Искушение за прељуба

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Искушенијата постојат да, и тоа на секој чекор...ама реално и самите ние си ги правиме искушенијата...и тогаш доаѓа период на преиспитување од типот “што ако...?“...
Сум се нашла во многу такви искушенија некои минливи некои посериозни, ама ставот што го имам кон неверството и принципите кои сум си ги зацртала во главава досега ме задржале да не направам глупост...
Лесно е да подлегнеш на искушенијата, тешко е да се избориш со нив..
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата

Се додека се доаѓа(зборувам општо)во таква ситуација,
тоа е знак дека нешто во врската не е во ред,
дека нешто фали, дека тој кој е во искушение не е задоволен од својот партнер.
Иначе не би се дозволило да се дојде до таква ситуација,
не би се ни размислувало на тоа дека е тоа искушение.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: crvenkapa and slb_bobo

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Се додека доаѓаш или некој друг не е битно кој (зборувам општо)во таква ситуација,
тоа е знак дека нешто во врската не е во ред.
Иначе не би дозволила да дојдеш во таква ситуација,
не би ни размислувала на тоа дека е тоа искушение.
Мислам дека не е баш се така едноставно во една врска...
Со оглед на тоа дека имам поголем стаж во врската, ќе кажам дека сум паднала во искушение кога ми било нај нај во врската и кога не бараш ништо друго, не очекуваш ништо и тогаш ќе те акне по глава и ќе те збуни...а дали ќе дозволиш тоа искушение да земе замав и да се продлабочи тоа е прашање на избор...
А инаку не би се сложила баш дека нешто не е во ред во врската ако ти паднеш во искушение...
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Мислам дека не е баш се така едноставно во една врска...
Со оглед на тоа дека имам поголем стаж во врската, ќе кажам дека сум паднала во искушение кога ми било нај нај во врската и кога не бараш ништо друго, не очекуваш ништо и тогаш ќе те акне по глава и ќе те збуни...а дали ќе дозволиш тоа искушение да земе замав и да се продлабочи тоа е прашање на избор...
А инаку не би се сложила баш дека нешто не е во ред во врската ако ти паднеш во искушение...
Но зошто би реагирала на тоа искушение ако си задоволна од врската??
Воопшто не би го поставила прашањето "ако".
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo and Photographer

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Но зошто би реагирала на тоа искушение ако си задоволна од врската??
Воопшто не би го поставила прашањето "ако".
Не само што сум задоволна од врската, задоволна сум и од бракот во кој што сум сега...да не бев задоволна од врската немаше да заврши со брак нели?
Премногу е наивно да мислиш дека ако се’ ти е толку супер во врската или бракот дека никогаш ама баш никогаш нема да се запрашаш..што ако? и јас така наивно мислев пред 6-7 години, се’ додека не се најдов во такви ситуации, ама сега мислам поинаку ...секој нормален ќе се запраша...а дали ќе реагира на искушението, пак ќе кажам дека тоа е прашање на избор...
А премногу е лицемерно да се лажеме дека нечие ново внимание, пристап или кокетирање не ни’ годи...ни’ годи, на сите ни’ годи...ама тоа не значи дека мене бракот не ми како што треба или дека не го сакам, или дека не сум задоволна...
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Наивна не сум,
само реална со широки отворени очи кон случувањата кои не очекуваат и се случуваат во животот.
Се што се случува си има своја причина,
зошто се случува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Искушенијата се само тестови за издржливоста, сигурноста, довербата, цврстината на карактерот и посветеноста. Речиси и да не подлегнувам на искушенија. Шо знам, евтино ми е да подлегнувам на нешто кое знам дека ќе ми донесе несигурност и потреба да лажам и да прикривам лаги, а се` што се гради и одржува со лаги е шупливо и нестабилно.
 
Keepitreal

Полноправен Член
3 мај 2013
78
38
18
Не да се правам маж али елегантно би ја откачил која и да е. Јас ќе се осеќам гнасен ако направам нешто. Па така доволна ми е миличката :D