Личен дневник

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Koga ke isceznesh , ke zgasnam poleka i tivko.
Znam deka koga togash ke ti treba da bides sam so sebe i jas sum poslednata koja smee da bide do tebe.
No covek na se se naviknuva . Nekogash megju loshoto i dobroto ima malku razlika. Jas procvetav so tebe i ovenav so tebe. Stravot za vremeto bez tebe e posilen od stravot od smrtta. Ama covekot e silen ko kamen samo vremeto i uslovite ke go stolcat vo prashina. Kako treba taka neka bide...
 

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Со каков мерак само си го направив кафево, едвај чекав да се споиме и оп со првата голтка ме изгоре (така е и со луѓето), опцув, а никогаш не пцујам.Дури и солзи ми дојдоа на очи....
Кого лажам?Не ме заболе толку од кафето колку што ме боли душата.Така убаво е како со длето издлабена чиниш резба скапоцена, па низ облиците си се таложат, мисли и чувства, лаги и вистини, тајни и спомени.Си тлеат така во тишината додека да пораснат доволно и да посакаат надвор.Тогаш солзите ќе ги исплачат, ќе ги измијат за чисти да застанат пред светот и да се изборат за своето место под сонцето.На нивно место доаѓаат нови, до кога ли ќе издржи срцево толку промени,толку полнења и празнења, разорувачка енергија, нему непозната.
А ти?Рече ќе направиш хаос во мисливе?
Пустош направи,пустош.....
И сега не сум доволно храбра да направам чекор напред, ниту сум доволно силна да те изгубам.Што да изгубам кога не те ни имав?И пак почнуваат прашањата да се вртат во магичен круг.Што ако...?Зошто...?Зошто не?Но доста е веќе, вака можам до бесконеност, а доцна е,утре треба да работам.
Го испив и кафето,камо да имав уште една голтка.Знам, сега ќе речеш:"Не е ли касно за кафе?",но ми требаше нешто горко и топло да ми ја згрее душава, ми требаше пријател да ме сослуша и го најдов во него.Не да ме згреа ме изгоре но барем молчеше и слушаше, иако го опцув(само овој пат).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Би пишал многу, но некако душата ми е исцрпена од зборови, поими и поенти.
По малку ми е кривно што постепено се оддалечувам од виртуелниов свет, што поради обврски, што поради погорново напишано и најмногу, поради изгубената доверба во човекот како човек. Се` повеќе се свртувам на Хобсовата идеја за волците и луѓето, поготово откако се уверив во живо од луѓето од кои и не очекував до таа мера дека ќе забегаат. Од друга страна секојдневните обврски не ми налагаат да се сконцентрирам подлабоко во суштината на „проблемот“ или пак некој што ќе ми каже - преголемото замарање, така да во последниве 6 месеци сум личност која не тактизира, туку го сече проблемот или го корне од суштина.
Објективноста ја сменив со внатрешна (авто)сугестија, толеранцијата ми е намалена не во смисла на избувливост, туку едноставно во кревање на раце од нештото ако истото нема суштинско значење да постои. Едноставно, кога ќе се навратам сега, немам многу време. Ниту за некакви полемики, ниту за „исправање криви дрини“, а уште повеќе за ликови со кои некогаш порано ми биле некаков центар на внимание, но во одреден сплет на околности веќе не се. И не ми е криво за потрошените неколку години во овој или оној форум. Се` си има свој позитивен исход. До одредена точка, де.
Не ветувам многу за понатаму, да не испадне после едно сум кажал, испаднало различно. Но некако се чувствувам дека ми е потребен одмор.
So says Saladin
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Prashina

GIRL004

Истакнат Член
20 април 2017
22
5
303
26
Bitola
Не практикувам но мислам дека е добро да се има еден таков дневник се разбира да се запишуваат само добрите работи така би правела јас сепак убо е коке има некој спомени шо можат да се прочитат и да се сетиш на убави денови :)
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Се составивме една ноќ, да го создадеме небото ѕвездено. Застанавме на крстопатот да ја одиграме последната претстава на љубовта. Раѓањето на оваа пролет беше и моето раѓање, а твоето откорнато од икона светото. Се помалку зборови има во мене, се поубави во тебе. Бледеат тие мои зборови во стиховите од некоја немоќ. Им го одзеде огнот, да го запалиш твојот, да ги даруваш со спокој. Тој спокој, собран од реките надојдени што жуборат, со молкот во тебе, со молкот во мене, од срцето на земјата што извираат, во очите што зреат. Тој спокој во срцето кое се издлабило нежно во асфалтот и сосем случајно се исполнило со дождот.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Se nauciv da ne cuvstvuvam nisto, so prazna dusha i so zaledena nasmevka izlegov malku na proletnoto sonce. Teloto mi bese posle dolgo vreme odmoreno i naspano. Uzivav vo denot.
I togash se pojavi ti posle mnogu godini kako prividenie. Ti se zazveriv vo lice i izgovoriv-me poznavas li, se sekavas li na mene?
Se nasmea i rece: samo edna znam so toa ime i niedna druga.
Me pregrna na moment pocuvstvuvav kako dopir na dve kristalni cashi , vnimavajki da ne se skrsat. Potoa se skameniv , bucenje u ushi , i vnimavav da ne ti ja izvalkam koshulata od mojot karmin. Ova ne e mozno-povtoruvav .
Neznam ni sto cuvstvuvav no ete povtorno pocuvstvuvav nesto, bilo sto osven ramnodushnost. Haos na cuvstva. I koga mislis deka si vo nirvana doagja nekoj da te poremeti i da ti stavi iljadnici prasalnici vo glava.
Zivot ama mnogu zapletkan.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Нели ти реков ќе ти направам хаос во мислите, нели те прашав, а што ако љубовта трае, а сега стоиш меѓу мене и мене, го губам тлото од себе, од се. И да, кога ќе дојде бурата, а тргната е, ќе те држам силно за рака, ќе ти го обележам срцето со тој последен стисок, да ме препознаеш во еден поинаков свет, да ме запознаеш. Ќе ми одговориш тогаш, сеуште траеме. Еј, ти ни си за овде, ти си за понети.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Верувам во брчките на моето лице фатени од ветерот на времето, но не и на живот после нив. Нема суштина во повторување на нешто дотрајано. Јас сум сега и во иднината минато. Изгорената свеќа никогаш не пламнува.
 

ВинаНевина

Полноправен Член
26 мај 2017
78
68
18
Ох здраво дневнику, мој стар пријателе...
И тука се најдовме.
Се сеќаваш, престанав да ти пишувам тој 15ти Декември, кога ти ги искинав кориците, а тебе те стуткав и те фрлив во последната фиока од бирото. Знам дека си уште таму. Кога ја отворам фиоката ме гледаш викајќи да ја завршам таа последна реченица иако и двајцата го знаеме крајот.
И еве ме тука, после 10 години, ти пишувам од истата причина. Истата болка ме донесе кај тебе, истата празнина што ми го пара срцето.
Си се променил, сега си модерен, можам да пишувам без да ме заболат рацете, можам да те шарам со бои (додуша не знам, дали е дозволено на форумов, не читам правила знаеш)..... Но не можам да ти ги кинам кориците.
Она што можам е да ги полнам твоите страници со мои чувства.
Уште ми е тешко да го изговорам или напишам она што ме мачи, уште не можам да поверувам дека сето ова навистина се случува, но знам дека ти ќе ми помогнеш. Ти ветувам дека нема да го истурам гневот врз тебе повеќе, сега нема како.

Биди ми така...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy and BadBoy007

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Не, не, нема разбирачка со фироманци, Н-Е-М-А.

Колку и да сакаш да си коректен, колку и да сакаш да си почитуван на истиот начин на којшто тебе те учеле да почитуваш, со одредени битија не може едноставно. Најлошо нешто на млад, амбициозен човек, кој има сила и желба да направи нешто со животот, кој се труди, е да го фрлиш тука. Секоја желба за просперирање ќе ти ја загушат, секоја клетка на човечност во тебе ќе ти ја истребат, ќе те направат гомно.
Една од најлошите работи според мене, она за кое сметам дека е премногу ниско и нечовечно, ми доаѓа да го помислам кога ми се дешаваат денови како денешниов. Од секогаш сум мразела простачко, бабинско однесување и сум се трудела да размислувам поинаку, ама денес прв пат душава ми проколна неколку индивидуи кои не заслужуваат луѓе да ги наречеш. И тоа ме нервира, почнувам да се мразам штом така сум си дозволила, ама не можам, посилно е од мене.
Со овој труд и макотрпна работа можам некаде да бидам почитуван човек кој котира високо во општеството, ама не, судбината ли, некоја виша сила ли одлучила тука да ме зачнат и да се родам, кај што имам карактер кој едноставно не се вклопува со овдешни сфаќања и навики на луѓе. Мора Хитлер да сум била во минат живот, не знам друго што да речам.

Душата си ја изедов денес, се тресам цел ден од нервоза, вените на главата ми играат. А после зошто секој ден од срце, дијабет и растроени нерви страдаат луѓево и се клукаат со дијазепами. На 30 ќе цркнам ко што сум тргнала. А не може подобро тука, не може поинаку.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider