Три дена кроев планови како да се самоубијам... Да се фрлам во Вардар, би останала жива. Да се фрлам од тераса, не дај боже би останала пак жива, а неќам да се фрлам од дваесетти кат, страшно е. Да земам каиш да ставам околу врат, кога би вишла болка, ќе престанев да се давам. Сите можности ги разгледав, на крај ми светна сјаличката, си помислив, го имам бројот во именик од мојот психолог, (кој патем и ми стана другарче) чекај ќе го побарам...
Му ѕвонев, ми крена, му реков... „Сакам да се самоубијам“. Толку. Ни здраво, ни право.
Ми рече: „Тоа не е решение, а за секој друг проблем постои, има, само треба да го побараш. Тоа што ќе си мртва, нема да промени ништо, само нема да постоиш, а животот е преубав. Сите убавини ќе ги испуштиш. Зарем сакаш преостанатиот дел од животот, патем кој го има толку многу пред тебе, да го поминеш спиејќи“, ајде да се видиме, да излеземе на кафе и да си помуабетиме.
- Јас убавините на животот и не ги гледам, го прекинав.
...Штом ми се јави, имаш ронка надеж, го гледаш проблемот, го знаеш, сакаш да си помогнеш, не знаеш како. Не сакаш да си го одземеш животот, верувај, така ми рече.
Што е многу точно. Не сакав, откако ги разгледав сите варијанти, вистина не сакав. Сакав на пример, да застане некој пред мене и со пиштол, бам,бам,бам, да ме испука, е така да. Ама кој би го направил тоа. Едино да одам во Сирија, а не сум финансиски стабилна.
Се видов со Психологот, седнав, 6 часа се утепавме од муабет во еден кафич во Чаршија. Порачавме по 2 топло чоколадо, 2 неса и 2 чаја од јаболко со цимет. Испушивме две кутии цигари.
Така, два дена се немам уклучено на нет општо, освен сега, а на мобилниов му ја скршив картата и ја фрлив во Вардар, кога поминував низ кеј, за накај дома. Почнав нов живот, ама колку ќе трае, не знам...
Обично ми трае по месец дена и толку. Почнав да излегувам, да се дружам. Обично мојот одговор кон се беше „НЕ“. Било добро, било лошо. Со НЕ, ги избегавав и лошите пороци, ама и добрите работи ги имам испуштено од рака, додуша.
И така...