Во самата природа на човекот е да е цел живот под искушение. Не само за прељуба, за се.
И нема човек кој не бил во искушение.
Да речеме имаш партнер со кој ти е убаво, но се појавува некој што повеќе ти импонира. Физички, карактерно, по интелегенција, по било што и тебе автоматски ти проработува мозкот со што би било ако би било.
Е сега некои луѓе ќе паднат под тоа искушение. Некои од нив ќе научат дека тоа не е во ред, некои нема. Некои нема да паднат под тоа искушение и ќе се гордеат цел живот со тоа. Некои ќе се каат цел живот за пропуштената шанса.
Се дури е мало искушение, она што се вели бајрам со умот е во ред. Но ако веќе чувствуваш дека тоа те опседнува, нон стоп мислиш на тој другиот, цело време ти е во мисли, кога си со партнерот тој ти шета по памет тогаш треба да се дистанцираш, да вдишеш длабоко... А по долго размислување да си одлучиш што сакаш во животот.
Луѓе сме, секој ден се бориме со искушенија. Ама се што лета не се јаде.