимбо ситуација, прочитани книги без некое посебно уживање, испиено вино без вкус, слики без тон. Trapped inside this octavarium!
So says Saladin...
Знаеш онаа опцијана за турање сам-себе лајк добро би дошла во овој момент. Поточно за овој пост. Добро де, со исклучок на последните реченици за прочитани книги.
Навистина многу многу лоша година. 2 смртни случаи, една болест, помор на познати ѕвезди, трагедии во околината, релативно краток и исцрпувачки одмор (ако би го нарекол и одмор тоа што 2 недели двориш стар човек) разочараност од глобалната слика на човекот како единка, појавување на одвратност кај одредени ликови, заладување на односите поради не знам што со некои некогашни блиски... навистина многу лоша година.
Септември секогаш бил пресвртот. Бар вака гледано отстрана. Да се надеваме на нешто убаво.

So says Saladin...
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Ништо ново и ништо добро од мене дневниче.
Лицево ми е изморено од тага а очиве од плачење.Периодов не личам на себеси, не сум ова јас.
Пробувам да нацрпам капка сила од утрото со секој минат ден но тешко е, не стасува.
На крајот од денот пак се осеќам безживотно, пак мртвило владее во мене а ноќите ми носат само несоници и кошмари.
Мирот ми изгледа толку непознато нешто и далечно за мене а толку потребно.
Тоа е, животот ни овојпат не ме поштеди од уште еден удар, напротив, безмилосно ме фрли на дното од каде не гледам излез.
Велат дека кога ќе го допреш дното тогаш си спремен да се вивнеш нагоре. Но како кога постојано ти ги кршат крилјата?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast and Xenia

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
Ако некој има подинамичен и полуд живот од мојот нека дигне 2 прста.

Животот досега ми приредил сценарија што ги нема ни во филм.
Некои од нив ќе сакате да ги премотате и доживеете уште најмалку милион пати, а некои сценарија едноставно ќе посакате никогаш да не ги осетите на ваша кожа.

Во петокот добив нож во грб (метафорички нормално), длабоко зариен ... ама овој пат за првпат после подолг период ме допре и го осетив тој нож како допре до мене.
Да, од толку многу зариени ножеви, и толку многу дупки на мене, море не дупки, туку кратери ... веќе не ме ни допираат ножевите, затоа што веќе нема ни кај да се заријат.

А денес ... исто како ништо да не се десило вчера.
Денес сум во Охрид, и пред малку се вратив од прекрасна вечера.
За утре имам цел ден испланирано перфектно, со мојата најблиска екипа ... а вечерта сум на Продиџи и ќе одлепам максимално и ќе се изжуркам како што јас умеам најдобро, а умеам како ретко која личност.
Во понеделник, исто максимално искористување на денот.

Што би рекла една моја другарка ... животиште :D
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Знаеш, не требаше и ти да ме напуштиш.
Ти имав кажано дека не сум доволно силна.
Со сите сили се борев да те задржам, да те оздравам.
Ми се слизна од раце.
Не успеав.
Повторно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Пред многу години имаше маалска финта во наше маало, не знам за вашето. Правиш дупка во џебот и го протнуваш низ неа. Во едната рака држиш малку сончоглед со другата го грицкаш. Околу тебе имаш морална поддршка од двајца до тројца компањони кои го направиле истото и вртиш неврзан муабет со нив. Замката е поставена, се чека жртвата. И нормално се појавува од некаде, приоѓа и гледа како се меље сончогледот вкусно и синхронизирано и на најблискиот до неа му вика абе дај малку сончоглед. И тука го имаш моментот на благо подавање на колкот на чија страна лежи змијата со зборовите "абе прљави ми се рацете, брцни во џебот и земи си" . И така тоа некад беше, а ми текна еј и ме насмеа, да не сака некој сончоглед, м?:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Знаеш, еден ден на сите им паѓа последната маска, порано или подоцна, ќе излезе на виделина грдото лице во огледалото на минатото, не сакам да бидам грд и ставам природен мејкап со секој новороден ден, истото сакам да ми биде и во старост, да зрачи со убавина, онаа која се помалку ја има, а се пронаоѓа, доколку вистински го сакаш тоа, најтешко ми е кога пишувам за вакви нешта, затоа што зборовите не се дела.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast and Prashina

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
On the road again.
Пронајдов уште нешто што ме исполнува.Целосно.Патувањата.Нови места, нови луѓе,нови искуства.Не можам да престанам да лутам по некои нови улици,нови друмови,на некои нови градови.
Едвај чекам да поминат два месеци до следната дестинација. Како нешто во мене да се буди на тие патувања.Нешто што чинам одамна згасна во мене.
Парите само за тоа ги давам.
Љубов.
На западу ништо ново.
Не ми е некако до љубов.Се уживам себе.Убаво ми е да сум своја.Да си го оцртувам животот како што мислам дека е правилно.
Велат затворена сум била.Студена.Ме нарекуваат ледена кралица. Не сум дозволувала пристап до себе.
Хммм...небитно ми е туѓото мислење.
Таа Сум.Таква сум.И ок сум.Кој ги врти бре.
Прекрасен ден.
Одам да читнам нешо,повторно им се посветив на книгите,повеќе ги сакам отколу вртење празни муабети со празни луѓе.Тууу колку ги има такви.Да не должам многу.
Ве гушкам.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Овие две недели ми поминаа некако напорно, дневниче. Мислам се изморив за сите времиња. А уште не сме почнале ни со вистинско учење. Ќе видам ли аир?
Него има едно многу јако девојче во наша група. Ми одзима внимание. Не можам да се сконцентрирам. Мразам кога се чувствувам вака. Не сакам пак да се затрескам. А не верувам ни дека имам шанса кај неа. Како и да е во среда завршува се. Проблемот е во тоа што не знам дали сум среќен или тажен поради тоа. Ќе ја видам ли некогаш пак? Сакам ли да ја видам? Не знам не можам да се одлучам. Во еден момент ми се допаѓа тоа што разговараме, после ја мразам што се закача со другите во групата. Сакам да ја фатам и да ја изгушкам како малечко дете своето омилено мече. Аааах, оди по ѓаволите Давор! Си вети себеси, нема заљубување овој семестар ами само учење. Сакам да учам, у-ч-а-м, уууууу-чам...
Сакам да ја видам :(
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ако живот пише романе, мојов сигурно го диригира некоја ѓаволска верзија на Аристофан.
Се осеќам ко во траги-комична приказна каде авторот кака по мене константно. Ама онака мераклиски. Без усул.
Ме издига и ме превртува. Влева надеж, па ме праќа по ѓаволите. Секојпат подалеку. Битно да му е интересно.
До кога ли ќе имам сила? Кај ја наоѓам веќе, to begin with?
Знам дека премногу ги премислувам работите уште пред да се случат. Знам дека само јас сум крива за повеќето граници што ги имам и поради кои си скратувам среќа, ама сакам бар еднаш да осетам дека имам контрола врз нешто. И онда животот вика „Лол, не. Чекај малце другарице...“
Траги-комедија... тоа. Комедија чисто пошто е надреално да си волкав баксуз.
Кај се исклучува ова чудо? Иван да ми пребае? А мозокот кај се исклучува? (shake)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Beauty&Beast