Личен дневник

ВинаНевина

Полноправен Член
26 мај 2017
78
68
18
Тешко ми е последниве два дена. Најдобар другар заминува за Америка и не се знае кога ќе се врати. Јас не се враќам тука, ми рече. Со 3 дипломи и 2 магистерски нема работно место за него, ќе си ја бара среќата на друга страна. Далеку од сите што ги знае. Мене срцето ми се кине, се расштркуваме сите по светов, се слушаме во неделата еднаш, а некогаш бевме неразделни, гризевме од истата кришка намачкана со маргарин и ги шпартавме улиците во градов. Бевме неколку парчиња соединети во едно, сега сме едно разделено на повеќе парчиња, секое на различна страна.

Добро утро.
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Како мала не пишував дневник зошто мислев дека некој ќе го најде и ќе прочита се. Исто така се што бара пишување за мене е губење на време. Зошто да пишуваш нешто што се случило, зошто да водиш евиденција за некои датуми кои во иднина нема да имаат никакво значење.
Да искажувам чувства во некој тефтер ?! Со чувства најдобро се манипулира и се тргаат од тебе токсичните луѓе. Совршена манипулативна технка која секогаш се докажувала дека е како што сум ја испланирала.
Се е супер од убаво поубаво, од прекрасно попрекрасно. Ете и липите цутат додека се бакнуваме под нив. (inlove)(star)
 

ВинаНевина

Полноправен Член
26 мај 2017
78
68
18
Не можам да издржам уште едно ЧАО. Чао што не знам колку ќе трае, чао после кое нема „Се гледаме утре“, проклето чао.
Ја мразам годинава. Најбедната што сум ја имала. Година што многу ми зеде, година на загуби, на болка, на солзи. Година на чао, година на збогум, година на „Ќе биде подобро“. Година на стравови, на исчекување, гризење перници пред спиење.
Не бев подготвена за толку удари наеднаш. Животов удира како во боксерски ринг, без милост, а јас не знам ни како да ги ставам боксерските ракавици. Се борат тие околу мене за да ме заштитат, а јас сум застанала на средината од рингот и само ги дочекувам ударите кои не успеале да ги сопрат.
Постои ли пауза во боксерски меч?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

BadBoy007

Активен Член
26 септември 2016
209
166
43
Постои ли пауза во боксерски меч?
Има ама многу кратко траат и веднаш се враќаш во рингот. Ваљда тоа ти се случува. Кратка пауза и нова рунда кај што животот те боксира максимално силно дур не доживееш нокаут и го предадеш мечот. :D

Мене искрено оваа година (2017) ми е баш супер и минимум 100 пати подобра од 2016. Дефинитивно ќе констатирам кога тогаш секој човек го погодува голема бура која обично трае цела година, ама затоа наредната година или наредните повеќе години се супер. Таков е животот. Подеми и падови.

Секоја желба за просперирање ќе ти ја загушат, секоја клетка на човечност во тебе ќе ти ја истребат, ќе те направат гомно.
Таква е Македонија за жал. Тури к*р на ова парче земја од аспект на просперитет, препознавање квалитет и гурање напред на истата особа за да успее. Такво нешто нема да видиш овде. Се знае дека малограѓанштината е во неспоредливо мнозинство. Не го нуди она онаму кај што не се бара. Инаку чекај бе имаме нова влада и Заев ќе го врати животот. :) Меѓутоа останува фактот дека менталитет на луѓето никогаш нема да се смени. Чаре: да бидеш толку квалитетен кадар што само за к*р ќе можат да ти се фатат (нешто налик на мене или Роби Телекабел на пр. :D) или па емиграција во странство.
 
Последна промена:

ВинаНевина

Полноправен Член
26 мај 2017
78
68
18
Добро утро.
Сакам кога ќе ме разбудат сончевите зраци, ама миг потоа ги мразам зашто око не можам да отворам. Ко илјада игли да ми бодат во очите. Сакам денови полни со позитива, сакам да гледам насмеани луѓе на улиците, деца кои лижат сладолед и се среќни зашто целта за денес им била токму таа - да ги убедат родителите да им купат сладолед.
Јуни некогашми беше најубавиот месец од годината, зашто знаев дека наскоро ми завршуваат училишните обврски. Океј, за мене почнуваа други обврски ама тоа не беше важно, училиштето го мразев повеќе.
А денеска многу ме мрзи да се измолкнам од креветов.
Обично викендите ги оставам без обврски, да можам да се видам со друштвото, да прошетам малку, да се опуштам. Ама не и овој викенд, не и оваа сабота. Денеска имам една планина со обврски, досега требаше да ја имам затворено вратата од дома од надворешната страна, а јас уште чекам мајка ми да ми испржи јајца со сирење. :rolleyes:
 

ВинаНевина

Полноправен Член
26 мај 2017
78
68
18
Фали.
Не постои ден да не мислам на него, не постои ден да не сакам да му се јавам и да прснам во плач штом ќе ја подадам раката кон телефонот. Ко сега.
Проклето фали!!
Фали да ми пише дека ќе го нема на неколку дена, па да се врати со купчиња чоколада и пакетчиња шеќер што ги донесол за мене.
Фали да слушаме гласна музика иако и двајцата пеевме како слонови. Фали кога нема каде да одам, зашто тој беше единствениот кој можев да го поднесам во моја близина кога никој друг не можев.
Фали со секое вдишување кое ме потсетува дека го нема веќе.
(brokenheart)
 

Traviesa

Истакнат Член
8 јуни 2016
25
15
113
Не знам како се вплеткав во мрежава. Ќе треба синхронизација и ладна глава за да испливам(е). А јас и ладна глава... :unsure
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Ми се смачи од монотоноста на така наречениот период кога треба да ми е најубаво и да бидам најсреќна. Не, не и не. Тој што кажал дека годините кога си студент се најубавите сигурно се запишал на некој полесен факултет или воопшто не струдирал. Какво дружење ? Дружење само во средно.
Не можам веќе да ја поднесам тортурата на моите дотични поставени да ме шиканираат и да ме казнуваат на секоја мала грешка.
Ми доаѓа да им кажам погрдни зборови, да не се однесуваат како ретардирани од што се затруени и огорчени.
Не знам што да правам и ептен се двоумам. (puke)(star)
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Denes sfativ deka eden zbor moze da donese vechen mir a i nemir ako e od usnite koi ti znacat. Sfativ deka nekoi lugje gi vosprimame vo svojot zivot samo poradi nasata potreba da go vidime najubavoto vo niv. No tie se menuvaat. Taka izmeneti stanuvaat bezcuvstvitelni i strani. Ne e grev toa. No ochite so koi gi gledame se istite kako pred godini a tie ne se isti.
Vo kolku grizata za niv e pogolema od nivnata (shake)griza za vas togash stanuvate samo plen na sopstvenata fantazija. Neka se zdravi i zivi no bez mene vo nivniot zivot.Zasto sekogas se istite vo moite zenici no izmenetite likovi gi rasplakuvaat ochive.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki and Iris*