Личен дневник

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Денес е еден од оние денови кога ми е смачено од се и сакам да избегам некаде далеку од себе, од своите мисли и чувства, да заборавам на тоа која сум и што сум, да ми помине се и да се избришат сеќавањата на се што е добро и лошо во мојот живот, да бидам празна и да немам чувства кон ништо, кон никого...
Сакам да заспијам толку длабоко што кога ке се разбудам во себе да имам само празнина, да немам повеке љубов, да бидам рамнодушна кон се.
...Да можам без страв да ги исговорам тие зборови што ми тежат и што ми се товар кој не можам повеке да го носам. Да не ми е важно што ке видам во твоите очи, солзи или жар, студенило или ѕвезди... сакам да ми биде сеедно... ама не ми е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Денес е еден од оние денови кои земаат провизија за гревовите кои ги премолчувам, ништо не ми оди од рака и покрај договорената резервација, само гледам во часовникот и си велам ќе пројде, после полноќ е нов ден, дигитален 00:00 или аналоген цагер, ќе замине стариот, ќе се разбудам нов, во добро расположение со шолја горко кафе, мора да е така.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Dojde Dedo Mraz kaj mene i mi donese paketce. Epten se izraduvav , od dete nemam dobieno paketce. Se zamisliv i si vikam deteto vo mene seuste se nasmevnuva i postoi. Go sakam be epten zasto mi ja znae dushata znae da mi ja izraduva.
Mi bese sram sto se potrosil za mene...Ne sum naucena lugjeto da trosat pari za mene...I na site im kazav za moeto paketce...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Денес решив да се подновам и да си купам јакна иако кожава ќе си остане истата. Влегов во еден голем бутик и почнав да разгледувам. Дур го правев тоа слушам една од вработените и се жали на другата како немала 100 денари во џебот, во тој момент само ги погледнав и тие ме погледнаа и сфатија дека ги слушнав. Се приближив до нив, извадив од џебот 100 денари, и реков на таа што се жалеше, земи ги овие пари симболично и стави ги во џеб и не ги вади, префрлај ги и никогаш не ги троши, така секогаш ќе имаш. И објаснив дека мислата има фреквенција и не прави тоа што сме, позитивни и негативни, добри и лоши, тоа што го имаме и тоа што го немаме, се што помислува го привлекува и отелотворува, ако постојано мисли и кажува дека нема, тоа и ќе го привлече, празни џебови, а пострашно празна душа и дека никогаш не е доцна да си ги смени мислите, почнувајќи веднаш и дека за некое време тоа сигурно ќе и вроди со позитивен плод. Заврши муабетот, си одбрав јакна и отидов на каса, таа ме виде и дојде, ми направи попуст од 20 проценти и ми рече јас не ти дадов ништо, а ти дадов, но те сфатив како размислуваш. Има магија во тоа и реков, се насмеав и заминав.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Prashina

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Интересен почеток на 2017. Барем за мене.
Почнав да се дружам со ликови со кои не сум се дружел одамна. Многу одамна. Убаво е да видиш променети ликови, ликови кои почнале да гледаат позитивно на некои работи. Ти ствараат убава насмевка на лицето.
Полека полека сфатив дека е убаво што се оддалечив од некои личности, ама не сум сигурен дали е паметна идејата да се вратам назад. Размислувам и така и така. И не знам кој пат да го фатам.
Ми се допаѓа промената. Ми се допаѓа многу. Многу зрело размислување, за разлика од претходно. Убаво е да испаднеш и да знаеш дека имаш што муабет да си правиш, без филозофирања и без глупости кои не би функционирале во наредните 200 години. Зрел муабет. Ама навистина зрел.
И сега сум во средина на една улица, во два правци: назад и напред. И не знам кој пат да го фатам. Не сакам да бидам во средина, ами сакам да го фатам едниот или другиот пат.
Со лесни чекори, па ќе одлучиме.
And so it goes ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra, Saladin and malo

BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
Денес е еден од оние денови кога пишуваш во оваа тема дека денес е еден од оние е денови ...
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ај да направиме сефте тука, на темата која избегнувам да ја отварам воопшто.

Обично јубилеите се одбележуваат околу некоја позитивна ствар, но постојат и такви како во случајов кои се одвратни. А за некој ден ќе бидат шест години од почетокот на срањето. Шест години...страшно делува вака напишано.
Низ непрекидните болови, неможноста да се набават основни ствари за да си помогне човек самиот себе и патеките на самосожалувањето не се стигнува до никаква смисла. Ако таква се бара ќе се заглави на некое место за кое не сакам да размислувам. Ако пак се бара некоја виша сила како одговор тогаш би се заглавило во католичанство. А за станување католик е предоцна веќе.

Тука е и омразата, која можеби е често несфатена. Морам да признам дека помага иако си има висока цена. Како и секој отров и со неа е тешко да се одреди вистинската доза. Но тука е одамна, не ја кријам од никого ама и не ја рекламирам. Знам само дека во одреден период само таа ме туркаше напред. Еден ден....еден ден можеби ќе ја снема, но до тој ден подобро е да биде тука.

Шест години изгубени во времето и просторот. Уште колку никој не знае. Помеѓу одратните погледи кон минатото и секојдневниот престој во иднината - сегашноста ретко добива шанса. Еден ден...
А кој ден?
Неверојатна е силата на самозалажувањето. Затоа што од прифаќањето на реалноста немало никаква полза, нема ништо.
И затоа реалноста ќе биде перцепирана низ филтерот на илузиите за здравје и слобода. Вчера, денес, утре, секогаш кога реалноста ќе се наметне грозно и брутално за да не остави простор за некоја друга емоција поинтензивна од болката.

Рачунам на илузијата...Јадно.
It`s so daft it may actually work.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Note to myself:
Значи по 19874 пат, аман, олабави се, работите што не се во твоја контрола, нервирала се или не, ќе се случат. Диши и престани да си ставаш се на срце и да си умираш полека во себе дури се трудиш никој да не те дознае дека не си комплетно океј. You can't control everything in your life.
Си поминала низ претешки работи во животот, имаш лузни што никогаш нема да се залечат, на здравје ти удрија и упорно, УПОРНО креваш притисок за глупости. Нека ти текне на цитатот на Ајнштајн, insanity: doing the same thing and expecting different results. Е вака се осеќам кога пак се нервирам за иста глупава работа. Ќе си бараш здравје, тикво една, ама да не биде касно. Тиква.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra, BadBoy007 and malo