Како да изберете име за вашето дете?

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,214
2,301
1,153
Skopje
www.facebook.com
Ја би ги крстила по бабите и дедовците (родителите (моите - неговите)). Не баш истото име но бар на буквата да почнува или нешто слично или па и истото да биде сеедно. Мада желба ми е ако можам да имам деца и ако имам машко дете да ми се вика Тоше. Кратко едноставно и убаво име.
 
  • Like
Реакции: Stance

The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
119
Дарио, Давор, Тони, Марко...
Маја, Ива, Кристина....

И дефинитивно нема да ги крстам децата по моите или по родителите на жена ми.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,738
5,271
1,183
Disco
Рамадан, Љуљзим или Фридрих ако е машко.
Сабиха, Ајше или Џесика ако е женско.
Рамон ако е нешто измеѓу...
 
  • Like
Реакции: MoonFairy

Хоуп*

Proton
Член на администрација
4 април 2013
2,414
4,232
753
Мислам дека во секој случај мора името да оди со презимето, зошто сигурно не сакам моето дете да се вика како еден познајник - Едвард Трајкоски....
Па нели звучи смешно???
-Да си ги спасиме децата од иднината која ги очекува во средината каде живеат!
Да се спасиме ние од влијанието на туѓото мислење!

Иначе најмал проблем за име, нека се вика и Ферди само да е здраво и живо.
 
МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
27
домче
А ФЕРДИ НЕ Е УБАВО ИМЕ?? :mad::mstickle

Како ми се доближува времето, се помалку имиња ми се допаѓаат...

Се изнаслушав од Лука, Матеј, Максим... ПРЕФОРСИРАНОСТ!
Девојчиња ги крштеваат како ќе му текни Дејана, Фиона, Евросима, Евросина, Евроника, Евродика... Арно Еврогол што не ги крштеваат по кладилницата....

Сакам обично, македонско, несекојдневно име за машкото... за девојчето ќе водам борби да биде Барбара.... баш ми е во стил Превер некако...хахах
 
Aristokrat

Староседелец
27 февруари 2012
2,655
3,335

Кај сретна Евросима и Евродика?
 
  • Like
Реакции: МалиСашко

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
27
домче
Кај сакаш и колку сакаш. Едноставно луѓево палат на тоа името да го нема често, но сите наидуваат на истата грешка: го нема само во минатото, а „пука“ во истата генерација...

Сепак, ЛУКА и МАТЕЈ водат во последно време...

Барбара ми е непрежалено име, но сепак свесно знам дека треба името да биде друго, Барбара не е ниту македонско ниту православно...
 
Aristokrat

Староседелец
27 февруари 2012
2,655
3,335
1,153
Кај сакаш и колку сакаш. Едноставно луѓево палат на тоа името да го нема често, но сите наидуваат на истата грешка: го нема само во минатото, а „пука“ во истата генерација...

Сепак, ЛУКА и МАТЕЈ водат во последно време...

Барбара ми е непрежалено име, но сепак свесно знам дека треба името да биде друго, Барбара не е ниту македонско ниту православно...
Лука,Матеј и Максим се сложувам ама другиве имиња искрено не сум сретнал дете со такво име иако ги пишува и нив во календарчето црковно.
Мене па не ми пречат разноликост на имиња,порано имаше се исти,Горан,Зоран,Дарко,Марко,Аце и женски Елена,Марија,Весна...
Јас ќерка ако би имал некогаш би сакал да се вика Бисера.
 
  • Like
Реакции: Prashina

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,277
1,898
1,133
Кај сакаш и колку сакаш. Едноставно луѓево палат на тоа името да го нема често, но сите наидуваат на истата грешка: го нема само во минатото, а „пука“ во истата генерација...

Сепак, ЛУКА и МАТЕЈ водат во последно време...

Барбара ми е непрежалено име, но сепак свесно знам дека треба името да биде друго, Барбара не е ниту македонско ниту православно...
А што има врска ако името не е ни македонско ни православно??
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,738
5,271
1,183
Disco
А што има врска ако името не е ни македонско ни православно??
Многу малку има македонски имиња, оние кои се перцепираат како такви најчесто се еврејски или грчки виа д бајбл. Александар, омиленото патријоцко име е - грчко. Како и омиленото пиво на рајата - скопското :D
Македонски имиња се Трпе, Зрзе, Гоце и слични. Можеби и Трајче, но не и Трајан (римско).
Повеќе може да се зборува за традиционални имиња, но рајата традицијата ја меша со поседување на тие имиња. Трајан е македонско колку и Џесика но второво не е традиционално...освен во Гери Индијана и Виндзор Онтаријо, кај дијаспората.