Личен дневник

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Драго дневниче,

Не знам од кој памет ми текна да се најавам овде. Гледам многу нови фаци, дури сум ги заборавила оние кои сум се дружела. Но убаво е да се навратиш накратко, иако имаше некои несогласувања со некои членови. Anyway...мило ми е што пак ја земав тастатурата да ти пишам. 2017та беше многу исплукана и колнета, но магично заврши. Оваа година чувствувам дека ке биде подобра и од претходните. Што друго да ти кажам? Среќна сум. Лудо вљубена. Жива здрава. Ти пишувам до наредната желба за овде. Кога? Појма немам.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Здраво дневниче, одамна ме нема.
Не знам дали тебе јас ти фалам ама мене од се по нешто ми фали периодов.
Ваков хаос не сум имала до сега, не знам колку слоја болка, тага и осаменост се наталожија во душава и дали ќе успеам барем еден од нив да исчистам. Не дека нема по некој зрак светлина но сепак се само на зрак се сведува, така по некој ситен мал блесок кој ме турка во денот.
Mи фали мир, ми фалат спокојни прошетки, ми фалат прошетки воопшто и тоа чувството на сигурност кое го снемав последиве месеци.
Ми фали убава мисла на изгрејсонце и убав сон во ноќите долги и тешки. Ми фали тон енергија за да ја минам зимава.
Претходната година ми украде толку многу што не знам колку наредни ќе бидат доволни за да се израмниме барем.
Уморна сум, толку многу сум уморна.
А сега доста беше жалење дневниче, се надевам ќе пишам скоро во подобри времиња за мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Prashina

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Кога ќе не удрат по едниот образ, да го свртиме другиот.А кога ќе не удрат и во вториот, треба ли пак да го свртиме првиот? Не? И јас така мислев, ама за животот прашувам. Не треба, ама мора. И продолжуваме вжарени во образите од ударите кои ни ги задава секој проклет ден, одново и одново. Таман ќе помислам ги научив сите одговори...Изненадување!!! Ги менува прашањата. Нови прашања, нови болки, нови искушенија. Сѐ е ново, а ние исти. Исти образи, уште жешки, исти плеќи...ќе ја издржат ли и новата тежина? Не се ли премлади и прекревки за толку удари?
Веќе не ја чувствувам ни нивната сила, со секој нов само ги веднам плеќите надолу кон отворената земја која едвај чека да ме проголта. Само таа ми се радува, а ете мене ме плаши. Ми се радува како што јас сакам да се радувам на животот, а што ако животот се плаши од мене? Ново прашање. И продолжуваме...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Само хоризонтот ме спојува со земјата, сакам да паничам, да не плачам, да направам нешто со овој ампутиран мозок кој ѕвецка парички во скинатиот џеб, секако можно е, мислам и шиткам параноја бесплатно со зборови волшебни, затоа што денес е пола век од нечиј живот, не умрев, се родив повторно, до некаде во овој ден кој не зажали за сонцето кое носеше меки заби, што крвта ми ја искинаа ко последни пари, со кое се купува тоа што не може да се допре ниту со погледот, ниту со прстиве, го задржувам здивот да не пропее позната песна откината од минатото, од тоа што некогаш беше, како вечна казна која се гаси со последната свеќа на годините, прокоцкана некако во последниот календар во кој не се слави нечие име со моето.
 

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Да ми е да знам дали ќе дојде тој ден кога нема да се обвинувам себеси за туѓите постапки, кога нема да ме повредуваат туѓите зборови и кога ќе научам да престанам да бидам толку проклето емотивна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Приказни од животот и во нив подвижни слики за еден хит некогаш кој го поздравувам и многу ми е тешко кога ги гледам старите луѓе како емотивно го доживуваат минатото, не дека ние ќе бидеме поразлични, нели секогаш е она во наше време некако поубаво од ова, сфаќам дека вредноста на животот не е преодредена да постои во иднината и во неа останува само тагата за нешто што забот на времето го изглодало одамна.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Iris*

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Господ не ти дава повеќе товар отколку што можеш да издржиш и носиш на плешките.....голема вистина во една реченица. Многу нешта се случија последнава година дена, имаше и паѓања и станувања за конечно да пуштам цврсти чекори. И горда сум на себе и својата храброст, и пак ќе кажам фала му на тој горе што помина се како што треба и што ми даде сила која не знаев дека ја имам за да го оставам сето лошо позади мене, да не се повтори. Благодарна сум и среќна дневниче, после долго време мир, мир во душава и мирни ноќи. Спокој.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Prashina

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Цигара за цигара,
како да ќе изгори и ноќта со нив,
и уште едно кафе,
којзнае кое по ред,
како да ќе испијам макар и капка од твојата горчина.
Ладни ноќи и ладно кафе и можат да се поднесат, она што не се поднесува се ладен поглед и ладни зборови.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Се изнамачив со сарделите ова лето, можеби беше и до времето, ми текна земав еден бежичен звучник и им го паркирав до корењата, ги шинав со шопен, не знам дали случајно или од мака процветаа, секако убави се сега,
ако почнат пак да зезаат, не им бега песнава на рипит, па да ги видам после:unsure
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*