Знам дека е скоро невозможно , но дури и јас некогаш можно е да имам проблеми. Да да, дури и јас имам лоши денови. Но не ми е јасно зошто сум неподнослива и неможеш да ме утешиш и сфатиш во овие мои ретки ретки денови, а јас тебе можам секојдневно да те советувам и тешам за твоите проблеми.
Колку што знам, јас робот не сум , имам чувства, имам грижи, имам тежини кои успевам да ги скријам и да ги притиснам за да не бидам пред тебе тажна, депресивна и меланхолична. Напротив, јас ќе се смеам цело време само за да ти помине убаво времето со мене. Но ете некогаш и јас дури неможам да сокријам , тешко ми е а ти не ме разбираш.
Фала што толку ретко ме прашуваш како сум, и навистина фала што сум неподнослива кога одговорот на тоа прашање ми е :
-Денеска се чувствувам лошо...