Како да изберете име за вашето дете?

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
images

Не заборавајте дека името кое ќе го изберете за вашето дете ќе му остане за цел живот. Постојат многу истражувања кои откриваат врска помеѓу името и карактерот на луѓето.

За изборот не постојат строги правила, но сепак би требало да се придржувате до оние што следат во продолжение, со помош на кои ќе ги избегнете непријатните ситуации за вашето дете во иднина.

-За да ги избегнете потешкотиите при изговор на името и презимето, внимавајте последната буква од името да не биде иста со првата буква од презимето.

-Името треба да одговара со презимето, па затоа водете сметка нивната комбинација да звучи добро и мелодично. Правило е дека со долго презиме оди кратко име и обратно.

-Не дозволувајте вашето дете поради името и презимето да биде предмет на исмејување во одделението. Внимавајте името и презимето да не формираат смешни асоцијации. Иако можеби вам ќе ви звучи симпатично, не заборавајте дека децата најчесто имаат сурова смисла за хумор.

- Не се согласувајте на компромиси со пријателите и семејството. Иако можеби вашата мајка или татко сакаат нивното внуче да се крсти по нив, бидете свесни дека детето е ваше, а тоа ви дава право на ваш избор и избор на вашиот партнер, ничиј друг.

-Ако сте неодлучни, составете листа со имиња па секој ден елиминирајте по едно додека не дојдете до она вистинското, кое ќе ви се допаѓа на вас и на вашиот партнер.

-Бидете исклучително внимателни со уникатните, оригиналните и странските имиња и осигурајте се дека вашето дете нема да се срами од вашиот избор во текот на целиот негов живот!
 

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
382
516
393
ке дадам предлог 3-4 имиња кои што мене и на сопругот секако најмногу ке ни се допагаат и потоа кумот ке одбере едно од нив:D..Сега пак не е за џабе КУМ :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: - Dee Dee - and Hip.Hop_MKD

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Јас никогаш не ви дал име според некој во фамилијата, кој знае како ќе бидат односите утре меѓу мене и таа личност. :eek
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: - Dee Dee - and Scars31

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
382
516
393
Јас никогаш не ви дал име според некој во фамилијата, кој знае како ќе бидат односите утре меѓу мене и таа личност. :eek
Сигрно нема со мајка и толку да се испокараш па ти,всушност неможе да му го дадеш името на чичкоти на детето твое:) ако е некое солидно .....зошто да не...?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: - Dee Dee -

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Сигрно нема со мајка и толку да се испокараш па ти,всушност неможе да му го дадеш името на чичкоти на детето твое:) ако е некое солидно .....зошто да не...?
Никогаш не се знае, што носи животот.. Затоа ќе бирам некое според кое немам никој во фамилијата. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: - Dee Dee - and mAcIkA

Alex M.

Староседелец
17 февруари 2012
330
523
693
London,UK
Ана за женско име,а Лука најубавото машко име. Да се надоврзам на темава да многу е важно името на детето а нз каде читав дека има важна улога на професионален план :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and - Dee Dee -

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Па сигурно дека нема да му ставам кучешко име, чија смисла не ја разбирам. Демек модернистички би требало индивидуалност да означува кај детето, а уствари секое второ се вика така : Миа, Леа, Ина, Уна...аман бре :unsure

Миа, Миа куц куц...баш на тоа ме потсетуваат.

Сигурно дека нема да биде од ризницата на нашиот ни фолклор, у стилу Трајанка, Митра, Павле, Велчо...

И досадните: Лука, Матеј, Дамјан, Давид...Толку ги исфорсираа, што веќе кога ќе видиш у парк дете мало, однапред знаеш како се вика.

Не сум седнала да размислувам за име на моето дете, ако воопшто го имам, ама во предвид, од оваа гледна точка идат Константин и Мареа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: - Dee Dee - and mAcIkA

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
382
516
393
Деспина ке ми се вика ако е женско,Давид ако е машко,ако се женски близначки Марта и Мартина,ако се машки близнаци ке бидат Марко и Мартин а ако се машко и женско близнаци Викторија и Владимир.....:D