Искушение за прељуба

Мила

Активен Член
1 март 2012
121
99
28
На плажа!!!
Искушение за прељуба(shake)
Се изначитав глупави коментари, повеќе речи фалбаџиски дека некој поминал 10+ девојки па ги менува како чорапи итн..
Сексот бил подобар со оној(онаа) што ќе изневериш, не се задоволувале жените..глупости..

Има ли нешто подобро од добра и стабилна врска, во која едниот живее за другиот? Јас бе живеам за него, живеам поради него, животов ми има смисла поради него. Има ли нешто подобро да имаш партнер со кого ќе се согласуваш и за најмала ситница, човек кој знае кога ти е до секс, кога ти е до галење, кога не ти е до ништо па само ќе те гушне и ќе си заспиете? Има ли нешто подобро од тоа да бидеш на седмо небо после екстра оргазам затоа што само тој може да те задоволи најдобро, ти ги знае реакциите на телото, дури и изразот на лицето и воздишките? Има ли нешто подобро од испробување на нови пози, глупирање во кревет, предигра со саати, поглед во кој потонуваш и се губиш некаде па се престанува да ти е важно и се концентрираш само на моментот?
За мене нема ништо подобро од тоа. А тоа никогаш не би го имала со некој со кого само би го изневерила партнерот, затоа што тоа не се создава преку ноќ туку после долго време.
Да изневерам, немам корист. Знам дека после ќе плачам и ден и ноќ и ќе го молам да ми прости, да ме прифати назад. И да ме прифати, никогаш нема да ме гледа со исти очи. А тоа не би го издржала..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Redhead, ecce and Zoja

Varosanec

Староседелец
27 мај 2012
67
24
1,008
38
На клупата крши дујкан
Јас моментално сум во искушение, само се двоумам од една страна сакам од друга не сакам да и го направам тоа на женскава. Имав една кратка авантура во оваа врска и интересно беше ама и опасно, многу малку фалеше да ме провалат двете и да се разоткрија се. Сепак мислам дека за брзо це биди нешто со прељубата :gjavol
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Јас моментално сум во искушение, само се двоумам од една страна сакам од друга не сакам да и го направам тоа на женскава. Имав една кратка авантура во оваа врска и интересно беше ама и опасно, многу малку фалеше да ме провалат двете и да се разоткрија се. Сепак мислам дека за брзо це биди нешто со прељубата :gjavol

Господ ќе те казнит не врши прељуба :pusi
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
во сериозна врска, никако, зошто да го направам тоа, за да повредам некого, а ако веќе дојде до таква помисла, тоа значи дека нешто не чини во таа врска, што значи дека или ќе го решам проблемот или пак ќе раскинам :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
123
Тоа не е важно. Има ли полошо од тоа сам на себе да не си простуваш??? Многу лошо чувство. И после толку време не заборавив да се лутам на себе секој ден. Оваа болка моја за некого апсурдна затоа што тоа го прави секој ден без да му трепне око, ја споделив само тука со вас. Сега ја затворам повторно.
Ако читам меѓу редови јас би рекол дека кутриот не знае ништо за твоето неверство.
Страшна работа, од тоа што сум видел ја, тетовчанки се стварно многу неверни. :)
Мислам дека едниствен начин да си простиш на себеси е да му кажеш и да му дадеш до знаење колку се каеш и да добиеш прошка од него. Буквално да се исповедаш. Но никогаш нема да го направиш тоа, сигурен сум. Преголем е ризикот да те остави.

За мене единствениот точен одговор на прашањето зошто не би изневерил некој е затоа што е неморално. Ја читав Мила и уште некој друг, можеби Nicole беше, што кажуваа дека не би го правиле тоа затоа што им е толку убаво со дечковците и не би ризикувале да ги изгубат. Фактички кажуваат дека не би го направиле тоа затоа што е неекономичен избор - имаат нешто што ги задоволува во моментот па нема потреба од неверстов или имаат нешто што вреди и не сакаат да го ризикуваат. За мене тоа е како темпирана бомба. Врските поминуваат низ свои подеми и падови. Не е секогаш мед и млеко. Фактички при некоја поголема караница и криза дечковците ваши треба да очекуваат вие да најдете некој што ќе ве прави посреќни од вашиот дечко во моментот. И така се случуваат неверствата, не се случуваат кога сте најсреќни со дечкото.

Се додека неверството не се исклучи како опција затоа што е неморален чин, а не затоа што е премногу ризично или неисплатливо, секогаш постои шанса за неверство, зашто работите што јас ги сметам за неморални, јас не ги правам. Не е битно што може да се добие, а што да се исгуби, не е битно дали има или нема шанси да ме фатат. Јас пак не би крадел, не би убивал итн., без оглед на се.

Единствено кога ќе најдам девојка што точно ќе одговори на прашањето зошто не би ме изневерила, би верувал дека нема да бидам изневерен, иако ни тогаш нема 100% сигурност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: crvenkapa and Lena

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Ако читам меѓу редови јас би рекол дека кутриот не знае ништо за твоето неверство.
Страшна работа, од тоа што сум видел ја, тетовчанки се стварно многу неверни. :)
Мислам дека едниствен начин да си простиш на себеси е да му кажеш и да ми дадеш до знаење колку се каеш и да добиеш прошка од него. Буквано да се исповедаш. Но никогаш нема да го направиш тоа, сигурен сум. Преголем е ризикот да те остави.

За мене единствениот точен одговор на прашањето зошто не би изневерил некој е затоа што е неморално. Ја читав Мила и уште некој друг, можеби Nicole беше, што кажуваа дека не би го правиле тоа затоа што им е толку убаво со дечковците и не би ризикувале да ги изгубат. Фактички кажуваат дека не би го направиле тоа затоа што е економичен избор - имаат нешто што ги задоволува во моментот па нема потреба од неверстов или имаат нешто што вреди и не сакаат да го ризикуваат. За мене тоа е како темпирана бомба. Врските поминуваат низ свои подеми и падови. Не е секогаш мед и млеко. Фактички при некоја поголема караница и криза дечковците ваши треба да очекуваат вие да најдете некој што ќе ве прави посреќни од вашиот дечко во моментот. И така се случуваат неверствата, не се случуваат кога сте најсреќни со дечкото.

Се додека неверството не се исклучи како опција затоа што е неморален чин, а не затоа што е премногу ризично или неисплатливо, секогаш постои шанса за неверство, зашто работите што јас ги сметам за неморални, јас не ги правам. Не е битно што може да се добие, а што да се исгуби, не е битно дали има или нема шанси да ме фатат. Јас пак не би крадел, не би убивал итн., без оглед на се.

Единствено кога ќе најдам девојка што точно ќе одговори на прашањето зошто не би ме изневерила, би верувал дека нема да бидам изневерен.

Фала на советот, така и направив. Тежок период беше, но сега се се среди. Вистината секогаш е подобриот избор.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
си имате стабилна и сериозна врска, но наеднаш во вашиот живот се појави некоја особа која ќе успее да ве заведи ќе го прифатите ли предизвикот ???
ќе прифатите ли врска со таја особа и покрај тоа што го знаете фактот дека сте во стабилна врска :kafe
Сте се довеле ли некогаш во таква ситуација ??
Ако ме заведи некоја друга личност значи онаа со која сум во врска(во мојот случај брак) не успеала да ме насочи кон неа потполно и дала простор за да влезе друга.
Ќе прифатам врска со таа особа, но не и покрај фактот дека сум во стабилна врска/брак. Ќе раскинам/ќе се разведам, и потоа бродот на мојот живот ќе го насочам кај што ми душа сака.
Не, не сум се довел до таква ситуација, ако сум се довел ќе бев разведен.

п.с. Мразам да бидам со две, затоа што така стојам на искушение од две да останам без ниту една... Што си е сигурно, сигурно си е.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Фала на советот, така и направив. Тежок период беше, но сега се се среди. Вистината секогаш е подобриот избор.
Мислам дека е храбро од тебе да го признаеш сето ова,
и да бидеш толку искрена.
Секој кој е во долга врска може да дојде до такво искушение како што наведе The High Commander
Моменталната среќа не трае секогаш.
Работите во една врска се менуваат и се зависни од околностите.
И не треба предвремено да се суди некој кој направил прељуба, зашто и самите тие кои судат и моментално мислат дека нема да го направат тоа никогаш,
баш тие ќе дојдат во искушение за прељуба некогаш подоцна во животот.
Никогаш не велете никогаш
зашто животот нуди прекрасни изненадувања и искушенија, се е отворено и ништо не се знае;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri

crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593
1,093
Мое мислење е дека искушенијата не се појавуваат случајно, дека сите спонтано или намерно сме се нашле во таква ситуација, оти однапред ја знаеме или претчуствуваме намерата на другата личност, и секако свесни сме за нашата намера и чувства. И нема да речам дека не сум се нашла во "искушение" и дека не сум го искористила, но сето тоа беше свесно..и не ја оправдувам својата реакција, затоа што после години кога ми станаа јасни многу работи, не би го повторила тоа
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Photographer